Некои луѓе не заслужуваат да се родители. А, и тука ги има богами многу такви примери. Детето треба да има детство, а не да е глувче за вашите фикс идеи и да е лишено од нешто пошто на родителот така во глава му удрило. Некои такви фикс идеи оставаат трајни последици.
Од свадби неможеш да испаднеш на тараса пукање со пиштоли и огномети страв да ти е да седнеш надвор ќе те отепаат додека закачуваш алишта....
Sakam da kazam deka zivotot e samo borba za opstanok ili ke pobedis ili ke izgubis 3 nema Posebno koga se raboti za luge koi sakaat da te unistat a ne im uspeva
Никогаш не го сакав 1ви септември. Ме потсеќа на социјална анксиозност. Мислев нешто не е во ред со мене ама и другарките интровертки викаат дека убаво се осетиле кога сфатиле дека конечно не мора на 1ви септември да стануваат и да одат во гужва, наместо тоа си спијат утрово без аларм. Тешката страна на животот на интровертите. Полесно ми беше кога и друштвото ќе ми кажеше дека се чувствува исто ко мене, не се осеќав толку психички нестабилно тие денови на почеток во школска година. Не дека сега не се осеќам исто пред секое полагање или одење со нови луѓе на факултет и слично. Какво дете бев, таква иста пораснав.
Да, за се постои решение, се наоѓа.... се додека повторно не зариба ситуацијата па потоа повторно барај решенија. Се изморив веќе. Не знам зошто постојам во универзум кој голем дел од моите желби не ги почитува! И на крајот од денот уклучи се на форум и читај бесмислици околу нешто кое го нарекуваат слободна волја.
Вечерва имам необјаснива желба за трчање по улица, си викам ај седи си раат таман залади времево или што би рекла баба ми, кола ќе те удри.
Дали некогаш ќе добијам нешто у животов без да откорнам коса у меѓувреме, без да проживеам 25272 нервни слома, без да пролеам солзи, без да поминам низ несоници, аверзија кон храна и куп други ствари кои ми го сјебуваат здравјево? Дали некогаш ќе добијам нешто лесно, па да се зачудам, па стварно да уживам, дали некогаш ќе осетам шо е буквално куробол? Дали? Пу!
На автобуска ми пријде некоја жена од населба да ми каже како не ме познала, од средно многу сум се здебелила и ми даваше совети какви чаеви за слабеење да сум си купила. У моментот страшно незгодно ми падна што некој така ми кажа и цело расположение за искачање ми пропадна ама сега кога ќе размислам некоја минута после ми е криво што бев културна и не ја отерав у 3 лепе. Да, вистина е дека последниве 2г се здебелив на нервна база и дека и ја се трудам да го средам тоа, но овој левел на безобразлук на луѓево не сум го видела. Свашта.
Ако на некој не му е гајле за чувствата на другите барем поголемиот дел од времето,не е човек на кој треба да трошиш секунди,минути и часови. Остави егоизмот да го втера во самотија.
Само во Македонија може да ечи музика во ниедно време. И како ќе заспиеш со стиховите: Отишла је моја драга није рекла збогом и Ти више ниси моја драга? И така си останав без сон затоа што на некој му раскинала девојката. Не ми текна веќе кога будно му ја испратив музичката листа да отидам барем едно пиво да чести.
Дефинитивно не постои причина да се остане овде во оваа земја. Кога велам причина, мислам на разумна причина.
Ти благодарам Боже за сите лоши работи што ми се случија и што ме натераа повеќе да ги ценам добрите. Благодарна сум за сите добри луѓе во мојот живот. Да бидат живи, здрави и благословени.