Сакам да кажам... (без цитирања)

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од RainBow, 5 февруари 2019.

  1. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.029
    Допаѓања:
    36.100
    Пол:
    Женски
    Бегството од реалноста во проектиран свет со заблуди и имагинарни погледи би сакала да верувам дека е само животна епизода кај некои "надреалисти", а не серијал во продолженија каде што не сакам се издига моќно над реалните ситуации за преземање одговорност, правење избор и носење одлуки со самодоверба и самоконтрола во објективен пристап за учење од личните грешки и градење искуство, наспроти слабо и понизно не можам со статична повлеченост да се направи и најмалиот обид за прогресивна цел.

    П.С. Глумење среќна личност е залуден избор со кој се создава простор за сожалување.
    Насмевката што сакате да ја видат останатите не зрачи со енергија на исполнета личност зашто некој добро го познава вашето јас за да верува во наезда од среќна околност.
     
    На smooch, Animali, GirlLove и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.115
    Пол:
    Женски
    Не знам за вас мене денов ме утепа. А што беше прекрасно,сонце,парк и разна инспирација ти доаѓа на мисла.
    Е сега вака ме турка на спиење а на работа сум ноќна смена.
     
    На KateKane, Animali, GirlLove и 2 други им се допаѓа ова.
  3. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Полошо од маж кој мрази и понижува жени, е жена која го прави истото на други жени.
    Зошто жените да имале возачка кога мажот ќе ги возел? Зошто да имале кариера кога требало деца да раѓаат? Зошто мажот да миел чинии кога таа требала?
    Во нејзино време тоа било така, и така требало да остане.

    А полошо од стари жени кои трачарат и се мешаат во туѓи животи, се млади луѓе кои го прават истото.
    Кој со кого одел, кој какви деца имал и како се викале, кој дошол во колку саатот дома, кој каква кола купил...

    Патетики.
     
    На Gosh, ♡BuBaLe♡, EMMA EMILY и 24 други им се допаѓа ова.
  4. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Сакам да кажам дека не спијам.

    И дека многу луѓе во околинава треба да поразговараат со стручно лице. Никој не ти е крив ако сам со себе не можеш да се носиш, нели. Јас не можам таа работа, нит да толерирам нит да лечам.

    Сите спијат, мене ми се решава некоја загатка очигледно.
     
    На JollyGirl, 1209, cresa-jagoda и 8 други им се допаѓа ова.
  5. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.115
    Пол:
    Женски
    Кога некој ќе ми рече проста си, ај да не се правиме прости и слично. Самиот збор ми е комплимент од личност со ниска интелигенција бидејќи во нејзиниот речник не постојат други зборови
    Мојот одговор е "Фала на комплимент" за да не оставам простор да додаде нешто.
    Се разбира тоа не би биле културни зборови туку би произвело агресивно однесување.
     
    На ♡BuBaLe♡, GirlLove, "Zoki" и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.089
    Допаѓања:
    44.390
    Пол:
    Женски
    Родителот скапува работејќи за да има за сметки, лекови и да плаќа факултет за детето надевајќи се дека ќе замине странство што побрзо. Единствена желба што ги мотивира да станат наутро наредниот ден, живеат за тоа да го дочекаат.

    Политиката вмешана во секој аспект од животот. Деца што едвај зборуваат веќе ги знаат напамет слоганите на партиите чии поддржувачи се родителите. Премногу е замарање да седне да го научи нешто корисно, а да не е само броење на англиски до 10 иако веќе е на возраст на која што навистина треба да знае повеќе и да се мотивира да ги прошири знаењата, важно уште од пелени тие се определени за партија. Манипулација и пол, нели дете разбира и знае што е што и ќе се занимава со политика.

    Стари лица што последните пари од пензијата ги даваат за поважните лекови без кои не можат, а останатите ќе почекаат нареден месец, дотогаш ќе трпат. Ако остане некој денар, ќе тргнат настрана да се има за скромен погреб оти не сакаат и таков морбиден товар да тежи на рамената на нивните блиски. Стресот кој се зголемува со секој нареден термин и секоја наредна погрешна дијагноза веќе не се издржува единствена желба им е што побрзо да го напуштат светов, да ги снема.

    Колку многу луѓе прераснуваат во осакатени личности што се токсични за себе, а и за околината поради тоа што на некој „неспособен“ општеството му налага да стане родител. Нели, така треба, така мора. Факторите како психичка подготвеност, доволно финансии и едноставно имање вистинска желба да се посвети некому не се важни. Таквите луѓе немаат детски спомени како шетање за рака со мама/тато во паркот, играње со нив, носење и земање од училиште, пишување домашни задачи, едноставно поминување време како семејство.

    Поради конзервативни сфаќања на нивните родители, раскинуваат врски/бракови. Некои наоѓаат некој нов чисто да не останат сами и да не бидат мета за потсмев и осуда од околината, други овој страв и срам го лечат со, на пример, алкохол оти не се она што го налага општеството и што го очекуваат сите. Прапрапрадедото на тетката од дечкото на ќерка им бил припадник на различна вероиспед од нивната и тоа за нив е граница што не ја преминуваат ни кога се работи за среќата на нивното дете.

    А уште колку има да се пишува и уште колку поекстремни случаи има за кои не сме свесни дека постојат?
    Зошто е олку гнил светов?
    Зошто упорно и упорно се премолчуваат некои работи што се токсични за секого, а сепак се пренесуваат на помладите?
     
    На Shalitra, Gosh, Purplelilac и 23 други им се допаѓа ова.
  7. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    57.650
    Пол:
    Женски
    Го облекол девојчето свое кое нема повеќе од 5-6 години во партиска маица и му ставил таква иста капа, и во опис напишал: "Вмровката наша, гордост".

    Алооо, колку треба да си мрднат за да направиш такво нешто? :fubar: Уште од мали ги трујаат децата свои со политика, и после како да очекуваш од тие деца да израснат во здрава и слободоумна младина?

    Како да не е доволно секаде што смрди на политика, па и децата ќе ги учиме, како да нема нешто попаметно што можат да прават на таа возраст.

    Тргнете ја политиката настрана од нив. Аман од вакви. :envy:

    За која и да е политичка партија би го рекла истото.:)
     
    На Next, Purplelilac, Salome и 29 други им се допаѓа ова.
  8. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.400
    Пол:
    Женски
    После ова сум сигурна дека новинарството е тотално забегано и отидено од колосек. Уопште колку треба да си отиден за ова да го изјавиш. Или полесно е да се утешиш вака отколку да признаеш дека си потфрлил како родител поради тоа што ти било табу тема сексот (по насловот е веќе доволно јасно тоа).
    Не ми се верува уште што прочитав...
    D3Yalh9XoAA4hj6.jpeg
     
    На ♡BuBaLe♡, Purplelilac, smooch и 17 други им се допаѓа ова.
  9. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.768
    Пол:
    Женски
    Кога луѓево за ранливи личности со некој физички или психички проблем нудат решение кај бајачи или свештени лица, кога пропагираат против вакцините, промовираат опасни нови диети (со изгладнување на пример), или пак доста актуелното возвишување на марихуаната како буквално целосен лек за сешто - не знам дали се свесни колкава (морална) одговорност си ставаат на плеќи.
    Наместо да напредува во глобала народот со знаењето и вреднувањето на науката, култови и фикс идеи имаме на секој чекор.
    Да го загрозувате здравјето на широка публика која ве чита, најмалку спаѓа во право и слобода...
     
    На Purplelilac, smooch, lovestoneddd и 9 други им се допаѓа ова.
  10. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.300
    Допаѓања:
    226.905
    Пол:
    Женски
    Она кога отворено кажуваш некому Дека... Па некој друг бетер го теши дека тој што му кажал е љубоморен...
    Богородице у апостолки... Спаси ги.
     
  11. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.115
    Пол:
    Женски
    Ако нешто убаво ми се случило во последно време ми е тоа имам брилијантни колешки на работа.
    Конечно ми се погодија нормални луѓе, луѓе што се грижат едни за други па можеш да се опуштиш и за општо да направиш муабет. :inlove:
    Среќа е што дојдов на такво место, за моја среќа.
     
    На ♡BuBaLe♡, Oxymoron, DraganFem и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.778
    Пол:
    Женски
    Оставете барем дел од вашата личност да биде награда од самокритичноста :mm:
     
    На Stories, cresa-jagoda и poenta им се допаѓа ова.
  13. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    5.307
    Пол:
    Женски
    Сите се жалат како луѓето се одвратни, дволични, лицемерни а никој не се гледа себе си каков е!
     
    На ♡BuBaLe♡, WildMk, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  14. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Секогаш имало препреки во животот,ама со напори ги тргам од патот,сили немам,но имам волја за живот,тоа ме води напред.
     
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.115
    Пол:
    Женски
    Се ставив себе си на тест дека при огромен умор можам да продолжам да работам и се зезнав.
    Отидов и се вратив, едвај се довлечкав по скали, смогнав сили некако.
    Памет за друг пат.
     
    На ♡BuBaLe♡, GoodGirl45, Alisa22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.385
    Допаѓања:
    21.036
    Пол:
    Женски
    Добро утро за сите освен за тие што викаат мајстори во недела сабајле :*.
     
    На ♡BuBaLe♡, cresa-jagoda и Tan4ence им се допаѓа ова.
  17. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.300
    Допаѓања:
    226.905
    Пол:
    Женски
    Ти си тоа од кое ќе се срамиш еден ден...
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    57.650
    Пол:
    Женски
    Жив доказ сте ми дека не секој заслужува да биде родител. Поарно да ме немавте отколку вака. ;( :u:
    Себични апатични конзервативци.

    Замисли побитно да ти е што ќе речат луѓето отколку фактот што го правиш сопственото дете подолу од г*мно.
     
    На ♡BuBaLe♡, 1209, Purplelilac и 17 други им се допаѓа ова.
  19. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.564
    Пол:
    Женски
    Луѓето ги делам во две групи :wasntme: :nod:
    На прашањата: Како си? Што има ново кај тебе?
    На едните им одговарам кратко: Добра, нема ништо, сè по старо. |(
    А на другите им ја отварам душата или ќе се изнапишувам и тоа во детали или ќе се изназборувам.
    Овие вториве се бројат на прсти, ама затоа си ги чувам како капка вода на дланка. Убав е животот кога имаш на кого да му се довериш и од кого да побараш совет, помош. :sun: За истите нив и јас сум тука кога и да сум им потребна за било што. :)
     
    На Shalitra, ♡BuBaLe♡, Little Star 12 и 25 други им се допаѓа ова.
  20. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.993
    Пол:
    Женски
    Тешко е кога тапкаш во место и не сакаш да одиш напред, а уште потешко е кога си решила да испливаш на површината со сопствен труд и налетуваш на трагедија со главни лица група луѓе кои треба да те подучуваат и мотивираат а тие гледаат само друг начин како пак да те потонат.
    А комедијата во се е што на крај тие остануваат да пливаат така како секира по вода.
    Бонус откритие е дека сите не се такви и секогаш ќе се потрудат да те насочат на прав пат и те поместат чекори понапред. Близината со такви е бесценета :l:
     
    На Peperutce1115 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.