Цел ден викам ќе си легнам порано, дури пред полноќ за убаво да се наспијам и да станам во 6 како нормален човек, да не личам ко зомби. Еве го 23 часот и мене сега ми доаѓа енергија за правење се и сешто, сон ќе ме фати тек после 3 и нешто, осеќам. Супер, уште една ноќ во која ќе спијам само 2 часа.
Пред некое време напишав дека цело време гледам исти броеви 11:11, 19:19, 23:23. Уште продолжува истото. Што е работава?
За мене филмовите кои имаат "крај" и завршуваат со сцени како "збогум" не се интересни, секогаш ги одбирам оние кои имаат "продолжение" и само "продолжение" но со кратки паузи!
СДК 1 Кога некој нешто не може да направи, и кога не сака, се две различни ситуации. Исто како што има разлика помеѓу не знам и така ми чини. Но не секој има очи да увиди, и разум да процени каков е случајот, so.... СДК 2 Личност која нема основни познавања од светската историја, нема чуено за протестанската реформација, нема претстава за импактот од истата - се смета за компетентна да едуцира околу минатото на Македонија, т.е. да полни глави со национални митови. Од приучени експерти не ја бидува оваа држава и од луѓе самоуверени во своето незнаење. The trouble with the world is that the stupid are cocksure and the intelligent are full of doubt." - Bertrand Russell СДК 3 Сакам да имам многу, многу, многу пари, за да можам да им помагам на those in need. Душата ме боли кога ќе видам неправда и дискриминација над некој што нема како да се заштити, да ми кажуваа, немаше да поверувам што видов оваа есен од се срце сакам да ги променам нештата Се прашувам зошто е толку тешко, сите да бидат згрижени на топло, да им биде достапна здравствена нега и помош, и да ја почувствуваат празничната атмосфера без да мора да мислат што ќе јадат утре-други ден.
Кога ќе се случи некој немил настан и за истото ќе се објави од страна на македонски медиуми, се потсеќам зошто го мразам типичниот начин на размислување на луѓето овде. Во Србија, 21 годишна јутјуберка се самоубила заради сајбер булинг - коментарите на социјалните мрежи од Македонци се трагични. Кога и да се случи нешто вакво, упорно и упорно се тера пропаганда за пречувствителност на младите, неживеење живот како што треба и мал милион други бесчувствителни досетки. Најмногу ме изиритираа неколкуте коментари во кои дотичните особи објаснуваа како младите паѓале во депресија ако немаат лајкови, збеснати биле оти немале обврски, и она најгадното: никој нормален човек не си го одземал животот ако некој го навредил. Никој не разбира дека човек така лесно не се одлучува на актот самоубиство, и дека една навреда не доведува до тоа туку потребно е многу повеќе, но ментално здравје и депресија кај нив не постои, особено не кај млади. Не знам до кога во оваа вукојебина ќе се минимизира ефектот на (сајбер) булинготот врз менталното здравје на еден човек, макар било само вербално.
Ми стигна беретката што си ја имав порачано, си ја облеков за денес со црвен кармин во комбинација и одма се осеќам сега како некоја Парижанка.
Гледам емисија за спасување на диви животни во Америка. Специјални хеликоптери организираат за пренесување на бебе видра.. Во каква дупка ние живееме. Овде човечкиот живот не вреди ништо, за животните да не зборувам. Стварно сме дно
Толку многу сум изреволтирана од мислење на еден другар. Си зборев за фудбал со еден близок, и доаѓа и ми вика: -на жените местото е во кујна, а не да седат и да гледат фудбал. На фин начин му објаснив, дека не е важен полот, мажот и жената треба да си ги делат обврските низ домот, бидејќи сепак е заеднички, а не е само обврска на жената да чисти и да прави јадење, а исто така фудбалот можат да го гледат, и мажи, и жени. Ми врати со: треба да посетиш психијатар и жално на тој што ќе ме земел за жена. А јас очекувам во ЕУ да не примат. Уште со некои мислења сме во турско ропство.
Колку ми треба само да заглавам во некоја дискотека до 3 сатот Короно ај оди си мајке ти, доста ти беше урлање.
Велат дека времето лечи се, ама тоа е една голема лага. Времето не лечи ништо, само ние се учиме да живееме со болката. Во животот два пати доживеав голема болка, кога ја изгубив баба ми, и ете и после две децении ја чувствувам истата болка, потоа го изгубив дедо ми, а сега, три дена плачам по моето маче кое не требаше да ме напушти вака, плачам како за некој најсвој... За мене овие денови немаше ни музика, ни смешен филм, знам дека болката ќе спласне малку, јас и ќе се смеам и ќе слушам музика... Ама сега многу ме боли душата
Топло чајче, меко ќебенце, лаптоп во скут и новогодишен лабав филм е се што ми треба за среќа и добро расположение во зимските денови.
Вчера после подолг период повторно медитирав. Откога се породив, немав баш прилика. Пробав неколку пати, но брзо штом ќе почнев, бебе заплакуваше, па морав да престанам. Ми годеше. Како да сум се подружела со добар стар пријател кој одамна го немам видено. Се потсетив колку спокој ми дава. Колку ми помага да разберам што ме мачи и ме става на прав пат да си ги решам проблемите. Повеќе не правам толку долги паузи. Од сега па понатаму исто како порано, секој ден барем по една сесија, макар по неколку минути само.
Денес точно една година како сум членка на форумов. Виртуелно запознав прекрасни личности со кои имам убави комуникации и се надевам дека ќе продолжиме и понатака. Фала ви за советите, вниманието, дружбата и забавните моменти поминати тука. Ќе се дружиме уште долго, не сум во план да ве напуштам.