Колку само е "лесно" да дадеш епитет на човек дека бил психички нестабилен, ваков бил таков. Колку треба да нема шо да прваиш па да се зборува секаде Гордана каква мајка, каква жена била, па 300дијагнози доби жената. Ама македонец само од дома на тастатура е јак, а друго не знае да направи, освен трачарење.
Многу ме опушта средувањето на шкафот како под конец. Се да биде еднакво, точно наместено. Многу ми е убаво визуелно кога е средено. Штета само што таа уредност и подреденост во шкаф ми трае преку сила 1 недела откако ќе средам како што сакам.
СДК 1 Возрасна сум,ама уште се радувам на новогодишни пакетчиња. СДК 2 Повторно посакувам да се вратам во она време кога бев мало девојче кое безгрижно седи до вујко ѝ и баба ѝ. Безгрижно оти имаше заштитници.
Декември,ме гушиш најмногу.Ај,земи си ја 2021-ва и губете се. Премногу тагувања,нервози и лоши спомени.Преку глава ми е. Се надевам дека 2022-ра нема да биде кучка.
Биди среќна! Сети се кога се молеше за ова што го имаш сега! Не е совршено,нешто мора да мањка ама живот е ова не е бајка..
Денес ми се јавија од работа и ми кажаа дека од 1ви до 20ти сум на платен одмор. Одличен почеток на годината!
Ми фали баба ми да ме гушне. Кога почина имаше Алцхајмер и не ме ни познаваше ама знам дека сега некаде од небото ме гледа и ме чува. Најдобрата баба на цел свет. Секогаш по добро ќе ја памтам.
Случајно ми се спушти преѓеска песна од Бритни и цело сабајле сите песни нејзини со ред ги слушам. Ме врати на времето кога бев основно, колку многу ја сакав и ја слушав. Уште и ги памтам сите песни. Идол ми беше, спотовите со спласт и ги гледав. Имав постери од неа во соба Криво ми е сега шо не снима повеќе песни.
Иде битна слава,ама без нив двајца нема да е весело. Открив уште хумористични серии,ама глупо е кога нема кој да ми ги прераскажува епизодите на пресмешен начин. Аман од болкиве,аман...
Не е светов полн со зло и страданија затоа што Бог ги оставил луѓето туку затоа што луѓето го оставија Бог. Полудени начисто...
Многу лицемерие насекаде, не ќе да е на арно, а тие што го предочуваат први секогаш се први за отстрел. Во ред тоа е што е, змиите се препелкаат во змијарник сигурно и да ги качиш на врвот тие ќе тежнеат кон змиското дувло, секој со своите таму каде што и си припаѓа.
Нискобуџетен каубојски филм е кога у бус ќе начекаат некој без карта, па не се отвараат врати за излез да не избегал тој без картата, па драми, па све.