Последниве години станав личност без чувства за одредени работи. Луѓе околу мене умираат, а мене сето тоа почна да ми станува нормално. Страшно е кога ќе ги изгубиш чувствата за одредени ситуации. А човек без чувства не е човек.
Уште една позитивна работа на летниот одмор и бронзениот тен е што конечно пудрите кои ти биле темни, сега ти се таман и може да ги искористиш.
Кога ќе сфатиш дека жената не е добро тело туку е битие со душа, љубов, нежност а истовремено и сила, пожртвуваност за саканите, борба и големина, дури тогаш можеш себеси да се наречеш маж.
Сите што бевте завчера, вчера во црква по шорцеви со пола гз надвор и деколте, Господ здравје да ви даде оти за памет касно е. Друга работа. Ако постоеше ковид10 Ромите (циганите, чергатите) што живеат во "депонија" требаше сите да испоумрат пошто живеат во нехигиенски услови. Друга работа. Не се вакцинирам макар нож за врат да ми турат. Посекако 5 кафичи у Скопјево незнам да набројам а не па да се вакцинирам за да идам. Сите до сега што се вакцинираа, се вакцинираа за да прчат гз у грчка. Сите што се тестираат, се тестираат за на одмор да одат, кузнај што прават ги мешаат како им дојде овој позитивен оној негативен. Друга работа. Македонија гори, овие решиле тогаш на одмор да одат. И кај сакаш да не биде како Држава. Друга работа. Во Македонијава ништо не бива.
Еднаш моја далечна роднина и кажала на мајка ми: "Ќерка ти е единец, разгалена е, нема да успее ниту средно да заврши ќе падне". 7 години подоцна: -завршив средно без да паднам година; -се запишав на факултетот што го сакам и веќе стигнав до половина; -одам на курсеви за мојот смер; -кога имам послободен период работам по неколку месеци. Син и кој е моја генерација: -џаболебари 24/7 затоа што му било тешко на факултет и го откажа, а на работа не му се оди зошто и таму е тешко. Тогаш и бев лута зошто го кажала тоа, а денес сум и благодарна затоа што тоа е една од причините кои ме охрабри да направам се што сум направила досега. Никогаш не им судете на луѓето, не знаете што носи времето!
Вака како што гледам постојано апокалиптични сценарија за глобалното затоплување, се прашувам дали ние помладата генерација ќе дочекаме старост? И ако прашањето е да, во какви услови ли ќе биде тоа, затоа што веќе ми се чини дека многу забрзано се влошува ситуацијата.Сигурно нормалното секојдневие ќе биде далеку во минатото.
Само баба ти може да ти каже дека имаш ослабнато и дека треба да јадеш повеќе, а ти веќе почнуваш да личиш на бочва за вино од што се имаш здебелено.
Среќните детски очи задоволни од подарената ташничка. Мило ми е што те усреќив и го направив посебен твојот роденден!
Од македонските народни приказни навистина можат да се научат некои работи. Денешна лекција, за сите девојки, жени: Ако маж крене рака на вас, не чекајте да има втор пат. Аларм дека не е вреден да останувате покрај него.
Мразам да пополнувам документи. Особено такви со матичен број, бр. на лична карта и не знам ти какви бројки. 100 пати се препроверувам дали се сум пишала точно, невидена анксиозност ми прават.
Детето е најискрено, со најчиста душа. Штета што во текот на своето растење луѓето ги губат своите детски особини. Некои се претвораат и во ѕверови.
Ситуации толку очигледни, ситуации каде шо се е јасно шо се дешава. Ситуации каде шо од небо се гледа дали да се вложуваш или да се откажиш. И тие пак со глава у ѕид. Е не можам од вакви луѓе, се воздржувам од коментари колку шо можам оти од такт ме вади тоа кога сами се прават толку глупи.
Смешки се луѓево... знаеш оноа кога раскажуваш на некој низ што си поминал/поминуваш ...и те гледаат како најголемо Теле,као ок демек..И после некој период тие го поминуваат истото и ти ги раскажуваат работите исто,као ти никогаш да не си ги поминал...патем користат потполно исти зборови ко твоите за многу многу многу работи те гледа сериозно у фаца као првпат да го слушам муабетот... психо!
Сега имав едно интересно искуство на zoom call кој го организира еден човек кој е мотивационен говорник, со група луѓе од цел свет. Толку позитива во еден час, толку интересни вежбички кои ти ја подигаат свеста, интересни случки кои ги раскажуваа... Душата ми се разнежни, на сите посебно ни обрна внимание, посебно мене дека првпат учествував, тие веќе имале искуство предходно со него. Три пати неделно одвојува час-час и половина да разговара и да шири позитива и убави работи. Потребни се многу вакви луѓе, особено на тие што имаат проблеми со анксиозност, депресија и негативни мисли.