Кога некој здрав и млад дебел човек ќе ми рече дека се трудел да ослабе ама не му успевало ни малку, ми иде во фаца да му речам дека знам колку лаже и сигурно воопшто не се труди. Не може редовно да вежба и да го промени начинот на исхрана, а пак да нема симнато ни една кило. Значи лажеш и точка. Ако има здравствени проблеми е друга работа. Милиони примери имам од познаници кои здраво ослабеле само со менување на начинот на исхрана. Дури некои не ни вежбале, туку само пазеле на храната и имаат солидни резултати. И не, воопшто не гладувале туку јаделе нормално ама ЗДРАВО. Знам дека на многу луѓе таква им е формата на телото, а и гените играат улога, ама со упорност и желба може да се стопат маснотиите и човек да стане пофит. Доста со глупи изговори и лаги.
Холивудскиот актер Кијану Ривс неодамна сподели една многу важна животна лекција со неговите обожаватели: „Ги гледате овие луѓе зад мене? Брзаат да стигнат на работа и не обврнуваат внимание на ништо. Понекогаш сме фатени во ритамот на секојдневието и забораваме да застанеме и да издвоиме време за уживање во животот. Како да сме зомбиња. Кренете го погледот и извадете ги слушалките од ушите. Кажете „Здраво“ на некој случаен минувач и прегрнете некој што изгледа тажно. Помогнете некому. Треба да го живеете секој ден како да ви е последен. Она што луѓето не го знаат за мене е дека пред неколку години навистина патев од депресија. Никогаш го немам кажано ова на никого. Морав на свој начин да се изборам со тоа. Личноста која ми ја скратуваше среќата бев самиот ЈАС. Секој ден е скапоцен, па ајде и да се однесуваме на тој начин. Утрешниот ден не ни е загарантиран, затоа живејте денес!''
Само во Македонија е нормално 15/16 г. девојче да биде во врска со 26+ г. човек, и на повеќето луѓе што знаат да не им е воопшто чудно. Таа сега во средно почнала, вчера и дошла првата менструација, уште играчките не се фатени од соба, а тој веќе извадил 3 кредити, куќата му е под хипотека, мајка му и татко му одат во пензија... Во ваква врска беше и другарка од средно. Ние имавме 15 години, а тој 25. Секој ден ја чекаше после часови, ја носеше некаде со кола, па дома ја испраќаше, па на секој одмор и се јавуваше, и и го избриша фб профилот. Едноставно ја поседуваше. Па уште неговите со фалење ќе кажуваат дека имале млада снаа хех а синот што им е педофил нема врска. Одвратни. Додека не почнат јавно да ги бесат на плоштад, ќе има уште илјадници вакви ВРСКИ кои многумина ги сметаа за нормални.
Љубовта немала граници,но кога се години во прашање ,има ставено црн печат на пасошот. Сам/а одбираш дали ќе се вратиш,или ќе ја поминеш границата илегално. П.с Не ни треба да помислиш,камоли да поминеш.
СДК, тревата е секогаш позелена на другата страна. Знам барем 10 луѓе што во истава минута ќе се сменат со мене и би дошле да работат од дома. Па демек врне, па дожд, па ќебенце, па лаптоп. Значи, како да ви кажам.... не. Интересно е на почетокот, после веќе не. Ќе го фрлам лаптопот уште малку, низ пенџере. Се шалам, нема, ми треба. Јас сирота пукната сум да станам наутро, да се спремам и да одам на работа, во канцеларија. Да има луѓе, соработници и колеги околу мене. Малку поголема динамика. Поголеми цели, поголеми одговорности. Од што ми е станато монотоно, сал туку роварам по цели денови надвор за да не бидам дома, се шминкам, се парфимисам, си наоѓам милион и триста хобија, вежбам, цртам, готвам, уште на клавир да фанам да учам да свирам и пак ми е... џ-а-б-е. Не ја добивам таа професионална сатисфакција што ми треба и ова ме убива во поим. Затвори човек како мене 4 години дома, дома и пак дома and this is what you get. Секојдневно учам и правам толку многу нови работи, а истовремено мозоков ми работи само со 1/3 капацитет од тоа што може. И не, не е исто да работиш во кафуле каде што трешти музика, во coworking space каде што секој си е башка приказна и во некоја компанија. Не ми се верува дека ми фали корпоративна средина во животов, ама да.... ептен многу ми фали. Не дека сум неблагодарна, разгалена, распиздена, знам дека на 90% од луѓето им е полошо, него сакав да имам избор. А во државичкава, се осеќам дека го немам и тоа ме полудува. Можам да одам и овде да работам некаде, ама пак нема да го добијам тоа што го барам и само дополнително ќе се изнервирам. А ако зинам да се пожалам бар малкуцка, веднаш немам право на жалба. Оти нели, некој нема ни за леб. И така завршуваш со чувство на вина за чувствата што се сосема нормални да се појават кај луѓе во слична ситуација како твојата. СДК, гласно си размислив, си напишав овде и веднаш се осеќам подобро. СДК, кога ќе се смени ситуацијава, живо ме занима дали ќе кукам оти морам да се извлечам во 6 сабајле од кревет. Абе човечка природа, мозокот не ни е наштелуван да бидеме задоволни со тоа што го имаме.
Се восхитувам колку паметни девојки има на форумов. Понекогаш ми е криво што не ми се познанички, пријателки.
Желбата за подобра иднина е голема,правам напори да се реализира,но секогаш има едно но,ако или што ако остане само пуста желба? Семето е фрлено сега се чека дали ке изрти семето, дали е фрлено на плодна земја или на камен? Останува да се види.
Топол дом,јас и ти, доволно за живот, полна куќа дечиња и мирис на домашни колачи. Јас стварно не барам многу....❤️
Мајка ми на мои 22 години сѐ уште кога треба да одам за првпат на некое место во дел од градот што не го знам добро, ми напоменува да пазам кога прашувам некого за насока - пожелно да биде жена, по можност повозрасна и да изгледа сериозно. Сами извлечете си го заклучокот... #wE #doNt #NeeD #feMiniSm
Купувам Coffee to Go и продавачката по навика му става и капаче. Веќе неколку пати се спремам да и кажам да ми го даде без капаче, оти веднаш ќе го пијам, ама многу е брза и не стигнувам Следниот пат навреме ќе ја формулирам реченицата која ќе гласи: Едно кафе без капаче, а со шеќерче
На денешниов ден пред една година се сеќавам до подробности. Малите чекори значат повеќе од непромислено итање. Вредеше патот...
Замислете колку ќе беше поубав светов ако не постоеја заостанати мажјаци со три грама мозок. Е овој мозоков им е способен само за давање наредби на жената. Толку е капацитетот. Без жена што може и знае сѐ не можат. Не знаат како. Оти така се навикнати. Да знае да готви сѐ по негов вкус и баш како што ќе рече тој- мама ене ти ја дома, нека те одгледува таа додека е жива, после мисли му ја. Не мора женење. Да чисти секој ден, по цел ден оти господинот не може да се наведне трошките под маса да ги собере откако ќе јаде- мислам дека има луѓе чија професија е ваква. Ги бива, перфекционисти се. Ама зошто да се ,,фрлаат пари" на куќни помошници кога може тие пари да се фрлаат на ракија во сите кафани низ град. Мислам, како инаку би се покажала машкоста ако не те видат сите таков расфрлан со пари, домаќин човек. И покрај сите овие обврски, таа секогаш да биде расположена, да одгледа минимум две деца, да му ги гледа родителите, а на своите роднини да заборави, да трча по него, да биде секогаш средена како за на модна писта. Ама не многу оти други ќе ја загледуваат. А како да биде таква кога во животот сѐ друго мора да ѝ е приоритет освен самата таа? Ваквите жени да ги прашаш која им е омилена боја, омилена храна, омилено место за шетање, најголема желба...нема да знаат. Е вакви едноставни работи што секој човек ги има, тие ги немаат. Бидејќи не одвоиле ни минута време да размислат што всушност тие сакаат. Толку се затрупани со преземање на туѓ дел од одговорноста и обврските што немаат свое јас, свој живот, своја цел. Роботи. Само постојат, не живеат. Единствена цел им е да се истрошат себеси до максимум за некоја проклета будала да стане ,,домаќин" со туѓ труд, туѓа пот. И никогаш не е доволно, никогаш не е добро. Никогаш не е погодено. Колку повеќе се труди да му угоди, толку повеќе ја омаловажува. Ја цеди до последна капка, поместува секаква граница на нормална толеранција. Преминува во болно психопатско измачување, манипулација. Со тек на време си развива филозофија дека ја поседува, дека тој диригира со нечиј живот. А како капак на сѐ, неговите преценети мама и тато го бодрат. Па за што друго служи снаата ако не да изиграва втора мајка на нивното мило синче и машина за раѓање потомци? Јер оваа лоза мора да се продолжи. Каде без тоа?! Посакувам да сфатеа колку всушност се ограничени, неинтелигентни, неспособни. До степен основно нешто да не знаат да направат како што треба. Да не знаеш да зготвиш доручек, да пуштиш машина да пере и да не знаеш да вклучиш правосмукалка да исчистиш, мајку му... Амеби, во буквална смисла на зборот. Свесна сум дека уште постојат жени кои живеат вака. На кои уште мајките и бабите им кажувале дека мора да слушаат свекор, свекрва и маж оти само така мирот во куќата ќе го задржат. А како да подзаборавиле да го напоменат фактот дека потоа свој живот ќе немаат. Молчејќи го прифаќаат ова, за доброто на сите, освен на нив самите. И знам дека им треба поттик, поддршка за да сфатат дека не смеат да дозволат некој да управува со нив. Затоа нема нешто помизерно од тоа една жена да плука по друга жена оти не го слушала мажот, оти излегувала без маж низ град и оти не сакала да живее во соба метар на метар со три генерации од фамилијата на мажот. Сведок бев на нешто вакво многу пати. 21 век, идиот од 23 години пред својата девојка во друштво кажува дека женска работа е готвење, чистење додека така гордо и машки си седи окезен. А оваа си се смешка и си продолжува да помага наоколу молчејќи. Во повеќе наврати истово. После ќе мразеле мамините синчиња феминистки. Така и им треба. Оти жално е во денешно време некој да биде угнетуван, ни крив ни должен, поради тоа што некој е неспособен носот сам да го избрише.
Наместо да се сконцентрирам на поважни работи, мене мозокот ме потсети дека по свадби кога ќе ја пуштат - Како кучето мое- сите такви дотерани со костуми, вратоврски, фустани, фенси фризури, свекрви, баби, чичковци и деца играат и скокаат, додека пеачот го воспева својот пенис Не ме остава да спијам, по колено ми лази зар дури до колена? Машала.
Агресивното однесување на децата се должи на родителите. Давај му се само да не плаче, дај му пари, дај му телефон и се тоа доведува до лоша слика. Тоа дете нема да научи да прифаќа "Не" за одговор и ќе знае да манипулира за да добие тоа што наумил. Агресивноста знае да произлезе од нетепани деца.
Сдк1Секоја приказна има две страни. Не носи заклучоци без да ја чуеш втората. Сдк2 голема идиотка сум!
Во светот: 29-годишна асистентка ја фотографирала црната дупка и тоа за првпат во историјата на човештвото имаме таква фотографија. Во Македонија: Уште поисториски момент, добиваме сигнали од 14 и 16-ти век на форумот Beat dat world Исто така во Македонија: Таа асистентката сигурно спиела со професорот, па ете од кај фотографијата
Нешта кои ги научивме изминативе денови на форумов: - Жените треба да бидат строго против феминизмот; - Само мажите можат да носат одлуки, никако жена - Да не се жалела, затоа што пак тоа било само право на мажите; - Жените не се заљубувале, тоа било ексклузивно право само на Адамовите наследници; - 1000 следачи на Инстаграм може да има само во сон - Шлаканицата не била тепање; - Деца се воспитувале само со ќотек; - Ако самата не можеш да си ги оправдаш сопствените постапки, дојди на Фемина и пиши пост и чекај некој друг да ти ја исчисти совеста. Ако тоа не се случи тогаш фати да навредуваш сѐ што ќе стигнеш; - Не се срами што со постовите си го допрела дното, пробуши го ама битно докажи им дека си ти во право.
Влегуваш во продавница за бебешка/детска облека и гледаш, еден дел во кој преовладува сина боја и друг дел во кој преовладува розева. Се знае, ако е машко, му купуваш сино ќебенце, сина облека, сина количка, дури и сина цуцла. Се слави раѓањето со балони во сина боја на која пишува It`s a boy. Ако е женско, истава приказна само со розева боја. Деца уште во пелени се делат според полот на овој начин, а што останало па за понатаму низ животот, во разни сфери.