Кога сите околу тебе се болни и не знаеш дали да гледаш што повеќе да им помогнеш или целосно да се изолираш оти не смееш да си дозволиш да настинеш...
Депресија или барање внимание? Ама често се прави споредбава, депресија или барање внимание, како барање внимание да не означува своја симтоматологија подеднакво важна со било која друга психолошка состојба. Суштината на психолошките проблеми е некои имаат фатални исходи, некои не толку „драстични“ и тука се повлекува линијата кај одредени луѓе дека можи споредба. Дека има полошо. Дека не ти е најлошо. Дека „само“ бараш внимание. А, на што не се посветува внимание е дека сите одредени, помалку „тешки“ психолошки состојби, знат да бидат доста тешки и значајни за индивидуата. Можеби не е голема болка сега. Туку е малку помала болка с е к о ј еден ден. И то е товар шо не се носи од денес за утре, туку товар шо непреќинато го носиме секој ден. Товар шо денес можиме да го носиме, ама утре е потежок иако е навидум ист. То е исто кога вежбаме. Креваме тег од 3 кила. Не е многу. Можиме да држиме раката исправена и да го држиме можеби 15 минути. Ама после 15 минути почнува да боли раката. Тежината е иста, ама товарот е лошо наместен, и предолго остана таму. И кога се разбира ова, ќе видиме дека во психологијата нема простор за споредби и рангирање на болка туку има само емпатија и разбирање. Никој нема да ве осуди ако нечие присуство не ви прија и одлучите дека за вашето ментално здравје е поважно да се оддалечите, само не е фер да се невалидизира кога не сме му ни во кожа.
Она кога си на диета и у 9 вечер ќе ти текне за нудли, па едвај чекаш утре за да јадеш. Ќе ги сонувам мислам дека. Жмс. Оака.
Во последно време се почесто отворам карта на Европа и проверувам дали Македонија е таму … чисто да се осигурам дека не станува збор за некоја завера или заблуда
Која брука е ова со турбофолк во градинка. Пуштајте им рок песни на децата, кога веќе не им пуштате детски песнички, не ги затупувајте уште од мали вака.
Уште еден доказ колку т. н. медицина, не ги интересира здравјето на луѓето, за секој лекар кој што ќе го натера пациентот да се вакцинира 30денари? Сериозно ова е некоја мотивација покрај фактот дека не иде во план да има здрави луѓе, мислам го достигнаа дното, срамота.
Она кога министер на Р.М. не зборува (не сака ) македонски, туку на англиски и тоа е океј. Господе кај живеам
Ако денот се познава по утрото, се изнасмеав на вистинава, денешните т. н доктори завршуваат курсеви и факултет за препишување на лекови
Кога на животот ќе му повелечеш шах, тој ќе ти даде мат. Кога мислиш дека си еден чекор понапред, животот ќе ти докаже дека си десет чекори поназад. Трпеливо чекаш две ипол години мала прилика која треба да ги отвори крилјата за полет, а сешто добиваш е тресок од земја проследен разочарување. Само сакав еден ден да почувствувам бар малку среќна. Една убава работа да ми биде возвратена за да видам дека постои нешто добро на овој свет. Искрено, сега сешто сакам е само побрзо и побезболно да отидам на друг свет. Свет во кој не постои олку манипулација, болка и трагедија. Свет во кој бар малку повеќе ќе има праведност, емпатија, разбирање и чесност. И сето ова посакувам само да е лош сон и да го избришам како на филмска лента. Ајде Матрикс, едит, делит, старт. Не функционира така, а? Океј, тогаш само сакам е сончев убав ден, шампањ од јагоди, бел ковчег и омилените песни од Марк Ленган, Лана, Ненси Синатра, Godsmack и по некои други што заборавив да ги наведам. Уствари, не мора никој ни да се појави. Зошто знам дека никој суштински не ме сакал, и океј е, тотално, не се лутам. Moжеби еднаш не бев добра личност. Ок е и само бел ковчег, ништо повеќе, ништо помалку. Зошто навикнав да немам право ни на последна желба. Карта до последната станица господине смрт, молам, не прашувам за цена.
Се многу брзо ми здосадува, може тоа ми е најголем проблем во животот. Не ми одржува концентрација и желба ништо. Ме нервира рутината. Досадна е.
Заборавив да ви кажам. Купив тест за бременост за другарка искочи позитивен. Другиот ден ја запроси. Кога го видов прстенот у живо се тресев од среќа. Пред непуни 2 месеци паднаа тешки зборови од нејзина страна, али ја простив све, јер Малечка сум јас. Ако убава да им е среќата. Нмв што ќе ме одјебат пак.