Ако се борите против секс ед само пол/ род, таму нека ви е. Ама тешко ми е да повервам дека некој родител вистински се грижи за детето ако не се грижи за сите аспекти на неговото здравје. А, то вклучва сексуално здравје и ментално здравје. Сепак, шо ќе кажат комшиите. Сфаќам.
“Приказната за Алекс ала Ели била радикална,напумпана, нереална.” “Кој им дава право да одлучуваат што ќе бидат кога ќе пораснат, Бог одлучил уште додека биле фетус во утроба” “ Абе само ќотек е спасот” “И какви права сакаат, да ни ги изопачат децата” “Родителите потфрлиле во воспитувањето, мајката починала,таткото некој психолошки случај”…ова се дел од коментарите на фб на објавата за Алекс кој ја раскажа својата животна приказна како бисексуалец. Сите се потресоа од самиот збор “бисексуалец” или “дел од парада” и сите со осуди и предрасуди, дури и за починатата жена а го изоставија делот дека ДВА ПАТИ БИЛ СИЛУВАН!!! ДВА ПАТИ!!! Првиот пат како дете,а вториот како малку постар од некој дедо. Овој наш народ дефинитивно е заспан,спие. Со затворени очи судат за неговата сексуална ориентација, за тоа како “такви ко него” ќе им ги изопачи децата,а они па едни најсјајни родители што да ти кажам си ги изведоа децата на прав пат. Кој од кој мангуп, кој од кој фраер,кој на кого булинг врши. Пу! П.С. Алекс е среќен со својот живот, вие сте несреќни.
Уфффффф... Форумов е како фрижидер. Го отвараш на секои 5 минути иако знаеш дека немаш никакви известувања или пораки.
Едвај чекам дома да си одам,еден пилинг на лицево да си направам. Да си легнам во кревет со краставица на очите. Спа вечер бе… А има уште време до тогаш, може и ќе си припаднам тука.
Одеднаш парадата на гордоста станува огромен проблем во Македонија, срам било за Европа а не знаат дека во Европа “педер” е навреда и се казнува со закон. Како се друго не е огромен проблем како на пример: булингот во школите, силувањата, насилство врз жените,семејно насилство итн. Инаку супер си функционираме како држава.
Сте приметиле колку драматични ликови има на форумов? Ќе се налутат нешто, обично кога самите тие не се во право, па проштални писма, па реферати, збогувања, ќе минат 2 недели, и ќе се појават пак како ништо да не било Просто неверојатно
Животов е краток,денес си тука а утре те нема. Бог да те прости човеку, сега веќе ништо нема да има смисла.
Мразам кафичи. Никогаш немам отидено на кафе. Сите идат за да стават инста стори. Да видат кој дошол кој не, кој како се облекол, кој се здебелил, кој ослабнал. Освен Нескафе друго кафе незнам. Знам едно Макијато го викаат, што вкус има појма немам. Незнам ни 5 кафичи да набројам. И така.
Проблематичните деца од мојата младост уште ги гледам низ призмата на глупостите што ги правеа кога беа помали. Помина толку време, станаа родители ама у моите очи останаа оние "лошите" што ни ја дупнуваа топката кога се собиравме да играме фудбал.
Јас во мношството документи се загубив. Ова треба,она треба… глава ме заболе. Зошто толку се комплицира?!