Сакам да кажам... (без цитирања)

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од RainBow, 5 февруари 2019.

  1. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.558
    Допаѓања:
    55.404
    Пол:
    Женски
    Каков его манијак треба да бидеш упорно пред сопствените деца да се претставуваш како добра и напатена личност, а сите околу тебе се најлоши|(
    За секое дете сопствените родители се најдобри, ама дај жено намали со глумење жртва и во ситуации каде што најмалку си невина|(
     
    На M.B., Vikktorr, LejlaD и 5 други им се допаѓа ова.
  2. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.712
    Пол:
    Женски
    Незнам за вас, ама кога ќе дознаам дека некој извршил самоубиство у секунда ми станува одбивен.
     
    На GirlLove, Tea678 и ТедИ11 им се допаѓа ова.
  3. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.333
    Допаѓања:
    58.551
    Пол:
    Женски
    Трагикомично ми е кога ќе ми речат: "А ти сакаш некој директно и отворено да ти кажи дека не сака да се дружи со тебе повеќе?"
    Па нормално дека сакам отворено, не ми се верува колку нормализирано стана заминувањето без збор, преќутувањето, избегнувањето комуникација. Попрво би те изгубиле ко личност отколку да пробаат да комуницираат и да поправат некоја ситуација. Па ти ако немаш друга работа чуди се што се случило со личноста со која до вчера наводно било сѐ океј, а сега бега од тебе ко ѓавол од крст.
    Искреност? Што беше тоа?
     
    На emiliana, Izaabella, LejlaD и 14 други им се допаѓа ова.
  4. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    12.629
    Пол:
    Женски
    Најослободувачкото чувство досега беше моментот кога сфатив дека работите во најголем степен зависат од мене. Факултет, работа, возење, снаоѓање во животот, комуникација, реалции..
     
    На crazylady, LejlaD, nextredstyle и 7 други им се допаѓа ова.
  5. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.118
    Пол:
    Женски
    За сега мирно ми е, повеќето ми се на игнор. Тие можат да ме цитираат цел живот ако сакаат. Јас можам да не се замарам што кажале некои. Е сега, дека ми се може и на вас ви се може,јас сакам така,вие не. :hai:
     
    На crazylady, GirlLove, LejlaD и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Rioers

    Rioers Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2020
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    2.737
    Пол:
    Машки
    Зошто постојат злобни нелуѓе :@:@;(;( пукам од лутина ;(;(;(
     
    На Need for Speed, Rama, LejlaD и 6 други им се допаѓа ова.
  7. ТедИ11

    ТедИ11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2020
    Пораки:
    849
    Допаѓања:
    4.292
    Додека сакав да завршам со училиште и да бидам голема....
    Сега кога веќе на 29г сум со 10г работен стаж...сакам да сум на училиште....
     
    На темјанушка, riba79, GirlLove и 9 други им се допаѓа ова.
  8. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.412
    Пол:
    Женски
    Кога ќе ми излезат мемории по фб/инста од пред 3-4г и ќе ми текне колку бев среќна и исполнета со себе тогаш, таква носталгија ме фаќа за тие убави денови... :)
    Вистина колку работи се менувале несвесно, тек ако си вратиш филм наназад сфаќаш дека многу се сменило.
     
    На темјанушка, piglet1, AriLangdon и 17 други им се допаѓа ова.
  9. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.492
    Пол:
    Женски
    Eден од многуте настани кои ќе ги помнам од тинејџерските години беше абортусот на другарка ми.
    Имаше тројка со нејзиниот дечко и уште еден нивен другар. Сакаа да експериментираат, но дечишта незрели, не ги знаеа последиците, па така случајно се случи бременост. Се сеќавам беше 2012 година, неколку недели пред Нова Година. Само два дена подоцна веста се рашири како чума. Типциве на цело училиште гордо разгласија што се случило. Највпечатлив спомен од таа предновогодишна ,,еуфорија" ми е токму моментот додека вееше снег, како со дуксерка ѝ ја покривам главата дур влегувавме во автомобилот на татко ѝ. Додека соучениците ја снимаа со мобилен и громогласно се смееа. Таа година, професорите запознаени со ситуацијата предвреме ни заклучија оцени, па така тие последни недели од полугодието не се појавивме во училиште, ниту јас ниту таа. Тоа беше времето кога за првпат ја видов рефлексијата на општествената сенка. Искриволочена, грда, катраносана. Ги видов сите колоритни лица на подвоените стандарди и позадината на машките инстинкти. Не кажав на никој. Се сочувствував како мене да ми се случило, но не покажав. Поттиснав.
    Лани за првпат после долго време ја видов на автобуска постојка. Плава, насмеана, ама во сините очи ѝ се претопуваше тага. Тага на едно дамнешно време. На една изгубена младост по коридорите на психијатриските одделенија.
     
    На ninja35, mira.mira, marlonbrando69 и 34 други им се допаѓа ова.
  10. ¯\_(ツ)_/¯

    ¯\_(ツ)_/¯ Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2021
    Пораки:
    347
    Допаѓања:
    1.641
    Преку ден зафатеноста со обврските не дава простор за премногу размислување. Но кога ќе падне ноќта почнуваат кошмарите. Стравовите, црните мисли и преголемото анализирање прават хаос во мозокот и започнуваат битките кои ги водам во себе и против себе.
     
    На mareane, Rama, LejlaD и 5 други им се допаѓа ова.
  11. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.184
    Допаѓања:
    132.258
    Пол:
    Женски
    Милијарда „стаклени извини“ не вредат ич.
    Грбот ќе ми остане свртен дур не го чујам она вистинското кое ќе дојде од срце.
     
    На Rama, LejlaD, Tea678 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.412
    Пол:
    Женски
    Побескорисно нешто од плаќање ИКСА на факултет нема.
     
    На темјанушка, sparklie, mira.mira и 15 други им се допаѓа ова.
  13. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.385
    Допаѓања:
    21.037
    Пол:
    Женски
    Дали ми се допаѓа промената? - Не.
    Дали мораше да дојде до ова? - Да.
    И не ми е гајле кој и што ќе изгубам веќе, јас сум од сега на прво место.
     
    На riba79, buba4e89, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.558
    Допаѓања:
    55.404
    Пол:
    Женски
    Не е љубов се што гледате, затоа пазете кому му завидувате(fingers)
     
    На темјанушка, mira.mira, Lola.Luna и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    7.442
    Пол:
    Женски
    Никад не сум сакала да учам, бар не она присилно да знам дека морам да седнам и да бубам. Увек се прашувам од кај треба да почнам, подвлекувам скоро па се, па после кога листам по книгиве сфаќам дека ме фаќа паника пошо све иам подвлечено, у стилу битно е.
    Едина работа шо одувек ја практикував, тон пари за убави тетратки, фини фломастери и наџиџурени пенкалца шо после втората буква магично се трошат. Е јбг

    У глобала све е ок, паника као паника увек е присутна у мојот живот исто као и стресот, пошо нели треба од нешо да се умре.
    Се трудам да сум нормална, два пати неделава баш добро и се напив, па некако ми е фино шо сега одмарам. Со книгата до глава.

    Иначе Скопје нема никаков живот, а не па ноќен и упорно го повторувам ова после секое искачање и оп, ме глеаш следен викенд пак давам шанса. Али тоа збори за мене као чоек наравно, верувам у корекција и си гаам надеж за боље.

    и така, останете ми со здравје, мора да се учи за да има простор за вечер да се :d:. Балансот е клучен у животот
     
    На christinnn, Rama, edna_malecka и 2 други им се допаѓа ова.
  16. bertold

    bertold Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2015
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    8.293
    Пол:
    Женски
    Кога беше малата точно месец, 12 дена бев сама, мм беше на терен, еднаш не праша дали нешто треба. Малата е 2 месеци, досега в раце ја зела вкупно 5-6 пати од кои 2 пати денес. Е извини госпоѓо свекрво, ама ако мислиш дека нешто помагаш, не ми треба твојата помош. Слободно да си продолжиш како што си тераше досега.
     
    На mal.ecka и riba79 им се допаѓа ова.
  17. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    861
    Допаѓања:
    5.826
    Пол:
    Женски
    И оваа вечер повторно добив ладен збор од тебе и оваа ноќ тагата ја потопи насмевката. Твојата недостапност триумфираше над мојата љубов... Каде исчезна нашата љубов, страста во доцните часови и прегратките наутро? Додека душава се грчи од внатрешен плач, а солзиве се готват да ги накитат очиве со тажен сјај, знај, премногу ми значиш!
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.412
    Пол:
    Женски
    Во шкаф ја сместив есенско - зимската облека пошо ме излажа денешниот дожд и заладување.
    Очекувам од утре температури над 30 степени...
     
    На Snowflake99, hermosa и Lavender4 им се допаѓа ова.
  19. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.140
    Допаѓања:
    3.276
    Пол:
    Машки
    Пострашно од тоа некој да те изненади негативно со неговите постапки е да го направи тоа што секогаш си верувал дека нема да го направи, иако гледаш дека сѐ оди во таа насока. Сакајќи да неверуваш, стануваш жртва на својата заблуда. Кога си во право во проценката, но не сакаш да веруваш дека си во право жалиш и за постапката на другиот и за тоа што си дозволил некој така да се однесува, иако цело време си бил свесен дека ќе го направи тоа што го направил...“Не, нема да се случи, тој не е таков“. Е, баш е таков и ти го знаеше тоа цело време, но, сакаше да веруваш дека тој не е таков, дека овој пат ќе е поинаку. Вистинска уметност е да знаеш колку да дадаш и кому, а сепак да не ја следи вулгарната пресметана филозофија јас-на-тебе-колку -треба, за ти да ми дадеш толку-колку-што-треба, те, како да дадеш повеќе, а сепак да не биде на твоја штета. Ако „играш“ на сигурно ќе бидеш „како сите други“, ако сакаш да дадеш повеќе ќе излезеш наивен. Која е средината воопшто? Има ли средина?
     
    На темјанушка, Indiegurl, Hellobeautiful и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.492
    Пол:
    Женски
    Сонував како Апасиев седнал на престол, на висока кралска столица пред Собрание.
    Сабајле кога се разбудив бев утоп и помислив види мајката што патриота ќе бев што оваа мисла олку ме возбуди? Кога оно...циклусот. Знамето на Македонија.

    wowcry.png
     
    На arabella_, x-MajaEsposito-x, MeowMeow и 2 други им се допаѓа ова.