Инч, многу ме нервира кога турате на фејс слики од починати лица. Тука жалопојќи, мудрости, преку ноќ писатели станувате, пораки копирани преку гугал. Човек се сака додека е жив, после џабе све.
Ги обожавам летните ноќи. Ме асоцираат и враќаат во најубавите и најбезгрижните моменти - од трчањето по светулки како дете па сè до собиранките со друштвото... Во ваквите мигови барем на кратко се чувствувам среќно и исполнето
Цела недела сум без сон, како зомби сум ! Од едната страна, во паркот, цело време се лумпува и се надвикуваат кој е погласен по тоа купите.Ќе преселам на другата страна (со опремата за спиење), таму ечи музика (што во живо од свадби, забави, што по дома), огномети, лупување и пеење по улица. Едно бебче во комшилук, за греота, мака некоја има ( може не може и тоа да спие од бука) па плаче, па периодично ќе се смири, па пак ќе почне. Не знам веќе кај да одам и мир барем малку да најдам. Да се преселам на некоја планина, во некое село ....може да бркам пиромани
На потешкиот пат најчесто учиме дека не треба на секого да му излезеш во пресрет. Роднини после мал милион години ми се јавуваат за услуга, за да обезбедам попуст кај човек кој го познавам. Им велам дека не е можно такво нешто и дека човекот не може да ја спушти цената до толкава мера како што тие замислуваат. Ама ајде си викаш да не се налутат, ќе побараш некое друго решение оти сега не биле при пари за да платат веднаш. И договорив да платат на повеќе рати и да ги причека човекот. Не само што не му се заблагодарија на човекот, туку шират лоши муабети за него каде и да отидат. Од тогаш не се јавиле ниту да прашаат како си, ама тогаш знаеа да се јават. Научив дека некогаш е подобро да одбиеш да им излезеш во пресрет, зошто ќе си заштедиш и нерви и нема да те јаде туѓ срам и на крајот пак ќе биде истиот исход и во двете ситуации. Само во оваа кога си излегол во пресрет си ја нарушил својата репутација кај другите луѓе од кои си барал услуга за некои за кои не требало да мрднеш со малиот прст.
Деновиве сретнав една мисла, како човек во животот ги заборава оние што ги сака(л), заборава и на оние што го сакаат, ама секогаш памти кого го мрази, тоа чувство најмалку губи на интензитет. И вистина е така.
Кога бевме во карантин лани ја навлеков мама на онлајн шопинг и сега чим види некаде попуст за онлајн шопинг одма ме тера да купуваме. И така ме почасти сега шминки непланирано пошо чим има попуст мора да се искористи . Една е мајка.
Многу ми е жал кога личности кои сум ги ценела на некој начин и препорачала и пофалила на други ќе ја усерат. За нив ич не жалам бар си го покажале трулото од внатре, жал ми е за лошата проценка па уште сум кажувала по други комплименти за нив, брукање јавно левел 101 и назад, иди скриј се работава Ама додека сме живи учиме
Не треба да фаќате дечковци само затоа што сте осамени уште помалце зошто ви треба да одите на одмор со некој и да ве спонзорира.
На форумов се придружив во едни од најтешките денови во мојот живот. Кога соништата ми се рушеа, човекот за кого мислев дека е љубовта на мојот живот стана мој кошмар, никогаш општо не сум имала толкаво чувство на пониженост и непосакуваност, бев западната во тешка депресија. Година подоцна, не е нешто многу подобро, но донесов многу важни одлуки ова лето и особено тука ми помогнавте да соберам храброст и да ја прекинам конечно таа врска која не ми носеше повеќе ништо добро. После раскинувањето и увидувањето колку било подобро кога ќе се тргнеш од места каде што не се чувствуваш дека припаѓаш, одлучив за уште некои работи. Сега само се надевам дека по 1 година ќе дојдам да кажам дека конечно најдов каде припаѓам, дека сум среќна и дека сум направила добар избор минатата година. Во секој случај, секоја промена е добра, како и да биде. До некои поубави времиња драга фемина.
Не знам дали има други лудаци како мене, ама јас кога пазарувам уште пред да стигнам на каса ја токмам точната сума која треба да ја платам. Односно правам пресметки за да ја добијам крајната сума. Оти ме фаќа паника кога другите ме чекаат, а јас да се претресувам кај ми беа ситните пари. Вака заштедувам време и не ме фаќа паника. Е таа пуста паника што може да ти направи. Да правиш тактички и стратешки подготовки за едно пазарување.
Добрината, почитта, поддршката кои од се срце сум ги давала, а не требало така безрезервно секому мене нема да ме болат, ама недостатокот од нив понатаму тебе ќе те боли. Уште една лекција научена и потврдена, шака не се подава секому, секој не заслужува и да ја одбие од одма би било поправедно, а не ти ја подаваш, се закачува за прст па после целата рака ти ја бара и ако не даваш се што умислиле дека им следи одма не чиниш. Не дечки погледнете си у огледалото кој не чини, кога на сите околу не им чините, до вас ќе да е проблемот. Само не е проблемот дали вие навистина чините или не, невини души страдаат, тоа ми е најмногу жал во сето ова
Морам да ти простам на тебе, за да си живеам мирно со себе. Но, како? Најмногу ме боли тоа што најголемата болка во животот ми е нанесена од родител... Можеби не било намерно, можеби подобро не знаел, може пола и сама сум си заслужила.... Но...
Комшика до сега ми се жалеше како и препишале погрешни лекови и едвај жива останала Мене па не ми е јасно кога некои луѓе ќе сфатат дека лекарите не ги интересира здравјето на луѓето? Што повеќе излечени луѓе помалце пари, едноставно не се исплати да има здрави луѓе. Дојдеш, одробуваш тоа што има, земеш плата, чао пријатно. Добра ноќ
Се однесуваме како да имаме време на претек, бесконечност. Па го трошиме на небитни ситници, нерви си кинеме за минорни работи. Одложуваме да ги направиме и кажеме битните нешта. Правиме планови за подоцна. А тоа подоцна не ни е гарантирано. Го имаме само моментот сега. Многу несвесно јуриме низ животот. Како на некој програм или на автопилот. Додека нешто големо не се случи и да не разбуди и освести.
Правам една ретроспектива од летото лани и сега. Лани иако 90% од летото го поминав дома ради коронава, пак поисполнето се чувствував. А да не зборам и за успесите што ги имав постигнато. Ова лето, џабе и одморите и скоро секојдневните искачања, јас толку празно не сум се чувствувала во животов. А да не зборам за факултет..нема допирна точка со тоа лани. Само се редат и ќе се редат фејлови..