Откако ги деактивирав сите социјални мрежи, последниве 2-3 години сум многу посреќна. Ниту користам фб, ниту инстаграм, ниту твитер, не сум во тек со ништо и искрено не ме интересира, си живеам во свој свет и во свој мирен живот каде не споделувам ништо и не сум инволвирана во ништо посебно. Кој сака може да ме најде на вибер, таму сум достапна за сите. Бројот на луѓе со кои контактирам овие 3 години се намали, но и тоа не е важно. Понекогаш сакам да живеам во време кога интернетот не постоел воопшто, мислам дека повеќе би се пронашла во тие години отколку сега. Стара душа сум. Иако и ова време и интернетот си имаат свои привилегии секако.
Би сакала да престанам да постојам некое време, само за да не се чувствувам онака како што сега се чувствувам.. Ама не ми преостанува ништо друго освен да чекам да помине, да се потсетувам дека нема вечно да трае. Што само по себе не прави да се осеќам полесно во моментот. Ќе дојдат ваљда некогаш подобри денови.
До кога со овој ментален склоп од Титово време. Не си многу лукава ако се бутнеш да извадиш карта преку ред. Имаше среќа што полагам и несакам да си го расипувам денот уште од сабајле. Проста раја.
Доаѓа период на смешни џемпери, црвени, зелени, со дедо мразовци, елени, ирваси, бебе/дете натокмено урла вришти па изиграваш идиот да фатиш добра фотка и се така гледаш навидум исти сториња само различни корисници … Нешто не е во ред со мене
Се колнам дека уште кога го видов насловот на осветничкана тема за форумџики 2021, точно знаев кои butthurt верници од темите за Религија први истрчале да ме спомнат во негативен контекст само не знаев што точно ќе ми накалемат, онака во празничен дух. Сепак, проѕирни сте ко тенок џам од кој фучи провев, не вреди да тагирате за нешто толку предвидливо.
Туку за што дојдов... Пред некој ден залутав на еден друг мк форум, кликнав во некоја глупава тема за машко-женски односи, прочитав дефиниции за "алфа машкоста" и не знам зошто воопшто ме чуди колку примитивен народ закочен у камено доба раѓа мк, кога тоа може да се воочи ирл. Истовремено ми е смешно и фрапантно. А и овој форум ви е запоседнат од националисти и верски фанатици кои се множат ли се множат, вие останатите спијте си и остајте нека се менува свеста на полошо. Go with the flow заедно со креатури кои не трпат поразлично мислење и покренуваат хајки кон неистомисленици.
Седнал и на сите ни вели дека уште малку остана до промената. Се надевам дека е во право. Преку глава ми е од она место.
Корона вирус постои само во градовите и луѓе кои го јадат рафинираното ѓубре кое се сервира на испрани мозоци и луѓе кои не сакат да го уклучат мозокот за паметни работи, а од истото тоа се фаќаат 300 болести т. н. во денешнава медицина хронични болести кои всушност и не постојат, постојат само луѓе кои не сакаат да го сменат она кое што ги направило болни
Не ме вади ништо повеќе од такт од луѓето кои без влакна на јазик, мораат по секоја цена да ти истурат во фаца се што треба и не треба, и уште безосетно да се хвалоспеваат, таква сум јас, се во лице шлепкам Море ајт таму а кога ќе ви шлепнат и на вас, е тогаш болни легнувате в постела
Едно нешто сакав за поклон за Нова Година. Само едно нешто. Тоа нешто што бев сигурна дека ќе го добијам за Нова Година, раскрсти со мене. Не траеше раскрстувањето ни пола час. Можеби за 3-4 години ќе го добијам тоа нешто, можеби тоа нешто ќе го добие некоја друга. Секогаш ми беше крадена среќата од други, така ќе биде и ова. Јас немам среќа и си се помирив со тоа. Никогаш не сум била толку сигурна дека јас немам среќа како што сум сега. Не е важно. Никој не е должен мене да ме сака, и секој си има право да сака кого сака. Веќе ми е сеедно. Едноставно не е судено така како што сакав. Никој не е толку бесмислен мене да ме чека. Само што не ми дојде до знаење целава ситуација дали е крај, дали се ставило точка на сите тие прекрасни моменти, или се ставило запирка. На точка јас не ставам запирка, односно, на крајот јас не му давам втора шанса. Кога е крај, крај е. На сѐ давам шанси, 300 ако треба. Само на крајот не му давам ништо. Да било сѐ толку убаво, не би дошло до крај.
Не си го познаваме јазикот. Многу лошо и неписмено се изразуваме. Македонски јазик со примеси на дијалект, скопски жаргон и србизми.