Маж што ја третира жената како предмет и не ја почитува пред да го изусти наредниот збор треба да се потсети од каде излегол.
Во една пригода стариот Индијанец му кажа на својот внук животна мудрост: - Во секој човек се води битка, како борба меѓу два волка. Едниот волк го претставува злото: претставува гнев, завист, љубомора, жалење, алчност, ароганција, самосожалување, вина, грев, инфериорност, лаги, лажна гордост, егоизам... Вториот волк го претставува доброто: го претставува она што обезбедува задоволство, мир, љубов, надеж, спокојство, смирение, љубезност, добронамерност, срдечност, великодушност, вистина, сочувство и вера. Малиот Индијанец размислувал неколку мига. Внимателно ги насочил сите мисли во длабочините на зборовите на неговиот дедо и го прашал: - Кој волк победил на крајот? Стариот Чироки одговорил со насмевка на старото лице: - Оној што го храниш - секогаш победува.
Сакам да патувам со авион, да гледам горе во висините како се претопуваат синилото од водата на копното и она синило на небото и сполотуваат во едно, ама после секој лет толку ми се пореметува режимот на спиење неверојатно нешто. Вака ми е и кога одам и се враќам авионски некаде, во секоја годишна доба и лето, есен, зима, пролет, нема разлика. Возбудата, восхитот, заморот си го прават своето. Дури и прекуокеански кога ми е летот исто ми е вака и кога е од оние кои траат еден или неколку часа, ама сепак чувството што го имам кога сум горе е прајслес, за ништо не би го менувала и ајде нека биде вечно жртвата после летот бар само една неквалитетно преспана ноќ, можам да ги издржам тој товар и таа жртва. Во споредба со тоа како се осеќам кога летам, тие се ситница, малечко ситно нешто кое брзо ќе го надминам и надокнадам утредента со долг целодневен одмор и убав сон за некое следно патувачко искуство. Јас сум од тие сонувачи кои сонуваат и со отворени очи за ново патување, нови спомени, нови прекраснотии
Не знам што е со некои луѓе,особено професори. Електронски мејлови им праќаш за да прашаш нешто оти немаш доволно информации,а они се однесуваат како дома да си им отишол и ради тебе го оставиле јадењето. Забораваат дека и они некогаш биле студенти. Па,ја ставиле email адресата како начин на контакт. Професори се и нормално е студенти на тој начин да ги контактираат. Зошто станале професори ако и email-ови им пречат? Ало, 21 век е. На крај краева,треба да објават повеќе информации за испитите по нивните предмети штом толку им е мака да читаат email-ови и да праќаат одговори. И осет им фали. Не им паѓа на памет дека студентите кои ги контактираат можеби се многу чувствителни или анксиозни лица. Остриот критикувачки тон не е добар начин на комуникација.
Од денешни радости издвојувам тоа што влегов во панталони што ги носев пред 1ипол година кога бев послаба. Интересен ми е процесот на слабеење, уживам кога гледам како секој месец се повеќе ми се менува телото и облеката.
Солзи радосници кога блиска другарка ќе се омажи. Можи до сега најмногу се расплакав за неа. Баш ми е мила, мислам дека многу добро дете најде и ќе ја чува. Ама секогаш со тоа мажење на другарка, знам дека губам уствари другарка. До сега 90%, после мажење "исчезнуваат". Се надевам дека нема да биди така и овај пат..... и ќе продолжиме кафиња да си пиеме...
Колега од слична бранша ме напиња веќе четири месеци да излеземе на кафица. Да споделиме искуства во однос на нашата професија. Одложував, и бев културна колку што се може, но гледам типов упорен до бол! Ама денес ми пукна пи*чна жила да ми прости тинејџ популација на форумот.. Плус пмс у алерт, и ни две ни три му плеснав: ,,Друже, со целосна почит ама и да сакам немам време да те ебам, иако не сакам". Tипов во шок, на апарати. Што ради речник, што ради фактот дека бев префина изминативе месеци со што културно му дадов дознање дека ''it's not gonna happen" и дека сме само пријатели и колеги. Ma не, не му ни дадов дознање, него сурово во секоја десетта реченица се повторував папагалски. Е сега, проблем е што ликов ми беше добра врска зошто е спонзор на некое си таму NGOSDQ ти реков - ми рече организација што значи можев да го искористам како карта за поголем успех. Ама брате, кога запна ко педофил за лижавче по мене како да останам присебна?!? Четири месеци да не кажам на што ми се качи, не смеам да бидам толку безобразна, ќе ме опоменат и цензурираат модераторите.
Влегувам во Tezenis да разгледам,онака љубопитно се вртам и немаше ни минута како влегов едно младо девојче се врти по мене, стои до мене,ја сликам нешто на дм му праќам стои и гледа во мене. Леле мразам значи сијалица до мене да имам. И ни две ни три и реков “Девојче те молам не оди по мене незгодно ми е,ако ми треба помош ќе те викнам”. Таа само кажа: “Ааа добро”. Кажи бар “Извинете така што се осетивте”.
Најсилни сме кога ќе ни го ранат срцето силно тропа се бунтува прави простор за друг да љуби врели солзи ќе пресушат а душата топла ќе остане. Неколку мисли кои ми поминаа низ глава добро утро
„Луѓето сакаат да се во наше друштво поради нивната внатрешна празнина и досада. Ако почувствуваат дека ни се потребни, тие стануваат нервозни и арогантни.“ Суровата реалност на 21 век, сакаат секогаш да си им на послужавник, ама да не биде обострано
Некако осеќам некој глуп притисок. Следната година сум на три свадби на преблиски другарки. Го мразам тој муабет ‘ајде па ти кога’ или ‘има Славица еден братучед за тебе’ или ‘сега бирај после да не те бираат хехе’. Ми се повраќа уше од сеа. Реално, животот ми е похаос него било коа, за нишо не мислам дека сум способна, посебно не за да изградам чист и искрен однос со партнер у скоро време. Лошо ќе звучи ама преискрено, не знам ни дали некогаш ќе бидам у стање да трпам друга особа поред себе. Немам нерви, ни трпение, не сум веќе склона кон компромиси и имам потреба можеби, но немам желба. Постарите секогаш се полни со прашања и очекувања, а јас апсолутно не знам дали некогаш ќе ги исполнам истите. Не верувам. И така, у принцип од глата си патиме…