Радости за Ден на Независност. На која држава ѝ е тој ден,бе? Име ѝ сменија иако народот нејќеше. Народот си дреме и како тргнало нема да ни остане повод за славење.
Психолошкиве книги од типот на Џозеф Марфи можело и негативен ефект да имаат. Познавам случај каде личност што ја има прочитано книгата Моќта на потсвеста, смета дека со своите мисли може да контролира буквално се' што ќе и' се случи. Буквално се'. Е, ама не испадна баш така. Погрешно сфаќање на некои работи. Се изгуби себеси, штета. Прв и единствен случај што знам за негативен ефект од книга.
Еве сум пак Утрово имав кошмари, се разбудив бидејќи беше многу рано се обидов пак да заспијам за на работа да не се успијам. На работа исто, да не речам ми е преку глава дојдено од клиенти, луѓе, шефови и се` што се меша и врти околу мојов живот. После кошмаров, денес на работа слушнав некои муабети за мене, плус и денов се погоди напнат. Времево готово, есен, а тек зима кај да е ќе дојде, ама брзо поминуваат и летаат годиниве. Пролета насадив од суво чили семчиња, јас како можи чили да немам пиперчиња мислам И се фатија сите, ги пресадов и еве ги 10-11 коренчиња можи се со пиперчиња, ама лути оган (кој сака пуштам) Сакам да се спакувам в куфер и да се испратам на некое островче или планина.
Овде може да се види сето она што е труло во државата. Неаргументирани мислења полни со навреди и омаловажување кон оној кој учествува во некоја дебата. Давање за право да се зборува за неговите стручни компетенции, иако е анонимен форум и можеби никаде личноста не спомнала што работи, што има работено или какво стручно знаење има или какви останати вештини или пак какво искуство поседува. Од тоа највеќе ми се гади и ми се повраќа.
Една ден во неделата сум слободна и таа други ти ја планираат.... Посакувам одмор на некоја планина кадешто нема сигнал телефонот
Пописов им е ај што без маски си шетаат попишувачиве, али цел саат попишува неколку членови паѓа, кочи системот, ужас, па кој има време да седи со нив цел саат
Од супер моќи издвојувам тоа што три дена издржав после 19 часот, освен вода да не конзумирам ништо, а да и по 156868 пат сум на диета, ама овој пат со незамислива воља и желба. Идееемо даље
Како минува животот, се повеќе сум убедена дека секој од нас има една посебна личност во животот. Личност која допрела до нашето срце на поразличен начин и оставила огромна трага. Личност која секогаш ќе биде дел од нас. За жал, таа личност не е истата онаа која избираме да ја сакаме и да и се предадаме. Со која сме сигурни и заштитени. It is, what it is. Заљубувањето е случајно. Љубовта е одлука.
Родители колку си ги познавате вашите деца? Се запрепастив од глетката сега Страшно е што се прави..имам можност да гледам се пред мене..."испратени се да учат им дале пари за јадење(можеби и последните од дома) они купуваат цигари,гумени бомбони и кондоми,на еден дечко му продадов кондоми а тоа е 1г средно да не судам по изгледот ама ако го измешаш со 1одделенците нема да го најдеш... Интернатот не им води рачун баш...пред да заклучат испаѓаат девојчиња се враќаат наутро а дома ги знаат ќе одат нашколо... Имам 3 керка искрено како оди ова страв ме фаќа"
Кога учиш до касно пред испит и легнуваш со надеж дека ќе фатиш барем 5 саати сон...и на крај те буди оџата пред изгрејсонце.Дали еднаш ќе се наспијам пред испит?
Ми излегоа сега слики од жени од 90ти години. И ме текнува на сите филмови, серии шо ги имам гледано порано. Колку жените биле убави, поим за убавина, природа. А сега сите исти, поголем број. Повеќето личат една на друга..
Се чудам секогаш кога и стари личности и млади ќе речат, абе системот не ни чини нас овде, тоа е нема што да се прави, ќути има и полошо Да бе да, знаеш тоа системот изгледа е некој компјутер и треба да ни донесат некои роботи да не управуваат и да ни го поправат расипаниот систем. Алоооо сите ние до еден сме системот, и во секој еден од нас лежи незамислива моќ за промени, ама нас ни е полесно да грицкаме семки на удобниот кауч додека гледаме Тв, и после и за одење до тоалет да фаќаме врски, или да чекаме од небо да ни паднат промените за кои од ко постои интернетот штракаме на тастатура
Како личност што има срам од јавно говорење пред непознати секој усен испит ми е психичко измачување и припреми психички за "настанот" си правам недела дена. Успех ми е и самото тоа што додека имам 30мин пред влез на испит дилеми дали да влезам или не зошто ми е срам и триста негативни сценарија си правам, успевам да ја победам тремата и сепак влегувам на испит, тогаш се осеќам најпобеднички, зошто сум се изборила сама со психата. И да, вечерва пак нема да спијам зошто ми се пушти интроверт mood-от на најјако. Само да поминат овие 2 дена, ништо друго не сакам.
Ептен е глупаво чувството, кога другите во тебе гледаат нешто што не можеш да го видиш ти. И кога другите повеќе веруваат во тебе, отколку ти што веруваш во себе.