Со дм пред некој ден на инста гледавме видео од поле со сончогледи и искоментирав леле колку се убави, многу ги сакам. Вечерва ми кажува целиот возбуден дека денеска конечно нашол убав подарок за годишнина со камилица ко шо барал деновиве, едвај чекал да се видиме и да ми го даде, да видел и како ќе ми стоело, дека многу сум сакала камилица сум му кажала, па баш таков накит барал или што ќе најде со привезок камилица на него. Се чудам кога сум му кажала дека сакам камилица ама викам добро, што и да е од тебе секако мене ќе ми се свиѓа, не требало да се мачиш толку. Ми кажува абе нели видео гледавме во кафичот кога бевме тогаш, ти текнува, тогаш рече сакаш многу камилици. Викам сончогледи беа , не камилица ама нема врска, секако ќе ми се свиѓа. Уште не можам да прекинам да се смеам, па и на продавачките им викал барам нешто со камилици, женска ми камилици многу сака. А, сум се чудела дома кога мама ќе му кажала да купи нешто на тато, тој купил нешто друго, но слично и уште се убедува не бе тоа ми кажа сигурен сум јас. Маживе се значи врв, уште па сигурен тоа било ми вика, сто посто ти ми кажа.
Има луѓе кои едноставно сами се осудиле на пропаст, секој совет го сфаќаат како навреда, секој збор како причина за кавга и докажување... Тие се' знаат, за се' се во право, нивните маки се единствени. Ако се обидеш да споделиш проблем со нив, секогаш ќе испадне дека на тебе ти е полесно. Ако се обидеш да споделиш радост со нив, таа ќе го изгуби сјајот.... Многу е тешко кога таква е личноста која треба да ти биде најблиска и потпора во животот.
Само кога имаш корист од мене тогаш пишуваш, или да се пофалиш нешто ако треба . Еднаш не ми пиша да ме прашаш како сум, што правам и како сум поминала некаде, нормално, не те интересира, само за себе си гледаш, јас сум глупава што те тинтрам и губам време обидувајќи се да ти помогнам за нешто.
Истурив кафе на книгата и бирото и се нервирам по дома ама сум несмасна , а мама ми вика "де, што си себична, подели го кафето, на толку учење ти се пие кафе од умор, исто и на книгата и се припило, со денови ја тормозиш читајќи ја". Една е мајка.
Кога ќе осетам дека сум под стрес, а во испитна сум под стрес 5 недели ко ништо, одма си порачувам некоја убава храна за да се расположам и после плачам дека сум се здебелувала секоја испитна. Тоа е тој магичен круг на самопропаѓање. Уште и за неделава чизкејк и вафла си планиравме за после испити да сме се частеле, супер, диета следното лето.
Мразам кога некој ме притиска да си одам од државава. Јас сум за Македонија врзана патолошки, како со папочна врвца. Секое изглегување од неа ми е трауматично како бебе што ја напушта својата мајка. Смешно и глупаво знам, ама тоа е реалноста. Многу те сакам Македонијо. Со сите твои природни убавини. Раскошни Планини и долини. За тебе навивам. Во тебе се родив. Во тебе го допрев првиот снег. Во тебе ја изгубив првата невиност. И во твојата земја сакам да имам вечен дом. Ти си ми мајка и секогаш ќе останеш. Најболна точка ми е државава. Неа повреди ја - исто како мене да си ме убил. До ден денес не преболев што сме Северна. Некогаш и плачам ради тоа, еве како сега. Те сакам земјо моја. Спојлер Во пмс сум плус, бидете нежни ако ме ругате.
Темата "големина на плодот" ми се прочита како големина на полот. И си помислив на онаков пол. Гаси интернет.
Дебела сенка и жубор на река лабаво со ладно пивце исто така забрането било да се чита книга за тарот
Конечно извадив картичка за онлајн шопинг, со месеци се убедував да идам до банка, сега време е за трошење пари на работи шо ќе фаќаат дома прашина и можда никад нема ни да затребаат од aliexpress
Можам цела листа на ресторани да ви доставам со арогантен персонал. Се враќам од шопинг вчера и седнав да пијам кафе, убаво нагласив дека сакам маса за кафе. Дојде келнерката и кажав сакам кафе само, почна да набројува какви кафиња имаат, реков ладно капучино. Ми го донесе без послужавник. Само ми го стави на маса, не ми рече “пријатно кафе”,ништо бе ништо. И уште 100 пати ми помина да ме праша дали само кафе ќе пијам и кога виде дека не добива друга нарачка од мене прати друга девојка. Ароганција, невоспитаност. Нула, значи сакам кафе и сакам раат да уживам,ако сакам да нарачам уште нешто плус едноставно ќе ја викнам. Платив и си заминав, таму повеќе ни цент не би потрошила. Денес на друго место, нагласив дека сакам ладно кафе. Ме гледаат бледо не знаат што е ладно кафе. What the fuck? Ми донесе нешто налик кафе, гаден вкус. Ни К од кафе. Го вратив кажав дека ова не го пијам одвратно е, ова не е кафе. Бљак!!! Многу беа навредени, тргна дури и да се кара келнерката,може и ќе ми го истуреше во фаца. Дојде главниот келнер и убаво му објаснив што е кафе,што јас очекувам за мои пари да добијам, не е ова кванташки пазар па да се натегаме. Очекувам професионална услуга, однос. Јас те плаќам за тоа, од мене зимаш плата. Што не е јасно? Мизерија место. Нула!!!
Прекрасно извезени зборови преточени на лист хартија. Нем сведок на љубовта кон родителите напишани од драга личност. Ги прочитав и се сетив на вас, на непроспаните ноќи со тебе мамо и на советите од тебе тато,на грижата, пожртвуваноста, љубовта која ми ја пруживте и сеуште продолжувате понатаму... Далечината како мост не дели, но истовремено и зближува учејќи ме да ве ценам, сакам, почитувам. Далеку сте од мене, меѓутоа блиску до срцево... Ве љубам! ❤️
До сега правев по мое. Не ви одгавараше. Сега ќе правам по ваше. Уште повеќе нема да ви одговара. Ама сами сте криви.
На живеев покрај море можи ќе го сакав летото. Ама вака? Не можам да спијам, седам се потам, глава ме боли од топлотен бран, не можам од жештини да се сконцентирам зашеметена сум. Кога ми е пеколно жешко и нервозна сум оти не знам шо да направам. Денеска издржав да не пуштам клима, колку арно од неа толку и бетар. Како ќе преживеам до септември... Блазеси му на тој шо можи нормално да функционира на пекол и не му смета.
Денов колку ми е тежок и нервозен, а не знам зошто. Не е ПМС, тоа ми беше изговор за нервозното однесување. Знам дека да почнам да пишувам ќе речат дека не може сите други да се виновни, а јас да сум во право. Ама се колнам дека стварно ме предизвикуваат со нивните однесувања. А јас после седам, анализирам, се каам, правам потези за да не се навредени другите. А за мене го прави некој тоа? Мене, што не ми се јавиле кога ми било најтешко? Мене, што не ме прашале како ми е детето во болница? Мене, што ми рекле дека треба да не се жалам оти сум била трудна барем, а јас во тој период бев во таква ситуација ( не дај боже) да го изгубам бебето?! Мене, што кога им се сака ми прават муабет, во спротивно добивам ладен поглед и уште поладно "Да" и "Не". Мене, што индиректно, од околу лично ми кажаа дека ми завидуваат и дека не сакаат многу дружба со мене заради тоа што јас имам нешто, а личноста нема?! Или мене, што можат да ми кажат се, а јас кога ќе кажам се лутат??! Мене, што ми го погазуваат мојот збор и мојот авторитет врз децата?! Мене, што веројатно ме сметаат за глупа па можат да си тераат по свое, иако тоа директно ми влијае на мене и моето семејство?! Или мене, што не ми даваат никаква заслуга? Мене, што ме прават виновна за се, дури и тогаш кога не сум?! Кога ја извртуваат реалноста и вистината?! Епа не можам вака. Не можам да се спасам од овој круг, ова тркало во кои се вртам долго време. Не сум виновна само јас за оваа омраза, бес и нервозни испади. Не можам цел живот да трпам туѓи с@ања и пак јас да сум виновна. Да, виновна сум затоа што избувнувам. Да, виновна сум затоа што се споредувам со други. Да, виновна сум затоа што се изгубив себеси, што дозволив да ставам се на stand by.... Да, виновна сум што им молчам на сите. Плашејќи се да не ги навредам луѓето, молчам и после излегува дека јас сум лицемерна и лоша. После јас си ја рушам и таа малку самодоверба што ја имам и јас се полнам со бес и јас полека, полека станувам огорчена, лоша, нервозна мајка, сопруга, снаа, другарка..... И на крај ќе дојде ден кога ќе ме остават сите, со изговор дека не можат да ја трпат мојата огорченост. А се почна со моето молчење......
Никогаш ама баш никогаш немојте да си го продадете своето тело и достоинство за валкани пари во светот. Не вреди! И секогаш внимавајте со кого пишувате по социјални мрежи,кого додавате. Може да изгледа некој нормално на слика,а всушност да е психопат.
Ми искочија на инста купаќи. Ги гледам минутка ипол, ми текна дека од дома нема да мрднам а не па купаќи да облечам. Изгасив и инста и све.