Ми се расипа денот,само што видов дека Кораима(Касандра),се заразила од корона вирус.И пишав во знак на поддршка, сигурно ќе прочита и се надевам бар моите молитви да и помогнат
Кога гледам кој се ќе влезе во Влада, мислам дека ќе треба да побараме и ние ' простосмртниците' позиција.
Ме отру кученцево од пување му вметнав нови грицки во менито, епа не е убаво премногу да се експериемнтира со непознати работи. Ќе го имам тоа на ум во иднина
Треба да станам рано пошо имам обврски ама еве ме пак окапав до 5 вечер. Вечито ненаспана после сум била, епа да...
Зазори да се спремам и правец лаб. абе у пм и корона и сите др.вируси, врагој и чуда, што ќе беше ова нема кој не се зарази. Ама најмногу жал ми е за младинава кога ќе ги здрмаат ментални болести како што се млади и со кревка психа по ова сите по психијатри или психолози ќе се, ќе се моли за термин за некој да остане слободен. Па наставнициве исто тешко нив за жалење се, се изнамачија кутрите. Ај со лесно нек ни е на сите е и најмногу на здравствениве раб.нив ги испуштив, без нивна помош ќе изгиневме, секоја почит за нив.
Не знам дали знаеш дека не ме интересираш, не си ми никаков фактор во животот, до утре можеш да се брецаш и дрндаш не те перцепирам едноставно, ти си едно болно искомплексирано створење што само можам да го сожалувам, место да трошиш пари на парталчиња вложи ги во нешто продуктивно, на пример, сесија со добар психијатар.
Уште ова ќе го кажам пред да си одам, до неодредено време. Има еден горе, што на секој ќе му наплати за се' по заслуга. Само тој е праведен и тој најдобро знае.
USA Miranda Warning: "You have the right to remain silent. Anything you say can and will be used against you in a court of law" *This time referring to the Court of Public Opinion
Во ова ладно, често помислувам на сите бездомни луѓе и бездомни животни. Ах.. да можам да им овозможам на сите едно топло местенце.
Си ги слушам отчукувањата на срцето на слушалки, на секое паузирање на музиката. Стопирам и дозволувам бранот од тага да ме потопи, па дур се смирувам продолжувам со песната. И така неколку паузи, на секоја пулсот се побрз и поболен за слушање. До кога? Не заслужувам вака.
Свесна сум во какво општество живееме, сум била осудувана и се уште сум и со оправдана, а почесто со неоправдана причина. Сега тоа е. И јас осудувам, не велам, не. Не сум светица иако работам на себеси и се трудам да се сведе осудувачкиот став на минимум, ама за некои нешта си имам свои мислењa и се трудам на најкоректен начин да ги изразам, навредите да ги сведам на минимум за да биде конструктивно искажаното или напишаното. Затоа што како и јас се што е неконструктивно со куп навреди до степен на тенденциозност колку и да имало трошка добронамерност во тоа, ако и ја имало воопшто, нема да ја уочам затоа што таквите небулози ги ставам ај да не кажам каде. Како и да е бидете почовечни и посреќни ако не за другите за себеси, уживајте бре луѓе, еден е животот, краток е да се секирате за кој треба и не треба
Трагична приказната "На нероден Петко капа му кројат" преработена за 21 век Автор: Кикирики Секој нормален човек дака да има деца. Океј, јас порано нејќев, но од денешен аспект, се сметам дека не сум била баш нормална. Желба за дете ми дојде дури кога ги видов двете цртки на тестот, две недели после една пијана ноќ и секс без заштита со "ајде бе и да биде, наше си е". Трчав одма уште пред тестот пишав на форумов, исчитав сите теми за бременост, се едуцирав што се вели, оти бев репродуктивно неписмена особа. Иако на форумов не ме познава никој, мојата интима ја споделив со сите до детал. И таман да се јавам на моите да се пофалам се сецнав! Што ќе биде ако го изгубам бебето? Па уште е 6та недела нема ни срцева акција. Дури во 10та недела едвај кажав на најдобриот другар, си велам и да се случи нешто лошо и лошото треба со некој близок да го споделиш. И дека не објавувам нигде ништо, не купувам ништо пред време, подароците ги враќам, им викам дајте ми ги кога ќе се роди ми вика една "ти ко ич да не си среќна што си бремена, знаев дека нејќеш деца, мислев се смени". Што гледам на ФБ и Инста секој ден? Мајка му на Петко останала трудна, уште втор месец кажала на сите. Во трет месец веќе првата ехо снимка каде Петко е 3мм ембрионче е објавена на профилот. На крајот од третиот месец веќе докторот кажал дека фетусот е машки, среќните родители веднаш објавиле слика lt's a boy! под која лајнкале над 500 луѓе, а тука се и коментарите од другарите на таткото со "Браво мајсторе!". Во 4ти и 5ти месец мајка му на Петко секој ден објавува слатки сликички од бебешки обувки, нарачува ќебенце, облека и слично. Семејството веќе се организира, едни купиле количка, други транспортер, секако дека сето тоа е објавено на ФБ. Во 6ти месец се собрале десет луѓе, заедно прават baby shower, слават за неродено дете. Кумот веќе измислил и име, таткото веќе ја спремил детската соба. Бидејќи стомакот убаво се познава, повикан е и професионален фотограф кој направил супер фотографии од трудницата и таткото во парк и секако истите се најлајкувани на инстаграм. Но во седмиот месец к**ата наречена живот приредува шок, бременоста завршува порано но безуспешно. Се враќаат дома, страв им е и да поминат од собата спремна за Петко, насекаде детски ствари. Исфрлаат се, не е лесно ич ама е брзо, и решаваат да излезат меѓу луѓе. И тука доаѓа сосетката со "ајде, ајде, уште малку и ќе го луламе Петко", па другарката од средно "леле па за 7ми месец ништо не ти се познава", па братучедка ти "откажав одмор за да сум тука кога ќе се роди, каква торта од пелени сум спремала". И после година дена пријателка што живее во странство и нема појма што се случило, ама видела што си објавувала ти вика "кај е ма малиот да го видам". Поука: Оставете си ги интимните работи за вас, не мора цел Фејсбук и Инстаграм да знае дека сте бремени, какво бебе носите, фаца од голото бебче по раѓање со се гениталии и секакви други интимности. Тие лајкови може многу да ве коштаат, и вас и децата .
Некои луѓе сериозно си патат од некое психичко растројство, а да ги видиш во живо сѐ супер, океј ликови. Барем во тој Западот што отидоа да поработеа на менталното здравје пошо таму е океј тоа, овде нели не е баш прифатено… Пред сѐ ради себеси, после и ради домашните кои ги трпат и на крај ради околината.
Да ве поздравам само и посакам убави дни, животот повеќе да не гали, помалку мами, искрени насмевки и здрави и живи и сите на број. Тие што сте ми значајни и сум разменила збор два во пораки моето внимание ќе биде насочено кон вам кога ќе навратам тука, другите остенете ми млади во душите независно какви сте налик и повеќе негувајте го детето во себе И би додала бидете подобронамерни и поискрени ако некоја не ви се допаѓа кажете и, објаснете се, а не одма санкционирајте ја а може тоа што ви се случува е чисто комуникациско недоразбирање. Не бидете злобни и глупави, арно ви велат луѓево насекаде, еден е животот исполнете си го со убави нешта, не завист и ситење ако некого го искористите само. И најважно не уценувајте други луѓе, многу е мизерно Ако сакате бидете Мајка Тереза само не уценувајте, ако ти мене ова ми кажеш јас тебе ова ќе ти учинам, не, не и не, не иде тоа така другари, другарството не се гради така. Ама добро вие како љубите да чините така, големи сте сами си знаете
Во последно време многу го среќавам она е глупа... И се прашувам што значи да си глупа навистина? И најдов милион дефиници и дообјаснувања во контeкст кога испаѓаме глупи и во овој случај и во оној случај и и и.... Сфатив дека сите понекогаш испаѓаме која помалку која повеќе глупава. Сите понекогаш не дрмаат јаки емоции, се лутиме, погрешно капираме или и точно капираме ама не повредува нешто и ете од глупост ќе направиме беља. Светици ни една не сме, тоа и вчера ме корнеше, никоја не е светица и тоа се сосем ок. Ниедна не сме цвеќе за мирисање, ни секогаш у право или паметни, ни секогаш не у право или глупави, зш ништо во животот не е фиксно, се менува. Варираат чувствата и настаните во едно секојдневие, тромесечје, полугодие, година, низа години, цел живот... Работата е да се прифатиме сите самите и да ги прифатиме околните и се сакаме себеси и нив какви сме и тие се, со сите мани, несовршености, предности и убавини. И да не бидам глупа ќе сум тука, повремено, каде ме влечат очите и умот, поради тоа што има прекрасни луѓе за кои вреди се. Има и не толку прекрасни луѓе и за нив вреди затоа што не знам животот и настаните во него до кај ќе не однесат и поврзат. И во тој контекст еве некој многу попаметен од мене што пишал: "In this unbelievable universe in which we live, there are no absolutes. Even parallel lines, reaching into infinity, meet somewhere yonder." - Pearl S. Buck, 'A Bridge For Passing'
Трапавоста е моето средно име. Значи не може да помине ден, еден факинг ден, без да ми падне нешто од раце и да не скршам ништо
Споредбено со нашите скромни три фоторецептори, секој за различна основна боја: црвена, зелена и сина, пеперутките имаат четири-пет, но можат да имаат до петнаесет различни видови. Не само што пеперутката гледа боја, туку најверојатно перцепира повеќе бои од нас, бои кои ние не можеме ни да ги замислиме, како и УВ зраци. Штета што имаат помала визуелна острина.. да имавме такви особености којзнае како би изгледало едно зајдисонце низ тие очи.