Колку се нереални некои луѓе,колку претставуваат лажен живот на своите профили тоа е Една иста слика симнале повеќе луѓе и сите ставиле различна локација, насловот гласи. “Breakfast in Malta”. Ахам, важи.
Никогаш не ги разбрав мажите што риплајнуваат со оганче или на стори. Што повратна порака може да се очекува на ова стварно не ми е јасно. Прашања што немаат одговор.
Имам сочувство и сожалување кон луѓето кои мислат дека со тоа што се злобни, пасивно-агресивни, прават сплетки, гледаат од високо ( и мислат дека ова не го гледаат другите луѓе), функционираат преку филозофијата: „тој/аа/ти/тие ќе ми кажат/кажеш“ (и ова си го претставуваат на себеси како лична еманципација и верба во себеси), глумат жртви од чисто инструментални/па и лукративни причини, мислат дека ги нашле совршени механизми за справување со другите луѓе и проблемите... Не, драги мои, тоа не е еволуција на стекнување механизми за опстанок, тоа е ДЕВОЛУЦИЈА, незрелост на карактерот, неможност да се справите со светот и луѓето на здрав начин, неможност да бидете луѓе во вистинска смисла на зборот. Суровоста на проблемите не се ПОБЕДУВА со тоа што ќе станете сурови кон другите, никој никогаш не победил сам и ПРОТИВ другите туку ЗАЕДНО СО ДРУГИТЕ, преку договор, соработка, заедничка мисија и преку градење заеднички доблести. Тоа што ве излажале дека поединците се поспособни од целината е чиста (обично нео-либерелна) пропаганда на поп-културата. Прочитајте барем една книга за еволуцијата и организацијата на животинските општества, организацијата на екосистемите, или за еволутивна когнитивна психологија. И како мислите дека може да се чувствувате добро и среќно, ако околината околу вас страда и се уништува, поради вашите постапки? Каква е таа „лична приказна“ што си ја кажувате “мене да ми е добро, другите нека се е...т?“ Кој ве излажал дека тоа ќе ви донесе некаква лична сатисфакција долгорочно? Сѐ е поврзано со сѐ останато, а вие сте само кратковиди и површни.
Посакувам да беше поинаку. Цела ноќ ми се врти во глава една песна. Едвај чекав да се раздени, а сега само сакам повторно да се стемни.
Одамна сакам да го напишам ова ама ете денес му дошол денот, вака, жени, мајки, краЉици или како и да е редоследот, кога учествувате во наградна игра со објавување фотографија и тоа тематска наградна игра нема потреба да ги пикате децата во кадар кога тие се надвор од темата, ама веќе кога ги пикате бар припазете да не им ги објавувате телата голи, да народе добро прочитавте, си ги објавуваат во кадар голите тела на нивните деца. Мислам самиот момент што играте на карта емоции и ги пикате децата во наградна игра во која воопшто не е неопходно да ги има кажува за вас многу, ама па голите тела, вришти!!! Тие деца иако се малолетни имаат право на приватност, а вие ги злоупотребувате само за ваши лични цели во теми во кои ниту е барано нивно присуство, а најмалку голи бре
Колку се израдував што подзалади и заоблачи, нека биде вакво пријатно време за учење и полагање, да се истераат уште наредни 2 недели од испитна.
Не кажал што точно сака,а се лути оти не му го дале тоа што го сакал. Тие сега работат на 35-40 степени.Послужуваат над 100 луѓе дневно. Имаат захтевна работа и 3256780 проблеми дома,а он очекува да му читаат мисли небаре се баба Ванѓа или Тоби Логан.
Денешна поука: Секогаш пред време симнете си ги сите презентации за учење, не ко мене да си ги читате така директ од teams прикачени пошо еве денеска некој проблем со рутерот и цел ден сум без интернет, тек утре ќе дошле да средат и испоистрошив од 4g интернетот дур ги симнав. Али добро можеше да е полошо, да имав некое онлајн полагање баш денеска и да немаше интернет така да не се жалам ај, секогаш може и полошо да е.
Вие со своја соба и клуч не сте свесни која среќа ја имате. Затоа ќутете. Исто и вие што заспивате "тврдо". "Јас заспивав и се гасев од светот. " Минато свршено време. Али сега све се смени. Таман сум заспала некој влегол нешто да земе. Тропаат врати, шкафови. Почнаа да ме иритираат и самите чекори што ги слушам. Остај тоа. Ми текнало да се пресоблечам. Нема теоретски шанси. Треба да чекам некој да излезе од собава, ако излезе ако не вецето прво па десно работава. А некој секогаш има. Остај тоа. Ме бара некој на телефон камера, било што. Нема теоретски шанси да кренам а да не ме слушнат сите. И еве сум денес без сон, за нигде. Затоа ти што ме читаш гледај утре на детето своја соба да му обезбедиш. Метар на метар, колку имаш толку. Ама битно утре детето ќе ти има мир, слобода. Фала.
vreme e da si legnam da spijam denes mnogu rabota si zavrsiv,uste malku i mojot websajt ke bide gotov epten sum gorda na sebe sto bez nikakvo znaenje uspeav skoro se sama da si zavrsam na net se moze da si najdes besplatno i so mali promeni prilagodis kako sakas bravo za mene,sama da si se ispofalam )
Океј, време е да станам мајка кога веќе неможам да заспијам од кога ќе се разбудам. Време ми е. Ќе поработам на случајот да се оствари.
Кога правам грешки на работа уредно си кажувам и се извинувам, се случува да направиш грешка и да се извиниш,тоа те прави добар работник.
Моментот кога ќе облече фустан и те праша дали е дебела, а ти само гледаш колку прекрасно ѝ стои. Дури забораваш и што те прашала. Priceless.
Борбата за права, која е чувствителна само во однос на привилегиите што произлегуваат од тие права, без да се имаат обѕири за правата на другите, или за правата кои не се дел од интерес на оваа „борба“, не е човекољубие и работа за доброто на сите, туку чиста суета и цинизам, помешани со чувство на самоназначена супериорност (во однос на другите кои не се предмет на интерес на таа „борба“).
Прва испитна у која не качив ни 100 грама, напротив туку и 2кг сум у минус. Мала работа е ама за мене значајна, зашо прва година во испитни за месец дена и по 4кг качував и немав никаква контрола врз себе, стресот ме раководеше. Горда на себе што не потклекнав овојпат на јадењето на нервна база.
Читам Битолчанец убил куче И мене не ми се омилени кучињата, ама каква душа треба да имаш за да убиеш животинче шо сигурно мавтало опаш Ми се гади од такви луѓе