Некогаш мислев дека се empowering сите тие цитати за како вистинската сила ќе ја најдиш ако си сам, дека е подобро сам отколку со луѓе, моќните/паметните луѓе ќе ги најдиш сами бла бла, ама кога ќе размислам подобро сфаќам колкава доза на токсичност има во нив. Ние сме социјални суштества и поврзувањето со други луѓе на повисоко ниво е од суштинско значење за квалитетот на животот. Она што треба да се охрабрува е напуштање токсични средини каде не можиш ништо да промениш, а не тргање настрана од луѓе комплетно. Ни на најголемиот интроверт не му е убаво да е 24/7 изолиран од блиски контакти со луѓе. Кој и да го вели спротивното лаже. Така да смешни ми се оние цитати со осамени волци во позадина, во стил никој не ми треба да сум среќен. Да, треба да ја пронајдеш среќата во себе најпрво, ама не верувам дека некој ќе е среќен без никаков близок контакт in the long run. Не е воопшто здраво да се промовира ваков "индивидуализам", многу луѓе ќе мислат дека се неспособни оти имаат потреба од други луѓе. Ајде да нормализираме пронаоѓање луѓе со кои се поврзуваме на повисоко ниво, кои навистина се грижат за нас и како да ги одржуваме таквите здрави врски, како и напуштање на токсични врски (романтични, пријателски, секакви). Можиме да сме независни личности и истовремено да имаме потреба од социјализација со вакви луѓе. Бидејќи на крајот сите сме луѓе и имаме потреба да сме сакани и поддржувани, и сосема нормално е да бараме помош од други наместо "да се учиме да преживуваме сами".
Го знаете она горко чувство? Кога сакате некој да ве фати за рака и одведе далеку од ова место? Било каде на Глобусот. Небитно дали покрај Планина, море или езеро. Посакувам да беше реалност.
Пред некој ден бев во шопинг, океј тоа беше сега во саботата и легенда сум за глупости. Сум се родила инат ама и легенда. Така кога завршив со обиколка низ продавници во близина имав Лидл и си реков ќе влезам ќе купам нешто за дома и сјај за садови. Си земав што требаше, на каса се погоди да се менуваат касиерките и во себе си викам “што може да тргне наопаку”. Тоа гужва,се бутаат со количките,јас уште чекам. Ајде платив и излегов и си одам накај автобуска. Кога слушам некој вика,јас како некоја јака п*чка ( Боже ме опрости ) си терам патот пред мене имаше една девојка се врти и ми вика “Девојче ти тече нешто од торбата”. Леле кога погледнав внатре Сите работи што ги земав пливаа во сјај. Да,во сјај. Не знам како и кога успеало да се отвори капачето. Некако се средив,имав вода земено, едни Филипинци ми дадоа ќеса, работите ги ставив внатре,а сјајот го оставив таму. За еден сјај не се потресувам пу! Си продолжувам по патот и да преминам улица го слушам Филипинецот како ме довикува да го почекам, ми вика “Девојче земи си го сјајот го средив нема да тече”, јас останав подзинета му велам “Фала ти многу”. И тамн здивнав, дојде автобус, се качив и сфатив дека сум се качила во погрешен бус. Оф мори мајко Не се правам веќе п*чка, ќе се спуштам на земја.
Ги сакам ваквите мирни попладниња кога машкиве по дома одмараат, јас си уживам со убава музика во позадина на балкон, ручекот заеднички завршен што ми е радост кога е така бидејќи е реткост со оглед на нашите обврски и раб.времиња, ама кога нештата се слатки и убави, радост и блаженство носат и одвнатре и однадвор, а тоа што го осеќаме се шири наоколу и гледа и осеќа од другите. Едноставно ова е убав ден посветен на семејството, најблиските
Еве ме Не дека некој ме барал, или пак му текнало дека му фалам, да си се јавам на главна каса Уф.. за пишување имам многу, исто толку за кажување. Имав тешка претходна година, загуба на блиски личности и почеток на годината повторно лошо. Но, да не пишувам за тоа. Сега сум океј, се надевам дека сум добро, зошто надежта е таа што ја имаме. Во изминатата година, а и оваа кога почна сфатив дека никого во животот сум го немала. Да нема човек да крене слушалка да праша: каде си, како си барем. Еднаш се јавив на една другарка, и како ајде ќе те барам за на кафе, ќе ти се јавам. Еве уште се јавува, а може поминаа месеци, нема врска. Само сфатив дека луѓето воопшто не му е гајле за никого, па и зошто да им е, што имаат потреба, зашто порано ако имаат нешто за работа да им завршиш еве ги. Сега не им требам, а и тие не ми требаат мене. Нејсе, почнав да работам, како демек привремено и ајде ваму таму малку да не речам излегував. Работава не дека присилно ја прифатив, ајде искуство, зошто сега секаде и во маркет бараат 5 години искуство, иако нели не ќе си седам дома и мафтам со дипломче. Работев со луѓе, клиенти. Секоја чест на сите што работите со луѓе, 24/7, вистина. Мене првиот ден ми беше тежок, ко за среќа и тоа малер, се погодија такви луѓе, да речам ептен некултурни. Но тек, на време се е рутина и се навикнав. Тоа е, нема што да пишувам повеќе, живејте како што ви одговара, не како што кажал Стојче или Стојка. Сите, а и повеќето ви се од корист и од љубомора го прават тоа, дали одиш на работа или не одиш, сеедно, мажен, не мажен, со деца без. .. Живејте за себе.
Комшијата излезе сега на утринска прошетка со кучето пред работа, а јас тек сега ќе си легнам. Им се восхитувам на луѓе што 5 часот сабајле им е добро утро, а не добра ноќ ко шо ми е често мене. Уште и таква на тераса си се поздравувам добро утро комшија, кое добро утро бре Дрим, ти не си ни легнала за да станеш, па утро да ти е.
Во еден просечен месец денот СРЕДА може да ми се падне два пати слободен, па така кој ја измислил фразата ''Среда е среќен ден" бил во право, навистина.
Чувствителност што се однесува САМО на сопствените чувства, интереси, размислувања, не е вистинска ЧУВСТВИТЕЛНОСТ туку самозалажување дека си ЧУВСТВИТЕЛЕН/А и обид да си проектираш позитивна слика за себеси (или пак другите да ги убедиш за таквата претстава за „чувствителноста“ ). ЧУВСТВИТЕЛНОСТ е кога подеднакво имаш обѕири кон себеси и кон другите, подеднакво и симетрично, и во однос на нештата што тебе ти се важни и кон нештата што ним им се важни (дури и кога не ги разбираш нивните чувства, интереси, размислувања), додека се обидуваш да ги разбереш и да се ставиш на нивно место. ЧУВСТВИТЕЛНОСТ е постојано преговарање за тоа како другите ја разбираат ЧУВСТВИТЕЛНОСТА. Чувствителност што е свртена САМО кон себеси не е ЧУВСТВИТЕЛНОСТ туку обичен егоизам.
Ghosting-от е едно од најподлите нешта што можиш да му го направиш на некој (што не го заслужил тоа). Кога има проблем со некоја личност, обично деца се тргаат и се лутат, одбиваат да комуницираат. Возрасни седнуваат и комуницираат за да го решат проблемот и доаѓаат до заедничко решение, без разлика на исход. Некои луѓе очигледно никогаш не ја поминале детската фаза. Не зборувам за личност која постојано додева и нема осет па единствен начин е да ја ghost-ниш. Туку за личност со која сѐ си било нормално, имало блискост, и наеднаш едниот одлучува "да се тргни сосема". Е извинете ама тоа е многу подло, детски, незрело и себично. Треба да знае човек да искомуницира, некој на кој вистински му значиш не би требало да има проблем со ова, ако да тогаш оној кој е ghost-нат никогаш немал пријател реално.
Еве вчера пристигнав на чизмата. Италија како Италија, прекрасна земја, чинам најубава е. Веднаш се впуштив во шопинг, се почастив со суши и друга убава морска храна. Истрошив голема сума на пари па договорив и екскурзија до морето во недела. Потоа, седнав во бар и да се почестиме со моите, кафе сокче мезе а у. Климата ми годи, храната уште повеќе. Ај чао сега, одам да гледам мобилни или лаптопи. Да си се подновам и јас. Пошо така сакам.
Случајно налетав на стори во кое Зои Блаж кажува дека некој фирма и пратила пакетче продукти и таа вели “Ова мора да го пробате,одличен е..” чекај What? Како ти знаеш дека е одличен уствари Just saying…
Разбирам дека некои луѓе не ги сакаат животните. Ама да ги прскаат со моторно масло и катран е тоа не можам да го разберам.
Пеколот го замислувам како јсп автобус во кој нема пуштено клима на 40 степени и кај и да е ќе колабираш.
Најважна ми е фамилијата. Друго се’ може да се сврти и замине, напушти, остави, совлада, премине, преживее.
Не разбирам, како и зошто некои жени од кога ќе запознаат некој забораваат на себе, не внимаваат како изгледаат едноставно се здебелуваат. Се запоставуваат себе си. Пред брак едно, после брак друго. И после се чудат зашто маживе губат интерес. Мислат ако се во брак/врска тој ќе ги сака стварно какви и да се.
На претходното работно место имаше луѓе кои го фрлаа лебот кој го земаа од мензата. Еден од постарите таму ги замоли да му го даваат лебот наместо да го фрлаат дека ќе го нахранел кучето . Човекот секогаш после работа го носеше лебот во народна кујна и сето тоа го правеше додека не замина во пензија. Мило ми е што имав чест да запознаам таков човек.