Колку лица и да имаш , препознатлива е твојата суштина....зошто се мачиш на потполно ист начин ? Ако нешто посакуваш , смени го патот , не маската...
Истрпив да ми земат брис, боли, чеша, ама за морето се, а и вака со расчистени ноздрви има да го дишам морскиот воздух со полни гради. Сатрбакс кафе и бескраен морски видик на мени Море чекај ме идам
Секој од нас има нешто што друг го посакува. Работите кои ги земаме здраво за готово, луѓето кои паѓаат на колена заради нас, можеби дел поврзан со физички изглед, карактерна особина, некој пат во животот… Постојат работи кои ги имаме, но и те како не ги цениме. Ова апсолутно од секогаш ми било баш жално и депресивно тажно. На страна од ова, ми треба нов маникир и масажа. Живеам многу убави денови, на фина локација, со надеж за уште подобро. Ќис
Бременоста е наука. Многу ретко да запознаам бремена жена во петти месец од бременоста која нема прочитано бар десет тома научна литература поврзана со овој период од животот. Башка што 90% од терминологијата не ја разбирам воопшто. До скоро вонтелесно оплодување да не кажам како ми звучеше.. Ај ќе кажам... како плодност добиена како резултат на паранормална интервенција. Шала на страна, од едукациона гледна точка, а потоа и од физичка односно практична, бременоста ми излгеда како еден од најтешките делови од животот.
Пред неколку години кога mojagarderoba.mk го имаше достигнато врвот на своето постоење како македонски сајт за продажба на second hand облека си имав направено профил таму, разгледувајќи низ профилите видов едно ланче со буфче,некоја имитација на сребро. Во тоа време доста беа популарни тие ланчиња паметам дека немав пари за такво ланче. Ланчето чинеше 150 денари и тоа беше луксуз за мене. Го начекав кај една девојка која имаше најголеми фидбек коментари и ѕвездички и со денови се обидував да и пишам дали би ми го дала за 100 денари ( толку имав собрано,а го посакував многу ). Собрав храброст,се сеќавам и пишав и бев многу возбудена. Девојката ми врати само со “НЕ!!!” Не пиша ни здраво, ни извини, туку категорично не. Ми дојде грутка во грло,се осетив мизерно и засрамено. Можеби нејзе и требале 50денари плус,можеби не била расположена и никако не можев да си најдам соодветна утеха па така набрзо го згаснав профилот. Во сплет на околности со една другарка направив друг заеднички за продажба на шминки и не знам што ми текна пак се логирав на стариот и видов порака од девојката дали сум заинтересирана уште за ланчето. И го отворив профилот и видов дека и беше паднат рејтингот. Не и вратив ништо,се одлогирав. Поминаа неколку месеци,ланчето со буфче си го купив сама од пазар кога му спадна популарноста и скоро секоја втора го имаше. Сеуште го чувам во кутијата за накит во Мкд а самата случка ми остана во сеќавање како поука. Денес можам да купам 100 такви ланчиња но сега тоа не би имало никаква сентиментална вредност.
Кога немав толку многу во џеб освен тоа што го заработив со мн.учење, труд и мака наградени преку примање стипендија и имав неколку фармерки/панталони, неколку маички и блузи, скромен гардеробер до таа мерка што татко ми кога замина во странство да се оперира, пред да легне под нож на мајка ми и рекол да купиме за децата алишта ќе им се најдат бев најсреќна на свет. Бев најсреќна не само што преубави алишта добив, туку беа од него, бев најсреќна зошто ги имав нив двајцата до мене. Сега имам се на претек, заработуваме со мм, добро ни оди, ама мене срцето ми е пола мртво, умре тој ден кога тој почина, ми го замрзна половина срце една студена зима. И се што имам ништо не ми значи повеќе од тие неколку алиштенца убави, преубави во моите очи бидејќи беа од него. Сакајте си ги родителите, гушкајте си ги додека ги имате и радувајте им се макар на домашната трпеза макале со нив сол, лепче и пиперца. Ниеден астал со млеко од пиле на него не ме израдува и нема емотивно да ме исполни како најскромната софра со нив и брат ми.
Сешто сакам е следнава година да се разбудам во свет во кој короната ќе премине во обична вироза. Замислувам како некоја драга личност ми јавува да одиме на пинг понг, а таму за влез да не бараат сертификати за вакцинација. Сонувам слободен и колоритен свет кој како стојат работите се по извесно е дека нема никогаш да го дочекаме.
Некогаш се појавуваат одредени личности, со кои си мислел дека никогаш нема да оствариш контакт. Ми ја разби монотонијата.
Оние горди ( па дури и возгордеани) „бранители“ на „малцинства“ и “опресирани“ кога ќе се судрат во реалноста со тие „другите“ што не спаѓаат во нивната претстава за „малцинства“ и „опресирани“, стануваат исто толкаво „мнозинство“ и „опресирачи“ колку што се тие од коишто ги „бранат“ првиве... Си одгледуваат по едно мало Хитлерче кое е „невидливо“, сѐ додека е во функција на „нивната претстава“ за „малцинството“. Тоа е исто како да селектираш отпад, а живееш во зграда што произведува пластика колку цела област во Керала; си веган, а имаш IPhone 13, за чие батерии од кобалт работи армија од деца, во рудник во Камбоџа; донираш коса за жена болна од карцином, на панкреас, а купуваш од продавница за чија облека некој во Кина работи 14 часа во фабрика како да е бројлер, во индустриски кокошарник, и целата се загрева на јаглен и медицински отпад; читаш книга за менаџмент и работна етика, а купуваш книги од Amazon.com по „ниска цена“ (каде луѓе се олеснуваат во пластични шишиња, бидејќи немаат време за каква било пауза ); сакаш повеќе зеленило во градот, ама се возиш исклучиво со автомобил и очекуваш улиците да сѐ се пошироки; браниш женски права, а мразиш муслимани и се исмеваш на трансродови; одиш во детали за сексуалноста на жените (и очекуваш сите да знаат), а никогаш не си помислил за сексуалноста на телесните инвалиди; осудуваш генерализирање на особините на жените, а ги генерализираш тие на мажите, итн.... Секако, не мора за сѐ ова да знаеш и да си свесен, но барем биди свесен дека можеби не си свесен и не знаеш, биди барем поскромен, и имај минимум доблест да ја разбереш страната на другиот, кој не мора да е беспрекорен оратор и вешт, во аргументирање. Можеби не е среќен како тебе да а научи да се изразува, а можеби и е подобар од тебе од тоа, и не сакаш да го сослушаш, туку само да ја кажеш својата страна... И ако веќе структурно не можееш да ги смениш нештата, не инсистирај да го кажеш последниот збор, и помогни на друго место, каде што можеш.. Инаку, твојата „одбрана“ ќесе претвора во цинизам, feel-good стратегија што ти ја „гали“ суетата, и имање премногу време на располагање. Светот е многу покомплексен, страдањето сеприсутно, луѓето различни.
После неколку дневна престимулираност и ментален распад денес го имам единствениот продуктивен ден во секој аспект шо веројатно и ќе е последен наредни неколку месеци. Продуктивнот на рати - да. Апсолутна продуктивност... Не е силна страна.
Се уморив премногу деновиве од луѓе околу мене. Цело време разговори, прашања.. Одвај чекав вечерва да дојди, да бидам сама, без некој да ми зборува, да ме прашува..
Nadgradba na kosa, japonski kineski vegi, svileni vakvi onakvi trepki, fileri na usta, vestacki zabi oti da ste vodele griza za niv nemase na 30 godini da gi opravate, fileri na obrazi ,na gazot, botoks na site strani..sminka 5 kila i vie se smetate za ubavi? Bez toa i ogledaloto ke se skrsi od "ubavinata". I baba mi ke bide ubava so seto toa na nejze Toa ustite ko patki na nisto ne vi licat, duri iritiracki i gadni se Oprajte se
Станав на лева нога Оти сум бил таков? Оти ги испофаќа сите лебови во маркет. Не очекував волку добар старт на денов. Убав поденеделник на сите
Јас сум чоек на контрадикторни чувства. Знам дека вредам. Знам дека заслужвам некои работи. Знам дека не сум безначајно лајно. Ама не можам да не се осеќам ко натрапник, ко да не вредам, ко се лошо шо се случва да сум го задлужила, невредна за пријателство, невредна за љубов и нежност. И така.
Сакам да работам и да имам свои пари. Сакам да праам нокти. Сакам да праам веѓи. Сакам да праам третмани на лицево. Сакам да праам масажи на телово. Сакам да идам у теретана. Сакам да си ги избелам забите. Сакам мало станче кола, ама полно со љубов. Кај сакам да идам кога сакам да си се вратам. Сакам косава да си ја средувам. Сакам кога ќе отидам у продавница првото нешто што ќе ми се свиѓа да си го купам. Сакам да донирам на луѓе. Сакам да чувам животни кучиња, мачиња. Сакам да имам свои пари, да си задоволувам свои желби, да не чекам и прашувам други. Ама нема. Изгледа многу барам. И се расипувам. А можеби ова се сосема нормални ствари што веќе ги имаат другите а мене ми се "луксуз".
Периодов ми е пак за никаде. Денов го одебележа повторно еден лош настан, едно недоразбирање заради кое моја многу блиска личност се почувствува лошо и бедно поради ароганција од трета личност. Обично не фрлам клетви, не сум таков човек, не сакам никому зло, ама денес посакувам оваа крава никогаш аир да не види во животот, и се најлошо да ја снајде. Да пати и се почувствува токму онака како што се почувствува моја блиска личност денес. За блиски колнам и убивам. Нема да е прв ни последен пат. Проклетници.
На човек му се обраќаш со почит, со смелост и доблест. Ароганцијата само го уништува впечатокот на другиот за тебе.
Ова секогаш ми било многу убава идеја, да си штедам за некое подолго патување во повеќе земји истовремено. И се надевам дека еден ден ќе си ја остварам желбата за едно подолго патување низ светот , па и не мора цел свет и низ цела Европа да патувам ќе бидам задоволна. Иако покрај трката со животот да се обезбеди живеалиште, автомобил и други поважни работи во моментот, не секогаш ни се во предност патувањата и не останува многу на страна за нив, ете се надевам ќе успеам некогаш да издвојам заштеда за некое големо патување. Една од најголемите желби ми е дефинитивно.