Женска логика no.1 Он бил стабилен, силен, доминантен, затоа не покажувал емоции. Ич не е до тоа дека е нарцисоиден психопат. Таков е дека бил прав маж, па природно било да не искажува чувства и молчи. Ич не е дo тоа дека не му се збори, туку само гледа на брзинка да те помине. Ах, таа проклета женска заљубеност и губење допир со реалноста. Жал ми е за сите вас што ги боите ваквите копуци во колоритен спектар, и одбивате да ја увидите реалноста која е потполно црно - бела. Зошто се жените толку наивни и простодушни? И зошто мажите се толкави идиоти? Вечни неодговорени прашања.
Закажуваш термин на државна кај специјалист, оти нели цел живот плаќаш здраство и одиш да те прегледаат, не оти така ти текнало тебе. Прегледот траеше цели 3мин. Од влегување внатре, да седниш, да те праша зошто појди и да те види на ехо, да ти напиши и да излезиш. Добро бе, земаат пари, ама пари и немој некој да ми речи дека сега специјалистите земаат ниска плата. Башка мито в џеб ова она. И ги мрзи, значи ги мрзи да те видат како шо треба, со ехо да те види. И после зошто луѓето кренале рака на доктор, зошто му се развикале, абе сигурно од многу убаво, од ќеф. Пу, дно дна!
Никогаш не би живеела во стан, немам ништо против живеење во стан, ама просто не можам да замислам да живеам во 5 квадрата бетон затворена со тераса, живот во село од секогаш ми беше желба и ми се оствари, природа мир тишина органска храна животот на село и во природа ни го чува здравјето
100 Награден(а): Пред 5 минути Магнет за допаѓања Твоите мислења привлекоа 20.000 допаѓања. Најверојатно имаш прекрасни идеи. Ај честито нека ми е, уште еден трофеј си лапнав.Овде да шерав идеи како што шерам во рил лајф, сите ќе ми ставевте прст на чело, ама чим тимот на Фемина смета дека има прекрасни идеи, така е Ќе се дружиме уште дечки, нема спас од мене
Секогаш во животот се водам по онаа скокни па речи оп и кога друг гледаш како скока поклони му се или не мора почит само имај зошто еден ден и ти кога ќе застанеш пред некоја бездна убаво сети се како треба и собери сили скокни, надмини ја па речи оп
Интересни месеци се пред нас. Посебно декември. Сумирање на настаните од годината што минува, планови за идната. Подготовки за претстојните празници. Шаренило и украси наоколу. Позитивна енергија. Дури и да ни фали некој или нешто, сепак ќе почувствуваме радост. За она што го имаме. Секогаш има нешто за кое може да бидеме благодарни.
Во основно имавме некој настап по повод за една прослава на школото и со другарка ми од клас бевме дел од тие што настапуваа тогаш. Преку брат ми и брат и нејзин што сега учат таму дознавме дека уште снимки што чувало школото од тогаш им пуштале на час годинава, за да виделе каква организација имало пред пандемијата, штета за нив сега не се организирале толку вакви работи. Иначе скоро нецела деценија има пројдено од тогаш ама уште сме популарни. Другарка ми: Знаеш зашто сега не ни иде у животот? Тогаш го достигнавме врвот на кариерата, да настапуваме пред толку луѓе, не може да има поголем успех од тоа јасно е. Уствари у право е, се осеќам како пејач што направил бум у животот со една песна и цела кариера ја врти таа песна пошо само по неа е познат.
Во една група за кучиња на фејсбук, човек си имаше објавено слика од кучето како лежи пред новоизградената куќарка. И одма дел од коментарите најдоа да го критикуваат. Жално било за кучето бидејќи е надвор, требало в кревет со него дома да спие, несовесен сопственик, немало да му е топло во куќарката итд. Па добро бе, дали поарно е да го пушти да скита по улица само? Како уличните кучиња? Зар стварно има луѓе што мислат дека сурово е да чуваш куче во двор и да си има своја куќарка? Секако дека не треба да е врзано. Ама луѓе што мислат дека ако не спие кучето во ист кревет со тебе е малтретирање ми се смешни. Сѐ додека основните потреби му се задоволени и му е удобно, што има врска дали е во двор или дома? Исти како оние што викаат дека животно не е за дома, само другиот екстрем.
Ете си поднесе Заев оставка И сеа што ќе се дешава?Мртва сериозна сум со прашањево, моиве слушаат на Сител не ми даваат до збор да дојдам. Прв пат се случува премиер кај нас да си поднесе оставка така? Што понатака, може некој да ми објасни?
Со нашите избори во политиката секогаш да ги казниме постоечките, „зошто немаме друга алтернатива“, се завртуваме толку силно што можеби ќе ја издупчиме земјата и ќе стигнеме до Кина! Ама дали ќе станеме Кинези? Ни најмалку...Како и да се свртиме ќе ни недостасува солидарност меѓу едните и другите, и работа на себеси, вистинска работа.... Лесно е да се мразат „другите“, („комуњари“, „врмроњи“, whatever) ама дали се сакаме себеси вистински кога правиме само полузавртувања и остануваме на исто место, со вртоглавица и нагон за повраќање?
1ви во месецот или време е да го прочитам новиот месечен хороскоп и да си се тешам со позитивните работи што ми ги пишале за месецов.
Нова недела, нов месец. Може и најважниот оваа година за мене. Големи и важни животни одлуки и постапки месецов. Нека ми е со лесно.
Онака кога во ПМС често пати сум многу разнежнета и многу лесно плачам за разни работи. Го мразам тоа.
Нема тема што ќе ја отворам да има нормална дискуција. Или караници фрчат.. Или навреди… Или клан против клан. Дај созрејте,ве читаат од надвор и гарант се смеат.
Почнувам да мислам дека се е џабе за било што ништо не се цени, мора да си лош за да почнат да те ценат.
Ќе звучам грубо во последно време барам место каде што ќе испијам кафе на раат,а да нема детски џагор. Да не слушам плаче бебе,дете вришти… Сакам да ја слушам водата,бродовите,ветерот… Тивко да е… Мирот си го сакам. Толку!
Не знам дали господ ми даде знак дека не е во ред тоа што го мислам,но само што помислив дека сакам да умрам за малку фалеше сообраќајна несреќа да направиме,ова не знам како да го наречам чиста случајност или пак некое предопредување. Сепак постои некоја сила.