Ова е последната сабота од 2021 година. Онака ми дојде едно годишно обраќање да направам. xD На форумов сум од 2010 година. 11 години. Зошто сум тука? Моментално, затоа што сакам да дадам совет, утеха, убав збор каде што треба. Најмногу заради тоа. Друга, помалку важна причина, за искажување и размена на мислења. Да видам кој што мисли за одредени нешта. Форумов не ми значи нешто и сум сосема објективна тука. Нема потреба да делам, да го запомнам некој и да го сакам, да сум секогаш на негова страна или да не го сакам и намерно да се карам во секоја тема. Не. Со некои членови сум имала понегативни искуства, некои биле дрски, ме навредувале, пишувале лоши работи, дури сме се скарале, ако можам така да кажам. Некои јас можеби сум ги навредила, без свесно да имам таква намера. И покрај тоа, сите сте исти во мои очи тука. Ако во една тема сме се спротивставиле, во друга може да се сложуваме. Тука не се познаваме, само читаме нечии мислења. Да имаш проблем со виртуелен лик, нема смисла. Да бидеме за добро тука. Многумина нашле помош тука. Е за такви работи. Не за осудување, навредување и булинг, пошто позади екран можете да правите што сакате. И така. Нека се среќни претстојните празници.
Сакам да кажам дека во последно полесно ми е да опишам нешто ко ќе речам ''sad'' и толку. Се е тажничко. Ќе кажам нешто и сум ко „ок ова е стварно загреота“ или „тажно“ или „трагично“ и во последно, сосем неирочнично се завршвам со „sad“.
Кога сте со вистинската личност, не е потребно многу и не е потребно посебно место за да си поминете фантастично. Фокусирајте се на тоа со кого сте, а не каде сте
Секоја година околу овој предпразничен период кога треба да одам во маркет ми се плаче. Жими се, луѓево се понашаат како апокалипса да доаѓа. Товарат колички, купуваат производи еден тон, мислиш не се знае дали 1-ви јануар ќе го доживееме па на таа една магична вечер да се пикне во мев што поише. Стварно не ја разбирам фамата, као у реду е. И друга работа што не разбирам се новогодишниве прослави, ми пушта другарче линк од НГ прослава во едно просечно местенце во Скопје, цена 8000 денари, да да за една вечер, во Скопје. Си викам јас ли сум толку забегана што не би дала толку за една вечер или до другиве луѓе е проблемов. Неограничено пиење и по некој ордевер, ха ха секоја година тоа е лагата, а уствари пиење ќе снема уште во 10, јадење ќе има колку за во заб нели. Ама сега со коронава на НГ прослава у кафич има и малце лотарија момент, пошто може и корона да ти се падне од типката до тебе на коњопој. И така денес празничен Гринч сум ама некој мора
На двете кредитни картички имам по 30 денари и едвај чекам да исплатат студентски оброк за да не се осеќам толку без пари дека сум. Ме расположува нотификација на телефон "имате прилив на сметка". Иначе кога веќе спомнав за картички, за пари сум многу old-school, многу поубаво ми е да носам пари во готово отколку да плаќам со картички, не знам ни јас зошто. Но, за онлајн шопинг ми вршат работа само, иначе секаде се сакам да си плаќам во ќеш. Имам баш страв да не не фунционира системот или нешто, па немам како да платам или не знам, едноставно не ми даваат чувство на сигурност. Кога читам дека светот во иднина само картички ќе користи, се терам да се навикнам на картички, но некако не ми е тоа тоа.
Многу ретко можам да бидам изреволтирана од објава на позната личност. Ама, да посакуваш Среќен Божиќ на сељачки начин, за да се направеш некоја "фаца" ми е дно, дна! Џабе си познат фудбалер, кога си лоша личност и си го билдаш егото, со омраза кон одредена група на луѓе. Не. Објавата не те прави поголема личност. Џабе мислеш дека си некој и нешто, кога со твоето размислување си едно обично ништо. Го проби дното.
Еден ден и мене ќе ми се наредат коцкичките, не бидејќи заслужувам, туку само за инает на сите вас ситни души кои ликувате за моменталната ситуација, која верувале или не, нема да ми биде последна дестинација
Викендов бел ден не видов од многу работа за факултет. Рокови врват, Нова година доаѓа професориве не се нормални.
Овој ден - Понеделник е последниот од годинава и можам да кажам по турбулентна година не сум имала. Се надевам другата ќе биде подобра и ќе ми се оствари желбата. Таа е последната што остана. Среќни празници на сите.
Нека во старата година останат сите лоши работи сите лицемериа, а во новата нека се случуваат сите убави работи.
Имам доста обемен проект со рок до 14 Јануари. Ајде го почнав, идеи во глава еден куп, ама се фатив себеси како прокрастинирам премногу. Се ми е поинтересно А знам дека околу НГ и Божиќ ништо нема да чепнам и сега некоја блага паника ме мава, ама па пак не седнувам да го работам. Сакам да сум од оние луѓе што буквално во календар си ја имаат организирано секоја минута и нема вакви глупости да правам
Многу ми се смешни а па почесто и иритантни особи што вратат како киша око Крагујевца Мислам не е толку сложено нештото, го поедноставуваш и тоа е тоа, не знам што толку вртење во круг оној од тип ни почеток ни крај. Не дека не ги разбирам како им е и јас сум била таква, јас си викам јас во фазата на смотаност и наивност пуштена на максимум. Ама откако увидов никаде не води тоа, си ги поедноставувам нештата, ми чинат им се замарам, не ми чинат, чао-пријатно.
Дали и вие молчите и се повлекувате кога ќе чуете нешто што ве вознемирува бидејќи избегнувате конфликт по секоја цена или сте од оние нормалните?
Се додека не се вработив, (на 20 години) мислев дека јас имам најголеми проблеми во животот, но откако се вработив и почнав да ги слушам страшните судбини на куѓето си велам секој ден Фала ти Боже, што и овој ден си со мене, фала ти боже што не сум имала јас таква судбина. Затоа луѓе смејте се повеќе во животот, не се нервирајте за ситници, сресот и нервозата се најголемата болест. Среќни празници, направете си топло чајче и мозок на пасење, се ќе си дојде на свое место... ❤❤
Пресмешно ми е кога слушам клише мудрости од типот „од чесна работа нема срамота“ за дипломирани млади луѓе на кои не им е баш сеедно да се вработат на првото можно место како келнер/ка, продавач/ка или чистач/ка на пример. Не, нема срамота и ретко кој воопшто мисли така, туку има експлоатација, ниски плати и изгубено време на искуство кое потоа никако нема да ти биде валидно во потрага по нешто постабилно и блиско до струката. Всушност, судејќи по сиот тој sugarcoating и нетранспарентност во огласите од типот „компетитивна плата“ (без назначени суми), „динамична работна средина“ (лол) и слично, повеќе ми се чини дека работодавците (со право) се срамат од тоа што навистина нудат.