Не знам кој е потажен во целата ситуација. Првиов што пишува од мобилен и звучи како синтаксички bot со погрешен Python алгоритам за учење јазик, или овој „досетливиов“ Ламбе што сѐ пресметува преку „попусти“. Пинг-понг цинизам, а сите губиме, додека се исмејуваме...Лингвистички и културен „Титаник“.
Ептен ми е satisfying кога некоја шминка, крема било што од тој тип, толку ми се допаднале што ги користам до крај максимално. Па дури сега и на една крема исеков и паковката за да ја дотрошам ептен до крај пошо преубаво мириса и ја обожавав. Онака задоволна сум од тоа што сум избрала убав производ да си купам и што до сам крај не ми здосадил.
Оваа година одлучив да верувам во дедо мраз и он верува во мене те сакам дедо мраз ти неможеш да ме разочараш
Какви страшни соништа ме владеат во последно време никој не би замислил. Од каде на мојава потсвест толкава сила и моќ за такви сништа. Еден убав дали имам сонувано,мрачни,премрачни. Страв ми е веќе.
Смешни ми се луѓе кои секаде лајкуваат, и во секоја вжештена преписка они на сечија страна се, со секого се согласуваат иако ставовите поспротивставени не можат да бидат Немој да ја расипиш "калимерата" со некој
Колку е преубаво небото во есен, особено кога сонцето заоѓа. Можам со часови да гледам и да уживам во таа розово сина магијата на небото.
На прашање зашто умираат луѓе од корона, прво на удар затоа што не се вакцинирале, сериозно? Дали некогаш некој така наречен доктор ќе се батали од робувањето колку да му поминат тие саати што треба да ги одробува и ќе биде искрен дека се помалце луѓе живеат здрав начин на живот и се помалце го почитуваат законот на здравјето? За се е корона крива
Не романтизирајте траума. Не пораснавте ради траумата, не станавте појаки ради траумата. Пораснавте ради вашите капацитети. Станавте појаки ради вашите капацитети. Не мора да доживеете траума за да бидите моментална најдобра верзија од себе.
Злобни луѓе на сите страни. До вчера едно прават, утре ден ти мачкаат очи дека не е така. Ако сум добра и трпелива со вас не значи дека сум глупа, и дека ќе дозволам понатаму да ми се какате на глава. Море мрш таму.
Некои луѓе на форумов ми го прават денот, да си се посмеам кога ќе отворам тука.Многу е интересно кога немаш self awareness, напорно е ама и смешно од страна.
Последните недели разбрав дека секој што се дружи со мене е од корист и дека јас всушност немам ниту една вистинска пријателка. Да треба да се избере помеѓу мене и помеѓу друг тој другиот ќе го изберат а не мене. Болно е премногу,молчам само за да не останам сама.
Јас стварно не знам од каде ми излегуваат овие крипи сонови, ме пукнаа, веќе 10 тина дена не сум се наспала како човек Јуни и ноември да не се месеци на сонување Знам дека е сон, и не придавам значење ама од каде толку луге и толку страшни работи што ги немам промислено никогаш, не ми е јасно
Лесно е да вадиме претпоставки кога не сме во кожата на оној кој се соочува со проблем. Ако на нас не ни се случило не значи дека на друг не му се случило. Каде замина емпатијата,бе?
Верував дека целта ќе се постигне и секако дека уште поголеми предизвици ќе има, но сето ова вложено време и труд беа добра пракса и подготовка за сѐ понатака. Едвај чекам.