Да го славиме Христовото раѓање уште мн години во добро здравје, меѓусебен мир и слога, покрај оние кои најмногу ни значат. Нека ни е честит и вечен празникот!
Сакам само едно за овој мој живот Само да знам дека сум сакан само толку ми треба за среќа и духовен мир. Не барам многу само љубов. Добра ноќ
Опасно глупи човечиња постојат. Затворени во некој балон од глупоќа и не можат подалеку да видат. А најлошо е кога ви се во околина. Ми се допаѓа една поговорка: Обично на терапија одат луѓе, заради луѓето кои не отишле на терапија.
Сакам една недела сите невладини организации кои се грижат за заштита на нешто, дали било животни, луѓе и деца со посебни потреби и слично, да протестират пошто кога има некој проблем, тие се обвинуваат и се очекуваат тие да средат се, место државата. Не се гледа виновникот туку се гледат личните фрустрации кон одредена категорија луѓе кои даваат свој максимум и сакам една недела да е хаос и да видите колку уствари, твојот просечен граѓанин, комшија, колега, пријател, ја крепи државата и колку државата ништо не мора да прај само зошто има кој да ја крепи, а и впрочем да не добие никаква вина зошто никој не го гледа вистинскиот виновник, туку се криви тој шо дава свој максимум да напрај каква- таква промена. Единствен со вистинска моќ да направи трајни и целосни промени е државата. Невладините секогаш ќе се борат против природата и општеството, и треба да се слушаат нивните идеи како инволвирани, ама и да сакаат не можат да направат темелна промена како шо можи државата. Секогаш, секогаш енергијата ви е насочена на грешно место шо дури тажно е да се гледа.
- Не се препознавам - "Јас" не сум Јас - Никогаш не ми било потешко и покомплицирано - Ама, после долго време, прв пат знам со кого сум и кој е за мене
Годината е 2022, арно ама на Балканот изгледа уште е 1922. Наводно, Карлеуша го пријавила маж и за семејно насилство, нормално дека овој прекрасен библиски народ застанува на страна на насилникот, ако не ја сака жртвата. Родители, татковци и МАЈКИ оправдуваат насилство. Само ќе оставам скриншат од коментарите. Библиски, религиозен, кроток народ, прво честитаат празници, после пишуваат вакви коментари . Карлеуша дефинитивно не ја сакам, ама тоа не значи дека треба да оправдам насилство врз неа.
Ако некој не се пронаоѓа во улогата на родител или партнер, не значи дека е општествено неподобна личност која добива деградирачка вредност со сублимативна опомена, останатите знаат што е најдобро за оној што направил за себе зрел и разумен избор. Еден цвет не ја прави пролетта без разноликост.
Се замарам со глупи хошплаштери или како год, глупи и прости. Ма Бубо пушти се тоа у пм да оди,се се тоа простаци. П*тка у живот не виделе тебе ќе те жалат. Гревчиња. Научи со еден збор да им ја затвориш мочаната уста,не гледаш дека се селјаци. Живеле у Еу патент на уста немаат, незадоволни од сопствените животи. Аман више, за твое добро!!!
Ги сакам празниците, сакам да ги посетувам моите и куќата во која пораснав. Но во последно време ми буди немири. Веќе одамна не живееме со роднините под нас. Не сум човек кој сака да изнесува приватни проблеми на форумот но имам потреба да пишам некаде. Со надеж дека кажаното/пишаното нешто некаде, никогаш нема да се оствари. Чувство ме јаде веќе подолго време. Ми доаѓа да пријавам во полиција. Но нема да постигнам ништо. Зошто никој нема да направи ништо само врз основа на чувство. Се надевам дека се лажам и дека ништо лошо нема да им се случи на моите. Се надевам дека роднините не се луди до толку колку што мислам дека се...Посакувам да можам да ги иселам веќе еднаш од таа куќа.
Кога Господ делел волја, ме прескокнал без да примети. Ама еве, ја приметувам секој ден коа ме мрзи да се покренам, а тон обврски ми летаат над глава, Тон работи кои нема да се завршат сами, а стојат запишани у планер, грото и у потсетник на телефон. Алармот си свирка, ја го надвикувам, се понашам као да ќе бидам вечно у 20тите, као да имам време на претек, а у позадина ми е онаа познатана изрека ,проблемот е уствари у тоа шо мислиме дека иаме време’. Сепак, нишо не менувам. Го мразам ова кај себе, џабе ми се уше сто нови години - уше толку пати ќе дадам празни ветувања дека ќе се сменам. Ако некој од вас го решил успешно ова и знае за шо зборам, плс, слизнете го советот кај мене у приватна порука. Ја више памет немам. Фала и сречни празници!
Ние луѓето мислиме дека сме недопирливи божества на земјата, вриштиме од его и суета, а всушност сме толку мали и неважни, ама затоа секогаш тука е природата за да не освести, и да не потсети дека таа го има последниот збор.
Секој еден што свесно размислува, изјаснува ќе дојде ден кога сите ќе се кренат против него. Не е страшното тоа, ами фактот дека нормалниот ќе го сметаат за нетокму. Ништо ново, нешто така кон пропаст се движи(ме). Ни филмови, ни серии не помагаат тука, ако сите се правиме дека не сме виделе. Да е денот убав на сите, со убава мисла, па ќе се истера неделава.
Бидете уверени дека, апсолутно ништо не е бесплатно. За сè што сакате, треба да платите некаква цена, порано или подоцна.
Цела човечка злоба излегува на површина штом ќе се случи некоја несреќа, па следува ситење на туѓата мака, независно дали маката ја доживуваат граѓани на Северна Маќедонија, или на Тунгузија
Имам драга личност во опкружување со одредена психичка дијагноза, не би да ја пишам тука директно. Емпатија, го знае само како збор во лексикон. Лани изгуби партнер, рече мех, таков е животот. Сега братот почина, рече тоа е, плус наследство за мене. Сакам така да бидам во животот, празно, без емоции. Ништо да не ме дирне, карпа! Пред сите демек солзи, ги купува ко чоколатца на фора емоции, а штом се спуштат завесите друг муабет, вика едвај чекам да заврши маскембалов. Од ништо не се плаши и има доза ароганција, ама па од друга страна фер, бар кон мене. Тука да помогне безрезервно, да ме гушне, утеши... Има комплекс Бога, и знам дека не треба да сум во близина на вакви луѓе, ама не можам да си помогнам. Осеќам слабост и мислам дека на некој свој начин ме сака. Не знам зошто останав до личноста, иако ветив дека нема? Дури мислам дека ќе простам дури и да ме убие. Да, патологија. Полесно ми е сега откако напишав.