Време е за промена!!! Старата јас сака да останам иста,но новата јас е сега помотивирана. Нека борбата почне!!!
Избегнувам да читам теми од типот дали сум бремена и интимни прашања и совети затоа што очи ме болат кога читам какви глупости се прашуваат и не ми се верува дали стварно има толку неписмени и необразовани луѓе по биологија и работи што се учат во основно.
Вчера Лазарица, денес Цветници и бев поминала во црква да запалам свеќи и да одморам душа во мирот таму. Гужви, ѕвонат мобилни, но ме израдува што имаше повеќе млади. И откако си заминав и се прибрав се осетив толку спокојно и мирно како по секоја посета на верски објект.
Сакам да фотографирам необични нешта. Да споделувам на инстаграм. Почесто споделувам на инстраграм отколку на фејсбук. Се разбудив во 8часот наутро, ме разбудија пипките на сонцето, ми го штипкаа лицето. Се завртев на другата страна и продолжив да спијам. Се разбудив во 10:58 часот во истата положба во која бев завртена. Телефонот ми титка, месинџер се потполнил. "Ајде на кафе". Само тоа читав. Ми треба доста време да се свестам кај сум. Ако не испијам кафе не сум своја Немам ориентација дека сме недела, т.е.петок кога беше мислев дека сме недела. Се освестив,испив кафе и ги одбив сите понуди за кафе. Папагалите ми направиле лом,па имав купишта работа, ги преместив, средував собата. Та се пеглав,некој третман на лице и толку. И сега на тараса на сонце се печам Се чувствувам толку пријатно и убаво. Спокојно. Си растворив шумеча таблета и се раскомотив на тараса. Пред некој месец мирисаше расцутаното дрво, сега веќе нема ни едно . Цвеќињата што си ги купив ми пуштиле по некое цветче па и тоа ми е дополнително освежување Недела трета смена на работа А утре е понеделник е утре ми е чил ден, некој ќе работи некој ќе си кулира.
Сакам да кажам дека се осеќам како последно срање зошто овај пат решив да не гласам, зошто не можам да одлучам за кој. Мислам дека длабоко во себе и нашите кандидати знаат дека не вредат да бидат претседатели. Шо ме нервира и ме тера да се осеќам како срање е фактот дека е некој нов тренд да не се гласа меѓу луѓето, особено кога знаат дека "нивната" страна има мали шанси да победи, и на некој начин се обидуваат да бојкотираат и уништат избори. I guess I am part of the problem. Oh well.
Не можам да верувам дека дозволив еден некултурен, исфрустриран и прост човек да ми го расипе денот . И тоа на работа. Небитен човек. Се нервирам што сум таква и се си земам на срце Зошто не можам тоа да го сменам..
Даваме милиони на цркви, наместо да ги донираме за решавање проблеми што можат животи да спасат. Затоа ќе се самоуништоме како човештво, и заслужено ни е.
Досега немам сретнато човек како тебе, човек кој поседува толку интелигенција, знаење и истовремено одлична смисла за хумор, несебичен човек кој може со секој да направи муабет и е добар пријател. Ми помогна и мене кога ми беше тешко, кога ми требаше помош несебично ми ја даде не барајќи ништо за возврат. Немаше тоа да го постигнам да не беше ти. Вечно ќе ти бидам благодарна. Можеби не го смени светот, но смени многу во мојот свет. Прекрасни се оние луѓе кои имаат способност да остават некаква трага во животите на другите, способност да сменат нешто на подобро, способност да бидат запаметени. Навистина заслужуваш да пронајдеш среќа, без разлика дали е твојата работа од соништата, љубовта на твојот живот, нешто трето или па повеќе од овие работи. Заслужуваш да си среќен и успешен. Луѓе како тебе се поретки од детелинка со четири лисја. Повеќе од гордост би ми било еден ден да можам да те наречам и мој пријател.
Една од понезгодните секојдневни ситуации ми е кога зборувам со човек кој носи наочари за сонце, па посебно тие како огледало. Не знам кај да гледам и се чувствувам како сама да си правам муабет пред огледало. Наместо неговата реакција и очи, јас си ја гледам мојата фаца и се чувстувам чудно и незгодно. Упорно да си се гледам во огледало? Да гледам зад него? Да го гледам во патики? Извади ги наочарите бар за момент да видам какво ти е расположението, па терај после.
Не можам да се изначудам еве 20 дена уназад... Абе за убаво немаше никој да пише/крене слушалка, ама за лошо сите први, со солзи! Аман бе луѓе, ми се гади, вистина велам! Сожалување не ни треба, далеку сме од тоа фала му на Бога. СДК, вртете телефони по останатите заборавени (живи) пријатели, после џабе ви е се! Ниски сте во очите на човекот, да видите со мои очи вам ќе ви стане јасно. Кругот се тесни од месец на месец.
Ти му велиш оди на шалтер прашај, тој експонанти разгледувал. Ти му викаш резервирано ти е, тој чекал да се јават. У реду е. Не сме глупи, не си ни бил.
Имаш нешто што ти лежи на душа, нова тајна, и прв инстинкт ти е да му кажиш на друштвото па да си позборувате, поддржите или утешите онака како само вие знаете. Па да ти олесни дека имаш некој што те сфаќа и не си сама.......... Но тогаш се сеќаваш дека работите не се како порано, дека повеќе не е безбедно да им кажуваш тајни затоа што последно кога си кажала те издале. Сега колку и да те тераат да кажеш што е работата, колку и да сакаш да биде како порано, повеќе немаш доверба. Па фино лепо одлучуваш да си ќутиш.
Не ги разбирам луѓево, особено шефицата моја.. Разговарам отворено со отворени карти, кажувам што барам ја замолувам. И не. Е ај во ред. На госпожата требало да и се кажува наоколу, со пуфче и да и се распредели како ќе земаме слободни денови Демек таа не знаела како да намести. Е извини сестро, од мене нема да добијаш на ќоше свиткано и пуфка и лижења. Па да чекам да бидеш на десна нога за да те прашам нешто.. Не очекувај од мене дека ќе ти угодам тебе, а вредноста моја ќе ја губам. Не е инает, правда е. Жално какви се нелуѓе постојат.. Напомош Боже.
Откако научив да не се замарам за ситници и ситни души некако испадна да не ги ниту регистрирам а не пак да се замарам, а ако се случи ептен нападно да ми завлезат во видно и слушно поле откако ќе видам и ислушам првична реакција ми е ме фаќа едно смеење ама нели не е културно на некој во фаца да му се изнасмееш и се трудам побрзо да си заминам некаде слободно да се смеам и на кажаното и на себе си да се смеам зошто некогаш сум давала повод да ме нервираат.
Обично кога си доаѓам од работа сакам да си легнам и да скролнам низ фб, на раат да си поседам. И мора да се најде некој да ми пише и веднаш ако не вратам, веднаш сум се и сешто. Затоа више не се расправам.Идам на профил правам отстрани пријател и мирна ми глава. Гајле ми е, кршете глави.
Од самодеструктивни личности ги издвојувам оние што не ги признаваат своите грешки, а виновникот го бараат надвор од себе. Обвинувањата не поштедуваат од одговорност. Секој треба да се носи со одлуките и постапките, а грешките се дел од животот и можност да се извлече поука. За жал, некои сами се лушуваат да ја научат животната лекција. Не... Не е отсуство на среќа, туку недоволен капацитет за самокритичност.
Го знаете она чувство кога ќе ги затворете очите и во вас живее некоја личност. Го чувствувате неговото присуство во вас, имате некоја поврзаност со него, чувствате мир. Јас го знаам и две години оддалеченост го знаам. Имам денес некое чудно претчувство, а не делат само 2 саати пат.