Вчера после години поминати се движев околу МАНУ и се потсетив на периодот кога бев студент. На момент посакав да се вратам назад во времето кога бев студент. Едно-две предавања, повеќето интересни. Пешачење по 4 км у правец за до факс и назад. Кафенце и css со саати, дружење на сервер, заебанции. Гледање серии, епизода по епизода, од попладне до вечер. Дремење у парк со друштво, седење на "3те дрвја", витач, цигари (not that I'm proud of), музиче од мини звучник поврзан за моб, хеке, Маракана. Хардкор свирки, пеење, скокање, шутки. Можда незрело од моја страна, ама ми прифалува тоа време, таа слобода. Од друга страна пак, едно од најубавите нешта што ми се случиле во животот е кога бебуш ми заспива на меше, па си лежиме гушнати. Тоа ми е пикот на денот деновиве.
Од толку школи низ Македонијава мене ме најдоа да ме тестираат од понеделник. Нека ми е со среќа. Иако неќам. Ионака сум настината ако искочи позитивен си ебав векот.
Количеството на стрес си го мерам со кршливоста на ноктите, плус желбата да ги изгрицкам кога сум напната и под стрес. После долг период, не ми се кршат веќе некое време и успеав пак да ги потпораснам. Се надевам ќе си ги вратам у форма ко порано во средно кога ми беа долги и преубави.
Тоше,легендо... И по толку години боли како тој ден. Фалиш.Фали твојот глас. Во твоите песни испеа големи вистини. Слава ти. Какви луѓе има на овој свет,бре? Го тераат некој да се запраша баш како што пееше „што е тоа во луѓето тажно што живеат во животи туѓи“. Називот „луѓе“ не треба да се користи за нив. Се мешаат кај што не треба.Постојано им наоѓаат замерки и им го кршат духот на други. Ги уништуваат.И во тоа наоѓаат задоволство наместо да си ги средат нивните дворови. Секој треба да стои подалеку од такви.Таквите заслужуваат само самотија.
Како стареам се помалку ми се допаѓа овој алчен, суров и лицемерен свет. Никогаш не умеев и не сакав да се претопам во толпата, ама јебига, некогаш на човек му здосадува само да го врти и другиот образ.
Вчера дојдоа гости, не сме се виделе долго време, па како и секој гостин мора да праша да се пофали, всушност женава не престана да збори како ќерка и завршила факултет, магистар, докторирала, како барала работа (значи друг да ја вработи) како платата не била соодветна за нејзиното образование толку учење за мала плата, доаѓа до момент кога ја прашува мајка ми , а Теа што, заврши факултет? Работи? На што си земав за право да и одговорам, дека се отпишав од факултет, запишав курс на кој ме научија да имам појма да се научам утре ден да работам нешто а не да чекам друг да ме вработува, впрочем отворивме сопствен бизнис и без срам можам да кажам дека платата на ќерка и ја зимам во еден ден, преку други луѓе кои работат за мене. Не знам, факултет, магистри, докторати, што?
Што е предзнак дека е почнато гласањето односно дека се почнати изборите? Сите се пицнати и средени како селско дете за на вакцина.
Сдк дека ми се повраќа од лажни христијани што вришти ароганција и осуда од нив. Али ај, вие сте една од причините зошто се повеќе атеисти има и според вашето верување за тоа ќе мора да одговарате на крај
Го гледате она што сакате да го видите. Наоколу. Во луѓето. Во се'. Го гледате она што го имате во себе. Да се држиме до доброто, до убавите нешта. Ги има. Сонцето се' уште свети.