Немојте никогаш да се прикажувате нешто што не сте вистински, само за да се допаднете секому, сфатете веќе еднаш дека не може и не треба секој да ве сака
Едно од најубавите чувства, кога сам ќе постигнеш нешто во животот, без врски и нечесни игри. Само со труд и почит која си ја стекнал со она што си.
Луѓето често забораваат дека покрај надменост во однос на другите, подеднакво голем вид на нарцисизам е постојано чувство дека некој е надмен во однос на тебе.
Ми требаше многу да пораснам за да сфатам дека се се' сведува на корист. Доколку имаат некаква полза од тебе, ќе се дружат, ќе ти помогнат.. Не знам од каде таа потреба во љуѓето да се огорчени со толку омраза, завист и љубомора. Дури се занимаваш со тоа, работи на себе малце, стани подобра верзија од себе си. Најдобар пријател на себе си, сум си јас. Ги имам најдобрите совети за самата себе си, можам да разговарам самата со себе си и да си ја кажам вистината.
Насмеј се. Насмеј ги и другите. Зрачи со позитивна енергија. Добрите луѓе ќе дојдат во твојот живот. И не заборавај да се сакаш себеси најмногу.
Вечерва разговарав со другарче од средно.Си правевме ретроспектива на моментите од основно пред да се знаеме, од средно кога се запознавме и на моментите после средно.Му објаснував што се случувало кај мене периодов и зборувајќи самата забележав со колкав жар го зборувам тоа. Заклучокот од муабетот ми е:Јас не сум ни живеела пред да завршам средно. Од кога завршив средно се пронајдов себеси или барем делче од себе! Им ја посакувам таа среќа на сите.
Нема поморбидно нешто кога некој ќе почине па му пишуваат пријателите на ѕид почивај во мир, никогаш не би пишала некому такво нешто од страв да ми стигне нотификација дека му се допаѓа постот
Најтешко е кога ќе ти се јави bestie следи долг телефонски разговор и се шеташ од соба во соба сме вицкасти среќни и насмеани затвораш и навираат солзи што си се преправал дека си добро
Аман бре луѓе. Немојте да бидете толку погрешни. Никаде не пишав дека ги осудувам силуваните девојки, ниту дека ги осудувам мајките што абортирале. Никој не е Ангел за да суди, а најмалку ние, гостите на планетава, имаме право да судиме и да кажуваме дали постои Бог или не. Е тоа е, што да се прави, сфаќам дека не ви е по ќеф што одам по Христијанското учење и морате да ме клеветите дека емпатија сум немала за силуваните... Еве повторно имам емпатија, гледате? Сфаќам зошто ме клеветите. И за завршен дел ќе кажам само дека мој е профилов и што сакам тоа ќе пишувам. Нема што да дрдорам повеќе. Спојлер И не заборавајте дека не смеете ни да се надоврзите со моето мислење тука, а строго забрането е да ме цитирате. Поззз.
Кога ќе си дозволиш cheat meal додека си на диета, вкусот на јадењето како да е уште повкусно. Океј, зашто "забранетото" стварно е послатко?
Ова е еден од тие денови кога светот го гледам низ розеви очила и што и да ми згрешите, нема да се лутам. Баш си се допаѓам ваква, а не намќор како обично
Не ги можам луѓето кои се чукаат во гради дека нема да простат некому за одредена грешка многу си давате на вредност бе, и не, не сте толку многу совршени како што си замислувате
Крајно заблудени ми се луѓето што мислат дека да се биде „брутално“ искрен е некаков показател на доблесност, начин за човечко поврзување, покажување наклоност и афекција, или пак дури и комплимент кон човекот кон која „искреноста“ е упатена. Божем, еве, искрен сум, а „у позадина те подјебувам“ и не ми е грижа за тоа што мислиш ти или луѓето околу... Всушност, станува збор за обична безобѕирност, несовладани кодови на однесување, недостаток на љубов и разбирање во детството и од тесната околина, и пред сѐ, лош менаџмент на емоциите, што зборува директно за нивната човечка незрелост.
Официјално ќе се прогласам за колекционер на менѓуши. Имам цел огромен несесер во кој ги чувам и веќе и тој цел се пополни, а јас продолжувам опсесивно да купувам менѓуши. Со право ме зафркава дм, кога ќе се земеме и ќе треба да се иселиш од кај твоите, ќе треба со 3 камиони да ги земаме работите од твоја соба... Ќе се пријавам на некое лечење за завист од купување работи што не ми се неопходни, друго решение не гледам.
Колку сум само згрозена од ситуацијава во нашава земја...од се што се случува. Особено како се третира еден човечки живот, како да имаме 1000 па што има врска ако изгубиме 1. Колку неправедно, колку трагично..... ж а л н о