Луѓето се сакаат онакви какви што се, а не како што ние сме ги замислиле во нашата глава па се разочаруваме кога сфаќаме дека имаат маани и прават нешта кои некогаш ни одат по нерви. Сѐ додека не влијаат лошо на нас, не ни мислат лошо и не се токсични, треба да прифатиме онакви какви што се, реални, со сите доблести и маани. Бидејќи не постои ни еден човек на светот што 100% од времето ќе се придржува на нашите замисли, без разлика колку се сложуваме и колку сме блиски. Совршено не постои.
Успеав да го свиткам зглобот и да го повредам на целосно рамна подлога. Паднав како Чаушеску, кога паднал од власт.
До сабајле пиев, се докласа и тој шо се гледав периодот, седна до мене демек муабет да ми праи, не го поднесувам, имаше и драми плус, другарка ми и дечко и изглеа раскинаа после ова... Ја би дефинитивно. Ама сакам да кажам, едвајјј седам на работа, каснев, па глава ме пука на најјако нит ми се работи нит ништо. Денот го прогласувам за умрен, едвај чекам да си дојдам дома и да се комирам.
Ме уништи оваа година во секоја смисла. Многу неуспеси, малери и разочарувања. Мислев дека немам излез од бездната во која што се наоѓав, но сепак на крај успеав да се изборам и да надминам се, а како и јас самата не знам. Мислам дека повеќе ништо не може да ме скрши.
Зарем на луѓето почна да му смета и кога некој оди на одмор, да олабави малку душа после сето ова, шо и за жал ќе продолжи? Не очекував до толку.....дали е толку лошотилок собран или пак се толку несреќни, не знам.
Барем едно пакување за одмор да ми поминеше без да се молам да се затвори пренатрупаниот куфер. Никако да научам како да се пакувам минималистички.
Само што излегов надвор и си велам во себе колку убаво утро, проследено со прекрасна тишина и мир. И од соседниот двор се слуша соседот со утринската варијанта на Хк-пу и го извади од баглами секретот во неговиот тревник.
Последниов месец обновив контакт со другарките од средно. Нема поубаво чувство од тоа да обновиш пријателство со некој со кој што си пораснал . Го знаеш во душа и се повеќе го цениш
Прв пат ми се случува вакво нешто како што ми се случи ова утро. Ме разбуди силна болка во градите, која беше проследена со некаква чудна топлина во тој дел. За подоцна да биде заменета со студенило. За среќа помина после неколку минути, ама од страв не продолжив односно не се вратив да спијам. И сега зевам како крап на пченка.
Жени што намерно и свесно сексуално провоцираат, а потоа се понашаат „увреѓено“, кога некоја лесноумна напалена будала, ќе им се налепи, се исти со мажи што возат 120 на саат на „Партизанска“, зошто им е мал и мислат дека така ќе им порасне.
Не ја разбирам намерата на одредени ај луѓе да ги наречам, свесно и намерно да провоцираат со глупи како нив коментари. Ми ја исцицаа цела енергија, ме наполнија со негатива и после за што сум нервозна? Од убавина, од што ми е досадно па си правам ваков тип на забава во животот. Гниди неиживеани, што лечат комплекси на некој што е скала погоре од нив. Жал ми е што успеваат да ме донесат до ваква точка на вриење, да не можам сама да се поднесам од нервоза.