Забележувам стратегии на колективна „одбрана“ на нечиј идентитет на социјалните мрежи... Жената/девојката го брани, во негово име/со негова дозвола, дечкото/мажот... или пак, мажот/дечкото ја брани, во нејзино име/со нејзина дозвола, девојката/жената... Потоа, ова се проширува на мајки, татковци, братучеди, роднини, другари, колеги... Што е проблемот со ваквата „одбрана“? (1) Се задушива гласот на тој/таа што е „одбранет/та“ (намерно во наводници) (2) Се разводенува неговата/нејзината индивидуалност. (3) Тој/таа се докажува/покажува недоволно способен/на и недоволно артикулиран/а. (4) Секогаш претпоставува дека тој/таа што е “одбранет/а“ е недоволно силен/а и нема доволно добри аргументи за самиот/ата да се одбрани. Со ова не покажувате „солидарност“, не покажувате дека сте едно НИЕ, дека сте од страната на тој/таа што треба да се „брани“, дека сте дел од истата „човека група“, „друштво“, „партија“, “семејство“, „врска“. Ваквата „одбрана“ секогаш го прави посслаб и понеодбранлив тој/таа што се „брани“. Престанете со ова. Ја покажуваате својата човечка мизирија и го правите мизерен тој/таа што го/ја браните. Ако е доволно вреден и способен, за да аргументира и артукулира тој/таа што се брани тој/таа САМИОТ/САМАТА ќе знае да се одбрани (без наводници, намерно). Ова важи за секаква „колективна“ одбрана. Со тоа што го/ја „браните“ на парадоксален начин, го/ја правите недостоен/на да биде дел од вашиот „колектив“.
Единица мерка за оддалечување со некого во 2021ва година - не ми е веќе во close friends на инста, го/ја тргнав пред некој ден.
Многу сум среќна што повеќе не пишувам во Труднички муабети. Колку ги сакам најмногу овие 2 очички. Ова злато во мојата прегратка. Само тешко ми оди, премногу работи не знам. Несигурност ме убива. Самодовербата никогаш не ми била толку срушена. Само живеам од миг за миг, се трудам да направам најдобро што можам, но постојано сум свесна дека појма немам. Се прашувам дали ми верува. Осеќам дека никој не ми верува, затоа постојано ме препрашуваат дали сум направила ова и она, постојано ми дофрлуваат коментари што да правам и како. Но дали таа ми верува дека мама и' мисли најдобро? И се труди најмногу што може да и' угоди? Ненаспана сум, неисчешлана, скоро сè ме боли. Ама колку најмногу ја сакам, најмногу на целиот свет!
За момент се вратив во школските безгрижни денови кога читав еден текст на ќерка ми за есен. Како паѓаат лисјата, како седиме во клупа и се смееме ..
Некои личности, спомени, денови се незаменливи и незаборавни. Искрените насмевки од срце, звукот на тие насмевки, мои, нечии секогаш будат убави, прекрасни спомени. Нема поубав звук од насмевка од срце до болење на стомак од смеење, посакувам сите почесто да ги слушаме и доживуваме само.
Колку е прекрасно чувството после квалитетно oдење во тоалет навечер. Тој прекрасен мирис на свежа испразнетост, во комбинација со арома од ванила закачена на шољата. Priceless.
Наместо да трошат куп пари за реклами политички и уште со истото глупирање, можеа за друго да ги дадат парите, ама ако има уште овци. Битно ќе ги враќале младите, аха да важи.
Сакам да кажам дека денојве објавувам за високо функционална депресија и анксиозност на Инстаграм профилот од блогот. Неколку луѓе ми пишаа да преќинам да ги "напаѓам" со пишаното. Поздрав до вас шо ќе се познајте. Ве сакам. Секогаш можи да се тргни товарот. Не мора да го носите постојано.
Има два типа на луѓе: Едните ти ја цицаат енергијата, другите ти ја хранат. Овие првите посебно се издвојуваат од толпата особено по нивното простачко однесување до тој степен да ти се поврати. Секој втор стана обезбедувач и мисли Бог за муда го фатил. #tragedy
Случајно уклучив сител, гледам брза кујна, едната девојка студирала медицина, Марк ја прашува црн дроб дали се препорачува за здравје и оваа вика да, црн дроб содржи многу железо ех медицино, туго, ограни од болни и убиени животни, за железо и срце гасам тв, се докажа фактот дека нема нешто паметно да се слушне
"Почитувај го туѓото мислење". Ако тоа "мислење" оди против сите факти, здравиот разум или повикува на омраза на одредена група луѓе, не, нема да го почитувам никогаш.
Ми недостасува Жолтко , единственото живо суштество кое ме сакаше искрено. Со него ги поминав најубавите денови од детството. Спиев гушкајќи го него, ме дружеше дури и кога ги читав лектирите и внимателно ме слушаше. А сега останаа само спомените.
Од бесконечната текстуална дијареа на мрежата заклучив дека лек за сите ментални проблеми е mindfulness медијатиција, а за сите болести е сода бикарбона...
Петок, 1-ви октомври. Ги поминав сите маркети во населба пазарејќи за месецов све и свашта, чекав ред во банка за да си извадам пари... Субјективно чувство пензионер. Сдк2 денеска сите беа расположени и фини, вработените на каса во маркет и во банка, вработената во книжара, што се изненадив. Толку сум се навикнала на груби и нељубезни луѓе што почнале фините да ме изненадуваат. Ми пренесоа и мене од позитивната енергија.
Луѓе што мислат дека те „победиле“ (а никогаш не се прашале самите себе зошто имаат потреба воопшто да победат!) во каква била комуникација, затоа што кажале последни што мислат (им требало 15 страници) или биле најгласни од сите (сте на јавен простор), какви и да се аргументите, изгубиле во самиот старт, од самите себе.
Цела недела не испив кафе рајат, мислев конечно денеска ќе се наспијам и кафе рајат ќе пијам. Ама не секогаш излегува по планот....ја чекам сега следната недела..