Роденден. Денот кој беше среќен настан во детските и младелашките денови. Од багети со лосос и кавијар, до стриптизери и стиптизети, како и блудни журки во Солун и Косово. Ама како стареев се повеќе стануваше настан во кој се случува некогаш да ги утнам и скарата и гостите. Е, денес е таков ден друштвенце. Со смрзната скара...јеби га. Го знаете оној филинг кога не може да избегаш од сопствениот роденден? Yeah, right. Како и да е, нека се множат годините, не се плашам од старост и отварам црвено StrongBloW сите ве частам.
Денес цел ден сум вознемирена, нечија смрт допре до мене и ме потсети на тебе... Твојот насмеан лик во ковчегот и солзите кои тогаш, а и денес навираат, ко да не поминале 14 г...
Што ти значи слободно време, пиење на кафе влечејќи го 1 саат, гледање на раат омилената серија, релаксација со маска за лице, средување на собата и бирото да е чисто ко аптека. Ми фалело ова.
Случајно денес и праќам на мајка ми линк од едни чизми и и пишувам на шала, купи ми ги кога гледам доаѓа дома, ми ги купила после работа отишла да ми ги купи, не очекував, повеќе не се зезам
Едно време многу верував во хороскоп, речиси скоро се ми се остваруваше. Лани прочитав дека оваа година ќе биде најтешка и најдобро ќе било да се преселам некаде во друга земја, но јас сум роден борец и инает и ќе направам се да останам каде што сум. Признавам тешка година ми беше,интриги,сплетки и кавги ама заврши. Остана се зад мене,остана во минатото. Едностано си се наредија коцките.
Не за џабе се рекло пред да стресиш нешто, поарно провери. Па така, летото за време на Европското ја ,,нападнав" @KateKane дека има ник според фудбалер. Епа бидејќи немав соодветна прилика, сега јавно се извинувам. Се надевам ќе ми простиш на глупавоста Среќни празници
На сите ви посакувам Среќна Нова 2022! Да си поминете убаво и весело за новогодишната ноќ. Во наредната 2022 година да си ги остварите зацртаните цели и желби и да сте здрави и среќни!
Уште еден ден до новата година. Јас не чуствувам дека утре вечерта е н.г. Сето ми е онака како обичен ден, обичен викенд. Како и да е се надевам на подобра 2022год.
Оваа година, вртелешка. Ќе ја затворам со многу алкохол, а ни капка каење. Скоро све си е потаман, а верувам дека тоа шо не е, ќе биде во некој момент. Не брзам никаде, гледам да се ослободам од бесот кој долго време го влечам со себе. Внимавам на здравјето, како за крај на година си дозволив и тинтрење по салони, По некој нов пар штикли и нова фризура. Се осеќам пријатно во кожава, си крадам сама на себе по некој поглед во огледало. Верувам дека научив некои лекции, додуша све, освен љубовната, ама па се учи ли љубов? Си посакувам сите драги луѓе да ми се на број, Тркалцата на куферите да ми галат непознати, далечни улици на места каде шо е вечно лето, Си посакувам внатрешен мир и хармонија со останатите во мене шо се погласни од разумот понекогаш и, Си посакувам исполнети денови со смеа и ослободен стрес, зашо годинава, поминав низ многу. Да не се повтори, но и да не се заборави! Збогом 2021, ју кен кис мај
Завршува уште една година, и не ги сакам воопшто оние клише муабети, нов почеток, нова јас, ама сакам како мал потсетник да ми стои... Ќе си посакам во наредната година да бидам многу попаметна, посилна, поодлучна, да ги победам сите стравови. Да ми бидат здрави и живи сите сакани и блиски луѓе. Да си замине конечно ова зло од корона. И нека нема губитоци веќе никаде, само добивки. Бидете добри, и чувајте се!
Не сте интересни веќе со кондомиве што ги подарувате за secret santa. Толку ли немате идеја што друго да подарите, ептен невкусно е.
СДК 1 Годино 2021-ва,фати го вирусот за рака и губете се и двајцата. Губете се и не се враќајте. Преку глава ми е од пандемијата и поделбите меѓу народот. СДК 2 Стигна новогодишна честитка за покачена струја,а денес и за покачено парно. Фали уште за водата за да биде комплет.
Си дојде и 2022 година, колку брзо помина 2021 како во сон ми беше, ама ми беше најубавата година до сега, имаше и некои лоши моменти ама највеќе беа убави моменти коишто ќе се паметат за цел живот. За 2022 сакам само бебето да ми се роди живо и здраво, да бидеме сите живи и здрави и на број, друго ништо не сакам. Друго се имам и фала му на Господ за се, се што сакав ми се исполни.
Додека не ги уочиме лагите кои си ги кажуваме на себе си, нема растење(духовно/емотивно/интелектуално)
Дојде и помина фамозниот дочек на Нова Година, некој синоќа беше запросен, некој стана мајка, некој изгуби многу, а некој доби многу. Сите си имаат по некој спомен, а јас немам никакво чувство дека воопшто преминавме од една во друга година