Сакам да кажам дека датумите на статусите во форумот се максимум до 2019 година..Мислам дека што и да напишам нема да биде прочитано. Не ми замерувајте,нова сум тука сакам да знам како функционира работата околу форумов
Долго најавуваниот ,,медиумски мрак" се случи вчера во етерот. Eкспериментално. Многумина сфативме дека без социјални мрежи сме никој и ништо. Многу од вас заработуваат преку тие мрежи, но вчера дојдоа пред колапс. Во тие моменти по којзнае кој пат, сфативме колку сме малечки честички во овој свет на гиганти. Колку немаме апсолутно никаква моќ и контрола да промениме ситуација. Како изгубени во стаклената градина. ...Нашата цивилизација ќе го доживее токму она што го доживеаа претходните. Пред точно осум милиони години. Мрак и декаденција до степен на самоуништување. Падот на мрежите, и теориите на заговор околу т.н ,,медиумски мрак" се мала маца... Мала маца во споредба со Новиот поредок кој ќе се етаблира во текот на наредните десет години.
Пред еден час, поминувам по улица, недалеку од мене...Улицата е споредна... Еден повозрасен човек, доцни 50-ти веројатно, со мака го турка точакот и се обидува да помине...Човекот криви, едвај се движи... Поминува една госпоѓица со кола, нервозна што е принудена да чека, му свири упорно... Се забрзувам и го стасувам, поминувам покрај него, во главата ми поминуваат многу сценарија... “Не носам маска, ама сум вакциниран. Внук ми имаше температура денес. Што ако го заразам? Или тој мене?“, “Мора да не се нервирам поради крајната бездушност на г-цата“, „Како треба да се однесувам? Да ѝ се развикам? Да ѝ удрам по хаубата бесно? И што ќе смени тоа воопшто?“ .... Додека се мислам таа веќе забрзано поминува покрај нас ...Му велам: “Можам да ви помогнам со точакот?,“ со блага насмевка, не сакам да го навредам и да се чувствува беспомошно ... Го фаќам воланот на неговиот точак... Го гледам неговиот поглед... Изгледа како целата тага да е потопена во неговите очи... Сосема е свесен за целата ситуација... Во исто време, за тој краток момент, се гледа искрена благодарност што некој гледа, што ТОЈ ПОСТОИ, вооопшто... „Не, фала ти... можам сам, само сум малку спор“...„Ајде ќе поминеме“ ...му велам, му ги покажувам. другите коли, што меѓувреме почнуваат да чекаат... „Веројатно мислат дека ми е татко, чичко, роднина, си помислувам, инаку, зошто би му помагал воопшто нели?“ ...Го туркаме точакот до другиот крај на улицата... Ми се заблагодарува уште еднаш, како да сум го спасил светот... Не се чувствувам вооопшто како „добар Христијанин“ , се чувствувам мизерно, одговорен за бездушноста на „чекачите во коли“, се чувствувам како утрово да сум се разбудил на погрешна планета, или на погрешни временски координати. Не се сеќавам светот да беше толку индиферентен кога јас растев низ овие улици, си помислив ...Секој си го гледа своето „парче од светот“ и си замислува како изгледа од неговиот меур, се чувствува дека светот нешто му должи или дека неговите проблеми се немерливи, подготвува револуција во својата глава, за тоа како ќе му докаже на другиот дека не е во право, и не се обидува да го гледа тој што е пред него, брзајќи да остане во својот свет, зошто таму е безбеден, на сигурно, во колата.... А, во меѓувреме, трешти за велелепни проекти, автопати за точаци, брз транспорт и чист воздух...
Си прочитав стари записи.Превртив очи. Бреј,ама сум била будала. Сум се потценувала себеси. Добро е што го надминав тоа. Не ме интересира што мислат другите за мене.Си држам до себе.
Станување на вакво ладно време рано сабајле од топлиот кревет е причина зошто постои есенска депресија.
Сношти влегуваме во една парфимерија да купам парфем за мајка ми. Инаку,дома си шприцнав на себе си од штиклата ( Carolina Herrera ). Продавачката се врти околу мене и велам “Го барам Версаче ама една постара верзија”,таа ми вели “Тој ретко се наоѓа,само новите ги имаме”,доближувајќи се до мене. Велам “Добро,фала ви.” и искачам. Стојам на прагот од истата парфимерија,дм ми зборуваше да одиме на лево и мое око што ми шета на лево понекогаш ја виде продавачката како ги пробува сите тестери да го најде мојот нанесен парфем. Oh well… Прашај ме ќе ти кажам.
Денес низ населба бев со внук ми да игра со другарчињата, и бидејќи почна да дува ветер, му реков дека е време да си одиме дома, тој ме замоли да поигра уште малку, веднаш се замеша едно дете од поголемата група, околу 12-13 години има, и ми вели, ако не сака да си оди, фати го со шамари и ќе тргне пред тебе, јас му реков не може и не смее така, и ми враќа самоуверено дека ќотекот од рајот излегол, му реков дека не треба да вели така, и да не применува ќотек на никого, посебно не на свои деца и внуци кога ќе има некогаш, се подзамисли некако, не ми одговори ништо, а јас се чувствував толку поразително што го слушнав тоа од младо дете Кога кажа дека ќотекот излегол од рајот, имаше некој чуден поглед во очите, не сакам ни да помислам зошто детето е со такво мислење
Ми се јавија да ми понудат 50% попуст на животно осигурување. Кога го завршивме разговорот, сфатив дека јас всушност немам живот.
Боже колку си вообразена 44 години имаш и болдираш име и презиме и дати. Има дата на листот за потпишување напишана со мој ракопис и ти мора да го изболдираш. Е сега ќе земам сите дати ќе ги изболдирам дупло да видам до каде ќе ти оди акалот во главата. Прибери се жено
Врвот е достигнат. Знам дека не е било тоа поентата на интервјуто, ама да сe припазува како се изразува женава. Б-Р-У-К-А. И тоа министер за образование. Каде живеам? И онака сме неписмени, нека не докусури Мила.
Ауу човече кога ќе се сетам дека пред 2 години беше последната журка на која сум била, се осеќам премногу старо. Како во кафез, кома да сум била цело време. Не се жалам, има луѓе кои изгубија блиски луѓе, бизниси и пари ама самата помисла дека најдобрите години на мене и мојата генерација ни поминаа во четири ѕида .. прилично депресивно duh Се надевам дека ова лудило ќе помине за брзо и дека никогаш нема да се повтори. На интроверт, му се смачи короната
Мислиме дека сме моќни. Главите нагоре и газиме. Млади, оптимистични, кодирани за сурова компетиција. Пари, моќ, слобода. Сѐ до еден црн ден додека реалноста не нѐ удри како црна хроника на последна страница. Денот кога ќе изгубиме родител. Тогаш ќе сфатиме колку сме немоќни во крвотокот на јадрото наречено живот. Колку не ги познаваме алките кои ги крои судбината. Колку веќе ништо не е важно, зошто на нашите успеси ќе нема кој искрено да се израдува. Колку таа исконска љубов наеднаш ќе биде прекината. Колку сме суштински осамени. И ќе боли. Многу. Ќе кине на илјада парчиња. Тогаш сите овие погоре споменати вредности нема да имаат улога. Парите ќе бидат само хартија, борбите ќе се чинат бесполезни. Немојте да дозволите овој ден да дојде неочекувано. Бидете фер и сакајте ги вашите родители зошто некој ги немаат физички и духовно. А, вие ги имате овде и сега и затоа држете се до тој момент, колку што можете подолго.
Мислам дека премногу ја потценуваме перспективата во тоа колку може да ни го промени животот. Некогаш трчаме да оствариме некои цели несвесно наметнати од општеството, без да застанеме и да размислиме што навистина сакаме. Заради тоа секогаш се осеќав како да не се трудам доволно, да не сум доволно добра, дека се е за џабе. Се осеќав дека се разочарав самата себе и другите наоколу. И тогаш веќе влегов во круг каде што се осеќав ко товар и сакав само да исчезнам засекогаш. Сфатив дека само мала промена на перцепција може да смени доста работи. Ако се замарам дали ќе разочарам други луѓе, значи дека не го живеам својот живот. Го живеам нивниот, што е очигледно погрешно. Тоа помогна да не се замарам премногу што мислат другите. Друга промена на перцепција е реализација на фактот што сите без исклучок имаме еден тон маани и недостатоци. Си ги запознав и прифатив своите. Не знам зошто повеќето луѓе имаат потреба да се трудат да ги сокријат. Мислам дека баш тоа не потсетува дека сите сме луѓе и помага во развивање емпатија. Помалку сме склони на осудување кога разбираме од каде потекнува некое однесување. Со коронава уште еднаш се потврди тоа дека не треба да имам посебни очекувања од ништо. Колку и да се трудиш за нешто, експресно може да е срушено до темел. Добро потсетување на реалноста. Едно од побитните за мене е довербата во луѓе. Сите велат дека не треба да се верува премногу. Ама не можам да функционирам така. Преферирам да бидам свесно наивна и да верувам дека сум вложила доволно во луѓето за да не се разочарам од нив. Ако сепак се испостави дека ме изиграле, тогаш тоа е до нив. Сега го користам ФОМО за мотивација. Можеби испуштам многу работи, ама секогаш може да ги остварам во иднина. Ако се откажам, тогаш дефинитивно ќе ги испуштам. А ако нешто научив за себе и своите маани е дека сум скроз тапа за искажување емоции, ама ваљда вежбање со вакви постови во ниедно време е добар почеток.
Бев за зима и ладно време се додека не ме утепа настинка. Едвај гледам дур го пишувам ова. Лето, враќај се.
Тука живееш само за да преживееш, тука се откажуваш од работите, само за да не се откажеш целосно. Секој ден поминуваш низ различен дел од пеколот. И на крајот се заколнав дека ќе излезам од тука наскоро.
Ги набљудувам мачките на дечко ми и од нив може да се научат многу лекции. Последниве години која мачка му умре од старост, која се изгуби, па минатата есен зема да чува мало маче од другар која за жал за неколку месеци почина од болест и после тоа дечко ми многу се разочара, нејќеше веќе да чува мачки зошто многу се приврзувал и после ептен му било тешко ако ете им се случело нешто, нејќел да зима мачиња пак, како да не му успевало да ги чува. Толку решен беше веќе нема шанси да земал маче и крај. За да ја потроши храната што му имаше останато ја оставаше во двор за комшиските мачиња да ја доизедат, да не се фрли. Една улична мачка секое утро се навикна да доаѓа да јаде, па да се гали и така со тек на време и од двор нејќеше да си иде и цело време таму седеше. По некое време и 4 маченца роди во негов двор. Сега дечко ми има 5 мачки дома што ги чува веќе неколку месеци, иако викаше нејќел веќе, сами си дојдоа и се вселија... Од мачкава заклучив дека треба да си снаодлив, да знаеш како да влезеш под кожа на некого и да си се снајдеш, добро да испиташ терен дали имаш шанси и да ја искористиш шансата. Стварно се многу паметни животни.
Се разочарувам бидејќи го очекувам она од другите луѓе што јас би го направила за нив. И не знам како да се "излечам" од ова.