Ептен ми е безвеза ова честитањето празници по социјални мрежи, особено со луѓе со кои што едвај здраво имаш во секојдневие.. Никако не го можам ова секојдневното лицемерие..
Годинава највеќе сум возбудена за баражот на Македонија, против Италија. Дури и деновите си ги бројам.
Човекот не умира само еднаш, човекот умира секој пат по малце кога ќе го повредат и скршат. Затоа не се чудете некој кога од нигде никаде ќе си го одземе животот.
Што е со однесувањето на денешниве не знам дали ќе погрешам да ги наречам мажи или сум јас баксуз или се на некои простаци налетувам
Сакам да кажам дека Новат Година ми започна преубаво. Овие 3 дена вкупно 4 часа имам седено на телефонот. Преубаво ми е!
Сепак на крајот доброто со добро се враќа, а лошото со лошо. Понекогаш колку и да мислиме дека доброто не одминува се лажеме. Секогаш постапките и мислите што ги имаме и правиме ни се враќаат. Дефинитивно верувам во тоа! Иако не верував денес првпат поверував.
__________________________________________________________________________________________ Трогателни постови lvl: 1000 утринско издание. Значи, не се согласувам и нема никогаш да се согласам со вакви самопрогласени експерти по психолошки развој. Дали оваа госпоѓа и сличните на неа знаат колку трага може да остави дисфункционално семејство со двајца родители? Едно е да се оградите и речете дека зборувате од сопствено искуство, а друго е да зборувате како е тоа "единствен здрав образец на функционирање за едно дете во развој". Дали дотичнава госпоѓа знае колку деца би одбрале да имаат минус еден родител? Затоа што психо - физички е малтретирано од еден од родителите и заглавува во тој циклус? Дали знае со каков менталитет се задоени постарите генерации машки пол овде? Дали знае колку бракот и семејството се наметнати општествен конструкти, надвор од идејата за биолошка репродукција? Не, не знае. Ама битно пишала пост пустата. Она знаела дали децата кои растеле со еден родител само за фасада изгледале среќни и весели. Пошто тој еден родител нема да ги порасне во здрави индивидуи, нели? Нема да даде свој максимум да им го улепша детството? Па, тука во коментари аплаузи и фанфари за храброста. Бре бре, се слагам, многу храбра изјава, нема што. Со свилени ракавици, суптилно испомава по самохраните родители, мајки и татковци кои живот даваат децата да им бидат среќни и задоволни, и да не го почувствуваат отсуството на еден од родителите. А, за тоа треба многу повеќе од снага и волја, требаат воловски муда! Ама тоа е небитно, нели? Еден родител ко ниеден. Која пасивна мелодраматизација човече. Еee државичко моја, патријархална, скромна, простодушна, без опус за објективно размислување. Држава во декаденција на чело со "вистински вредности"!!!
Tie sto nemaat svoj zivot da ne se mesate vo tugiot.,nikoj ne e dolzen da ve trpi i najvaznoto nitu ste interesni,nitu umni tuku ste spsprotivnoto
Колку брзо лета времето човече, веќе летнаа 4 денови од годината, на праг е петтиот Хеееееј младост, зашто одлазиш, хеееј старост зашто долазиш
Одлучив. Резолуција за 2022: Раскрстив со т.н. "совршени" луѓе. Не припаѓам во зоната на светците. Ниту во зона на "грешниците". Секогаш бев и ќе бидам сива зона. И од сега ќе дружам само со луѓе во сива накај црна зона. За остантите божества сум недостапна до следна инкарнација.
Многу ме боли кога преку "зафркавање" луѓето стварно не знаат да се зафркаваат. Културно е да се молчи ако знаеш дека на најфер начин те замолуваат да скокнеш осетлива тема. Тоа.
Денес Дина ми излета од дома. Како куршум.. Додека се облечам да одам по неа, таа веќе кој знае каде беше отидена.. Ја барав 6 саати ... тој ќе ми рече таму ја видел, оној онаму.. цел град 30 пати го поминав пешки.. Се вратив дома нервозна.. си се изнаплакав од мака. Сватив дека поважна ми е Дина од маж ми.. да го снемаше него око немаше да ми трепне. Ене ја се врати сама.. гордо залаа во двор да каже дека стигнала. И се израдував како мало дете на дедо мраз.. Дина ми е кучето.. Со какви луѓе живеам..