Кога бев на возраст од 20 год. размислував како изгледа животот со величина поголема за две децении. Од денешна перспектива протната во 40+ почувствував како рабовите испукаа по сите параметри. Дали неуспешниот креатор може успешно да го "закрпи" својот труд?
Опсесијата е резултат на превише слободно време, па имате време да размислувате премногу и да се опседнувате со нешто. Затоа исполнете си го квалитетно времето и не се измачувајте себе си.
Зоран Заев се сликал со деца со даунов синдром, а долу коментар од ПСИХОЛОГ воедно и претседател на некој институт: - Конечно во друштво со интелектуално рамноправни на себе! Чекај, што??? Свесен е дека сакајќи Заев да го навреди, излезе најголемо гомно? И после зошто луѓето не оделе по психолози, зошто народот бил мрачен и депресивен, зошто немаат доверба на некој да се отворат... Еве зошто...Зошто секакви идиоти имаат диплома и паметот им е во други работи наместо во тоа што треба. Се надевам под итно му е одземена лиценцата за психолог, а дипломата у газ да си ја начука пошто секако за друго ништо не му служи. Значи потежок идиот одамна немам видено.
Животно достигнување на маЌедонец е кога ќе се слика со политичар на митинг и ќе ја стави за профилна.
Мислам дека возењето со 2ка отсекогаш ми било кошмар, но овојпат го достигна врвот. Мајка со дете од околу 4г, тргната да се симнува на долниот кат, затоа што се сопна детето, силно го удри со тупаница по глава и почна да се дере, а детето плачеше ептен. Не се воздржав, реков дека е само дете, зошто го удри така, ми врати нешто со дрзок тон, на албански јазик, не ни разбрав што е и се симна. А притоа во автобусот почнаа луѓето околу мене "девојче, со вакви не можеш да се разбереш, зошто се мешаш, овие така животински децата си ги воспитуваат". Зошто луѓето не реагираат на ова, дали е нормално детето да го удриш толку силно и тоа за глупост, па и пред толку луѓе, а дома не сакам ни да помислам, а згора на се па и коментарите околу мене. Како може да замижуваме на вакви работи, а и зошто толку осуди во нас? Воопшто не ми се допаѓа ова општество...
Свесноста е многу битна работа за која ние не сме свесни,не сме се свесни и не живееме сега и овде,тука дозволуваме мозокот да ни шета те во минатото,те во иднината,а тоа носи тага,депресија и анксиозност,кога ке се освестиме се прашувам?
Мајка ми го научи папагалот да вика "Циф Циф". Јас не можам да го научам да ми стапне на прст. Секој ден "Циф,циф".
На почетната на Фемина читам статија за ракометарите и тоа дека откриле каков накит сакаат. Отварам, мислејќи дека зборувале за машки накит, а доѓам до дел каде што зборувааат каков накит жените требале да носат и откриле клучна информација: "Елегантен и минималистички накит кај жените е она што тие сакаат да го видат." Да ете, баш ни фалеше ваква информација Мислењето е премногу важно за целиот женски род Спомнуваав и претходно, до кога со статиите: Мажите преферираат ова да го видат кај жените, оваа боја мора да ја носите за да го освоите, престанете да ги носите тие и тие работи оти мажите ги мразеле и така во недоглед. До кога?
Вчера излегов првпат, вечерта во викенд после долго време. Излегов околу осум часот, бев на некој настан, кога излегов од таму што да видам пред локалното кафуле. Се наредиле деца, чекаат ко сладолед да делат. Ај, ќе речиш не се деца и стварно не личеа девојчињата. Пренашминкани во фустанчиња и на штикли качени скоро сите, а машкиве ќе ги познаеш дека се основно, ниски. Така уште во 22 h, јас си одам дома, а тие излегуваат да си се журкаат. Само се прашувам како ги пуштаат и од дома плус ги знаат. Прерано си го згаснуваат детството, жално.
Ми треба одмор. Бар на 2 дена да сум сама некаде. Не сакам луѓе во близина. И онака не ми е гајле за другите, ама тие некако многу се замараат со мене и со глупости. Нека прави кој и што сака не се мешајте секаде.
Видов слика со две сестрички и ми се вратија милиони спомени. Поголемата држеше чадор и пазеше за помалто сестриче да е под него на суво, а нејзината рака и коса беа мокри жива вода....а и таа е само дете. Ме потсети како јас се грижев за брат ми кога бевме мали. Пазев безбедно да појде во училиште, дали купил да јаде, да не е повреден или излажан. Имав чувство дека треба секаде и секогаш да го заштитувам како постара сестра. Тие спомени како вчера да беа, а тој денес е повисок од мене, посилен, веќе оди на факултет, сам знае да се снајде, да се заштити како и секој нормален човек. Не му требам да го бранам и штитам, ама секогаш му требам за разговор и слушање. Наместо проблеми да кажува на фејк другари, знае дека најдобар и најсикрен совет ќе добие од мене, па често и без проблем ми се отвара и за најголеми проблеми. Како брзо лета времето...До вчера имаше проблеми со деца кои му ги земале играчките, а сега веќе зборува за девојки и испити. Навистина треба да се цени секоја секунда, пошто еве, дур трпенеш веќе дошла друга година.
"Јас сум рекла дека не сум феминистка? Не бе, хехе, јас се зезав, знаеш. На шала малку." А да си признаеш дека не си феминистка и дека ти се јебе женските права? Дека се што правиш правиш за транс движењето, па и појавувањето на женскиот марш не ти е за права на жените, туку за транс движењето. Може нема толку смешно да звучиш Вака, како она: "Кој се тепал? Ние? Не бе, само си игравме. Тоа што по 3 заба ни фалат од играње е, хехе"
Денес втор ден без цигари ...после 13 години решив да не пушам и тоа е тоа .... до кога ке издржам ? Ке видеме до каде е издржлив мојот карактер ..!
СДК дека треба да се отовори тема : " Слободата на изразување во форумот" Гледам доста препукувања, навреди, отпревртување очи и солење памет..
Човек стварно не знае како да се однесува на работно место. Ако покажеш дека си глуп, ќе бидеш отфрлен по автоматизам, а ако си паметен ќе го најдат најподмолниот начин да го злоупотребат тоа. Once again, македонски газди, зошто некој одбира странција пред ВАС... па, после со вашите бедни изговори како на младите тука не им се работело, плс, избришете си го *'*от!
Ме иритираат глупаци кои што спомнуваат нешто што јас самата не го спомнувам. What the fuck wrong with you, man?
Си пуштив парно, облеков и дебел џемпер и све, и никат нема да можам да го сфатам феноменот на грч студени нозе до болка. Тоа е.. женски проблеми. Искрено може е себично може не ама ужасно ненормално ми годи тишинава после бурен ден, па користам иако ми се спие... Живот.. сонуваш, се надеваш, пливаш, де уживаш 1 ден одпосле 5 месеци страдаш како куче и така. Не за џабе се живеело за убави моменти а оние што болат до смрт да ги преспиеме најарно!!!!
Сакам да сум посамостојна личност. Сакам да знам да ги контролирам емоциите. Сакам јас да управувам со ситуацијата а не да бидам туѓа марионетка. Сакам да не ми зависи расположението од однесувањето на тие околу мене. Сакам да бидам силна, да не верувам на туѓиот сладок (лажен) збор. Сакам да бидам решителна и реална, да не ме мами привремен добар момент. Сакам да имам мир, а не да се будам и цели денови да ги минам со болки во телото од грижа. Не сакам ова да остане само на пишан збор, ама не знам ни како да го применам,