Imam strav, se plasam, zoso ne mozam da si najdam decko, ne sum tolku grda ne svakjam sto e rabotata?!
Жена на жена најголем непријател. И сега можам да редам ситуации од животов да го поткрепам кажаново, да се убедувам повеќе себеси или друга што ќе прочита дека е така, ама не, не е битно тоа повеќе. И ми текнува на емисијата по смртта на Влатче, за која сите знаеме што ја предизвика и водителот или водителката еве не памтам што пол беше, небитно, отвара тема да се споделат ризиците од тоа што правеше тој и го доведе до кај го доведе и фацата на Силвија кога се отвори таа тема, ама никад нема да ја зборавам. Како што збориш бе ти? Па по неколку год. од тоа истата да е фатена у шверц. Ете таа фаца нејзина ми е отслик на денешново човештво, мизерни, лецемерни, недозреани, искомплексирани луѓенца и често се ставам на мисла па во каков свет со какви луѓе ќе расне и живее моето дете. И ретко се отварам со било која на оваа тема, ама ми се испушти со најблиска и ми рече ти само роди си го тоа ќе си го најде својот пат во светот, се друго е небитно. На толку ќе останам зошто по тоа останав и се уште сум.
За нешто што имав мала надеж успеав и тоа да го упропастам поради страв. Сакам барем еден ден да живеам како за ништо да не ми е гајле, за ништо да не размислувам.
Како можи во здраствена установа да нема шприц и игли и да те тераат сам да купуваш Еден шприц 4ден е, да донираме ако не!
Едноставен човек сум. Почитувам слободна волја, дејство, размислување. Некогаш превише блебетам (тоа е карактерситика која работам да ја коригирам). Но, и мудро молчам кога ќе проценам дека е тоа потребно. Помагам колку можам. Хуманитарец сум во душа и срце. Често пати од петни жили пробувам да одам против своите принципи и сфаќања за да угодам на друг. Жртвувам и дел од себе ако треба и не жалам. Правам сешто е во моја моќ да ги заштитам оние што треба, зошто сум добар тимски играч и сум се нашла на другата страна од теренот каде сум била обесправена. ...Ама еј, нели пробаш да ме изнервираш, навредиш, проколнеш, и тоа трае без престан... Е тогаш, сите мои прекрасни карактеристики и техники за самоконтрола паѓаат во вода истиот момент и станувам ѕвер покрај кого е опасно да се биде, и тоа во секоја смисла и физичка/вербална. Да, ок, компромисите не доаѓаат со агресија и расправија. Но, верувајте има луѓе со кои си пробал милион техники, методи, разговори и буквално НИШТО живо не помогнало за да сфатат дека проблемот е во нив. Одбиваат лекови против хистерија, одбиваат психотерапија, одбиваат психијатриска помош. Од ден на ден тонат, а ти само седиш немо во аголот и гледаш како и последната капка душа им оди во неповрат дур во тебе се калемат безброј трауми. Истите те убедуваат дека тие се здравите, а ти си луд...ти си оној кој не чиниш! Што со таквите? Ги има многу..премногу. Каде да се носат, како да им се помогне кога ни самите не сакаат помош? Каде да се побегне сред пандемија со ограничени ресурси и финансии? Прашања милион, одговорите лебдат, а ти пловиш сам. ...Само се молам што побрзо да се заврши ова лудило, на било кој начин за да си ги дореализираме плановите и соништата за иднината...ако е тоа некако возможно.
Секогаш сум размислувала што е тоа што секогаш ме влече кај тебе, како конец да постои од моја страна што е врзан за тебе и постојано го влечам. Како секогаш да те чувствувам и знам како се чувствуваш и ти во овој момент, се чудам на толкавата поврзаност. Што е тоа што прави секогаш да ти се враќам тебе? Ти немаш ништо што ме привлекува, ниту поседуваш, ни физички ни психички ни емоционално, никако. Можеби и тоа е она кое не привлекува во останатите, тоа што го немам во себеси и се трудам да дознаам што е тоа во тебе.
Ме боли тоа што сум глупава, проста, смотана. Ме боли тоа што пропадна денешниот план. Ме боли тоа што сум дебела. Ме боли што животот не е фер. Ме боли тоа што не сум свесна што ми се дешава. Ме боли тоа што не ми е реално. Ме боли тоа што не е ова животот што сакам да го живеам. Ме боли тоа што буквално 10мин сум среќна после таа среќа пропаѓа. Ме боли тоа што немам со кого да зборам, а не сакам да ги пунам луѓето со негативности. Се правам дека ми е сѐ океј а уствари ми се умира.
Не ми се верува дека уште се споредува дејство на апче и вакцина.....озбилно И документација за оперативен зафат и документ за "доброволна" вакцина
Два дена поминав со нервози,а денес добив една добра вест. Нека продолжи да иде на добро. Потребно ми е.
Од новогодишни желби, да не мора никој да ме гледа попреку кога ќе сакам да накитам огромна елка до таван уште во ноември. Да ставам 5-6 метри долги сијалички во секоја можна боја, да носам божиќни чорапи и да пијам кафе или какао во божиќна шолја како оние на сликиве по пинтерест без да ми каже некој оти е пРеРаНо/пРеМнОгУ иМа зА сРеДуВаЊе пОсЛе, кОј ќЕ чИсТи. Ваков „хаос“ од сите бои, божиќни чаршавчиња, божиќни шолји и апсолутно сѐ во домот што вришти божиќно расположение - не се класифицира како хаос.
Една недела ќе се збори за несреќа, колку е жално, сите ќе станат експерти околу тоа што се случувало, па државата ќе е крива ќе слушаш од луѓе што купиле диплома и на сред век не ни постигнале нешто со себе, па како тоа Заев е крив за несреќата.. и и и .... молк. Толку. Се ќе се заборави јер нивен не загинал. Да беше загинат немаше да имаат време на нет да дудлаат. Ама и сами сме сведоци дека паметот е обратно пропорционално од тоа колку лаеме на нет... И така...
Никогаш нема да сфатам зошто контролорите во јсп се понашаат ко да се членови на некоја руска мафија.
Благодарна сум за добрите луѓе во мојот живот, тие што ме прашуваат како сум и навистина сакаат да бидам добро. Сакам само да ги гушнам и да им кажам дека им посакувам само убави работи двојно повеќе отколку тие мене. Тие се луѓето кои можам да ги барам во секое време и секогаш се тука за мене. Кои не осудуваат, туку охрабруваат. Кои ми мислат добро дури и кога сама не си мислам. Тие луѓе ми се мелем за рана, лек за душа. Нека се живи и здрави.
Разбирам дека случајот со автобусот и за жал загинатите треба што е можно побрзо да се реши. Разбирам и дека што поскоро треба да се земе изјава од оние кои за среќа преживеале, за да нема веќе шпекулации и да се утврди што точно се случило. Ама со кој памет ги снимаат за на телевизија во онаква состојба, само еден ден по несреќата?! Полицијата ќе ја заврши работата оти мора, и за нивно добро, ама ова со снимањето не мораше веднаш да се случи. Кутрите којзнае како се чувствуваат психички. Не сакам да замислам, не сакам да помислам. Пред твои очи живи луѓе да горат и пред твои очи животот да ти прелета и во последна секунда има трошка надеж дека можеби ќе се извлечеш. A можеби има и survivor's guilt, да не спомнувам веќе. Барем денес да ги оставеа психички да се соземат од оној настан. Години и години ќе треба да се опорават од ова.
Една од најбитните ствари во животот ми е да ми остане цврста самосвесноста за важноста на сегашниот момент. Но сфатив дека периодов ја отфрлам сегашноста мислејќи претерано често на минатото и сонувајќи за иднината. Сфатив дека всушност никогаш не уживам искрено и целосно во сегашноста. Секогаш наоѓав еден куп маани, а сега гледајќи наназад ми фалат многу нешта и сфаќам дека ништо не сум ценела. Така е и сега. Најверојатно. Сигурно понатаму за некоја година ќе увидам колку бил убав овој период и ќе се покајам што не сум уживала како што треба. Тука сум, каде сум. Нема враќање назад. Во тој факт има исто толку убавина колку и носталгија за минатото. Животот е сега и секој момент е прилика за создавање убави нешта и уживанции.