Сакам да кажам... (без цитирања)

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од RainBow, 5 февруари 2019.

  1. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Што убава работичка во државна администрација, цело претпладне таа си средува слики од фамилијарен албум, па колаж си прави, па овој е поубав или не гласаат колегите, да се помачат да сработат нешто и гласањето не е лесна работа. Ете им тргна од вчера во неработен ден со таква работа- гласање па да си продолжат со исти активности и денес на работа. Што убаво здружни, вредни се занимаваат со решавање лични проблеми на колешката, па максимално колегијални се бре, кај се наоѓаат вакви добродушни и вредни колеги. А на шалтер им чекаме ние граѓаните од чиј џеб тие зимаат државна плата, чекаме за услуга која законски ни следи ама не, нема никој да ни пристапи дека побитно е да се гласа кој колаж од слики од фам. албум на колешката е поубав за на фб(facepalm) :D
     
    На Rama, LejlaD, Kanya и 3 други им се допаѓа ова.
  2. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.270
    Допаѓања:
    50.868
    Пол:
    Женски
    Да не ме фатеше короната немаше да почнам да чистам цела куќа.
    Денес на ред е кујната се извадив, избришав и се ќе наредам како што треба.
    Порано немав време така набрзинка ги забршував работите.
    Сега имам 10 дена има цела куќа да светне. :D
    После тие 10 дена излавам и фаќам патот некаде. :D
     
    На Rama, LejlaD, mal.ecka и 3 други им се допаѓа ова.
  3. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.707
    Пол:
    Женски
    До све ми е дојдено, до живеење НЕ.
     
    На bluepancakes, Limpan, LejlaD и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.492
    Пол:
    Женски
    Проблемот кај повеќето девојки е што мислат дека момците комуницираат и размислуваат на иста бранова должина како нив кога станува збор за љубов и емоции.
    Но, вистината е малку поинаква. Вистината е дека машкиот перформанс, спроведен во пракса не е толку рецептивен кога станува збор за изразување чувства бидејќи разликата е биолошка и психолошка. Од таа причина наивните жени најчесто завршуваат со нереални очекувања во "среќни врски". Затоа што гледајќи низ розовите очила не забележуваат дека несвесно прават повеќе компромис во врската. Идеализирајќи го него, Mr. Perfect. Не сите, ама повеќето жени се вакви за жал и се лутат кога тоа ќе им го посочиш, ставајќи се во дефанзивен mood, при одбрана на нивните ставови и нивната фиктивна врска.
     
    Последна измена: 18 октомври 2021
    На Rama, Love 83, LejlaD и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Okica

    Okica Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2012
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    485
    Колку е тешко да си во исчекување.Ама ако, чекам. Имам надеж. Таа ме прави силна да издржам.Ако го дочекам тој ден, да ми се исполни желбата ,ветувам, први вие ќе дознаете мои непознати пријатели. Знам дека повеќе ќе ви биде мило на вас одколку на лажните пријатели, а богами и роднини.
     
    На Rama, Limpan, LejlaD и 4 други им се допаѓа ова.
  6. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.208
    Допаѓања:
    175.964
    Пол:
    Женски
    Размислувам како да се крева свесност за ментслно здравје кај луѓето. Да му се валидизираат чувствата и да му се врати моќта нив или... Да се невалидизираат како неважни. Пошто друга опција и нема баш. :)
     
    На Rama, LejlaD, GirlRose и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.265
    Допаѓања:
    57.690
    Пол:
    Женски
    I have a dream дека некогаш луѓето ќе престанат да ставаат на кантар различни ситуации за да ги споредуваат на кого му е потешко и кој има повеќе право отворено да се чувствува лошо, а кој нема воопшто право туку е само мрзелив и неблагодарен.
    Валидизирање чувства? Ќути таму има и полошо, ти најде да се жалиш оти имаш проблеми со нешто банално како испити и факс кога некои едвај преживуваат или плачиш дека ти умрело мачето кога некои плачат оти им умреле родители или деца.
    Ментално здравје my ass.
     
    На Rama, LejlaD, Hellobeautiful и 13 други им се допаѓа ова.
  8. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    7.436
    Пол:
    Женски
    Многу, многу значи еден убав збор. Разубавува ден, крева нечија самодоверба, раѓа чувство на лично задоволство, создава мини чувство на газење по облачиња.
    Позитива и љубов, тоа ќе го спаси светот, па колку сака нека звучи како клише.

    Ќис :sun::sun::sun:
     
    На eliesaab, Rama, Limpan и 10 други им се допаѓа ова.
  9. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.951
    Допаѓања:
    31.488
    Има нешто шо не е поскапено?
    Нешто се спомна ќе поскапува и тие начекаа на се цени кренаа, ајде ура.
    Секој пат се повеќе се чудам на сметката кога ја земам од каса.
    Браво, само така!
     
    На minne992, Rama, Love 83 и 10 други им се допаѓа ова.
  10. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.400
    Пол:
    Женски
    Со овие 8ци заби се мачам 4 години.
    Кога ќе им текне одеднаш делче по делче да растат, ќе ме заболи така лошо неколку дена што мислам дека господ во пижами го гледам. Ајде веќе пораснете, доста ме мачите. :D
     
    На BlackMistery, LejlaD, Billy Idol и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Што к'смет ќе имав и во претходниот стан и во сегашниов да ги погодам комшиите љубители на марихуана, човек да не може прозор да отвори воздух да влезе :@
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.400
    Пол:
    Женски
    Секое утро некој унервозен граѓанин корисник на ЈСП ми мрчи како у бусот мојот ранец многу место фаќал.
    Уште еднаш ако некој ме замара посабајле ќе земам ќе го извадам анатомскиот атлас од ранец шо е 700-800стр, плус книгата од 500стр, па нека ми ги носи у рака ако му сметаат. Фмп.
    Преку глава од утрински мрчатори. :envy:
     
    На Rama, H.VAGA, MrenaRiba и 11 други им се допаѓа ова.
  13. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.492
    Пол:
    Женски
    Пред две години се случи да ја изгубам најдобрата другарка. Таа година пред да се разделиме се гледавме речиси секој ден. Си бевме голема поддршка бидејќи се справувавме со тежок период од животот. Но, работите излегоа од контрола кога паралелно на моите случувања, се случи и таа да открие дека е заглавена во токсична врска. Во целата збрка, така млада, изгубена и притисната од сите страни, почна во мене да гледа негативец и непријател. Личноста која ја бранев од сите, и ѝ помагав, се осмели да ми каже дека бидејќи немам работно искуство треба да прифатам работна понуда - чистачка на тоалети. Тоа за мене во тие моменти беше шокантно и понижувачки, бидејќи точно знаеше дека стремам кон поголеми цели во животот.

    Што се случи eдна година подоцна по нашата разделба? Јас почнувам успешно да ја работам креативната бранша за која таа со пасија раскажуваше, без стрес и проблеми, додека таа заглави во лавиринтите на животот, ги отфрли сите, и остана без стабилно место на живеење. Бившиот ѝ дечко, кутриот ми се утепа од аднување и пишување пораки мислејќи дека преку мене ќе се одмазди.

    Сепак, поентата е дека некои луѓе во животот некогаш ни претрчуваат само за да ни ги отворат очите со цел да видиме нови хоризонти. Бескрајно сум ѝ благодарна за овој духовен подарок, иако никогаш повеќе нема да ја примам назад во животот. Но, да не беше таа јас денес немаше да бидам слободен и задоволен човек. И, тоа е една од најважните лекции кои ги научив во животот. Така да ако читаш - фала ти, се надевам сфати дека во животот сепак функционира кармата. What goes around, comes around. ;)
     
    Последна измена: 20 октомври 2021
    На Rama, Cherry blossom89, Love 83 и 7 други им се допаѓа ова.
  14. ¯\_(ツ)_/¯

    ¯\_(ツ)_/¯ Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2021
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    1.627
    Постојат денови кои едноставно сакам само да ги преспијам. Епа денес е еден таков.
     
  15. Lizi

    Lizi Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    1.401
    Пол:
    Женски
    Скд ми се повраќа каква омладина имаме!! Сред детско игралиште, аздисани, невоспитани, зборовите к.р ... и п..ка од уста да не се ваделе.. кршат прават, нови игралишта, скинати ланци, скршени даски...јасно ми е сè... потфрлуваме како генерации кои растеме и воспитуваме деца во вакво современо време...страшно!!! Ау, ми се повраќа!!!
     
    Последна измена: 21 октомври 2021
    На mssuniquee, Rama, Cherry blossom89 и 8 други им се допаѓа ова.
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.835
    Допаѓања:
    80.787
    Пол:
    Женски
    Простувањето и љубовта секогаш ќе бидат нешто најсилно и најубаво, а инаетот едно толку ниско ниво.
     
    На Rama, elimkd и eliesaab им се допаѓа ова.
  17. Rioers

    Rioers Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2020
    Пораки:
    778
    Допаѓања:
    2.732
    Пол:
    Машки
    Незнам кој и како ми хакна фејсбук:punch::headbang: едвај го вратив:sun:. Расипани едни :l::emo:
     
  18. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Кога размислувам за минатото, искуствата низ него, познанствата и пријателите си велам колку небитни работи сторив, на колку незначајни личности им придавав значење, им се восхитував тогаш, ама па си велам не биди престрога кон себеси, си морала да поминеш, видиш и запознаеш од се по нешто за да сфатиш некои нешта.
    Да научам што ме исполнува, усреќува и со кои особи би била на иста бранова должина, иако за никого нема гаранција дека вечно ќе ми прија, луѓето се менуваат преку ноќ. Им удираат во глава различни појави и мисли и се менуваат, а може па и си го покажуваат паравиот лик, кој да знае кога ете биле стекнати како пријатели низ времето и не сум ги познавала од мали нозе, може отсекогаш биле за никаде, ама ми правеле лице.
    Најкриво ми е кога пријателства од мали нозе, луѓе за кои рака в оган би ставила, се смениле и пропаднале. Ама пак убаво некој рекол подобро сам со себе, не е тоа осаменост, тоа е свесност за сопствените вредности, афинитети, желби отколку со многу луѓе да сум опкружена, а се се тоа лицемери.
    Е сега е најубаво да имаш некои пријателки покрај себе, по можност од мали нозе, тие според мене се вистинските и трајни пријателства и во случај кога како личности сте ден и ноќ ама се уште ве поврзуваат заедништвото, лојалноста една кон друга, почитта и најмногу и најважно љубовта:l:
    Пресреќна сум што имам такви во животов, не се премногу, можеби и на прсти на една рака се бројат, поточно на пола ама пак мои си се, најважни досега се надевам се уште и отсега па натаму:inlove:
     
    На Rama и Suhan им се допаѓа ова.
  19. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.707
    Пол:
    Женски
    Едвај чекам Понеделник и втора смена у школо.
    Овие пискотници дома не се трпат више.
     
    На eliesaab и quattro им се допаѓа ова.
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.115
    Пол:
    Женски
    Телефонот уште не ми е стигнат важно маски и фолии изнарачав. Ми нема рамен :D(facepalm)
     
    На LejlaD, Rama и Billy Idol им се допаѓа ова.