Кога нема да отидеш година ипол на стоматолог од страв од короништево, сега по вруќиниве ќе си одиш секој втор ден Ајде, уште едно идење и раат после.
Кога тркалото на животот е во лер позиција лошите збиднувања не ги препишувајте на Севишниот. Излезот од "проклетството" наречено заблуда е вклучување на когнитивните рецептори. "Мислам, значи постојам" (Рене Декарт).
Сабајлето видов дека сум напреднала,сум станала форумски идол. Три години сум тука.Се надевам дека ќе бидат и повеќе. Има дружење,добри дискусии и драми.Интересно ми е. И решив и во real life да сменам нешто.Преку глава ми е од некои личности и нивните постапки,ама ќе го пуштам мозокот на пасење и ќе се посветам повеќе на повредни нешта.
За викенд дојдов кај моите дома, и сабајле спијам и осеќам како мајка ми седи до мене на кревет подлегнала и ме бакнува на образ, "сонце убаво на мама, колку си бе убава додека спиеш". Абе око не можев да отворам, ама срцето полно како шерпа топол ајвар
Јас: Овој 20ти роденден ќе си го прославам убаво, лани ради коронава не можев да прославам, сега ќе направам нешто да надокнадам и за лани. Животот: *ха ха ха, еве ти распоредот за следна испитна и еве ти пишува дека имаш на денот на роденденот испит*
Се чудам како некој кој се зачленил скоро има толку мислења, јас кога се зачленив не ни знаев како функционира форумов. Додека има овци,ќе има и волна.
Едноставно некои луѓе имаат толку јадна душа што од очај мораат на другите да ги лечат фрустрации. Колку мизерно и бедно, како можат да живеат со толку негативна енергија во себе.
Некои луѓе се тука само да ми прават недостаток на допамин. Мојата среќа не зависи од тебе но недостаток на домашно воспитување никогаш и со ништо не може да се надомести.
Навикнати да ме гледаат без шминка,денес добив толку комплименти што во животот воопшто немам добиено. Ми го направија денот прекрасен Најубавите комплименти се добиваат од жени.
Многу сакав нова кола. И сега кога имам нова кола немам некој ќеф. Ја гледам старата и си викам самата, шо убава кола, не сакам да ја продавам, не ја продавам, не можам, срце не ми дава. Баш ми е на срце и пак неа ја возам, новата не. Дури сакам новата шо ја зедов да ја продадам, таа шо ја имав да продолжам да ја возам