Каков што е вкусот на чоколадото што предмалку со сласт го изедов, таква сакам да ми биде иднината...
Каде и да отворам читам долг јануари, уште е јануари. Мене пак пребрзо ми помина месецов, уште не можам да замислам дека утре е февруари.
Дојдов да кажам дека многу се радувам што ќе заврши месецов конечно. Онака општо 1ви во месец ми е многу убав ден, ме асоцира на нов почеток. Ама сега баш се радувам зошто доаѓањето на февруари ме асоцира на помал број на обврски во споредба со месецов и доста повеќе сончеви денови. Прогнозата за февруари изгледа солидно. Ајде јануари доста ти беше. Турбо месец, како милион работи да се случија, милион празници, прележав омикрон, полагав сто пати и уште трае и нема крај, 31 ден или 311 ден се прашувам...
Мислам дека на повеќето ни се чини долг јануари оти е ко понеделникот на годината, а сѐ што едвај чекаш да помини бавно поминува. Инаку и јас многу се радувам што конечно завршува јануари, тоа значи дека сме чекор поблиску до пролет и топло време, а исто така почна да се приметува дека денот веќе е зголемен.
Не знам како не се срамиш девојко, не знам како спиеш мирно, не знам како ја гледаш твојата друга половина во очи и не знам како не те јаде совест. Јас вака не би можела…
Денес видов полиција на неколку улици во Скопје. Е,вака треба да е секој ден за да не брзаат гадовите со колите.
Јас кога ќе осетам нешто, осетено е. Докажано е дека имам многу добра интуиција, предчуство како и да се вика. И да мешам "институција" со "интуиција". И мене ми беше долг јануари ама убаво ми бешеше.
Секоја чест на оние кои материјалните добра ги ставаат на последно место. Мене животот ми покажал дека без пари нема ништо, дека од љубов не се живее и тешко ми е дури и да се замислам во поскромна финансиска ситуација да живеам.
Многу се радувам што дојде февруари, месецов ќе има големи промени, многу сум мотивирана. Како да е нова година а не нов месец
1ви февруари.И покрај се имам некоја надеж дека нешто ќе се промени. Денес се селам повторно сама во станче и едвај чекаамм " whoaaahhh i feel good tananana!" Колку шо сум депресивна јас толку сум и мрдната
Тешко ми е да гледам како се мачиш со болки, додека болеста го "јаде" секој дел од тебе, а ништо веќе не може да се стори. Ама едно нешто од ова научив и се надевам ќе памтам засекогаш. Се во животот е пролазно, треба да се смееме повеќе, да сакаме, да не се каеме за ништо и да го цениме она што имаме.
Колку повеќе не им обрнуваш внимание, толку повеќе трчаат по тебе. Колку повеќе им обрнуваш внимание, се прават повеќе важни и умислени.
Од последно купување улошки во аптека пред еден месец до денеска кога бев да си купам пак ги качиле улошките за речиси цели 30 денари... Стварно не ми е јасно зошто улошки што на секоја жена и се неопходни се со толку големи суми. Како да нас ни е мерак да крвариме секој месец, па уште и улошки со вртоглави суми да купуваме. Се е премногу поскапено, страшно.
Еве ме пак нешо лењава и кенкава, некој од ‘оние’ глупи денови у месецот кога едвај станувам и за до вц. Имам пораки неотворени со денови, Не ми се ни дружи ни глуми. Околу кревет имам празно пакување од еклери, Неколку страни хартија шо служеа како потсетник деновиве, Една чорапа падната на земја и книга шо ја читам скоро два месеци. До 26та страна сум. Малце проветрив божем да ми се разбистри главата, аха, ваљда закаснив. Отворив од коа више почна да ме боли. Се осеќам мутаво, омалаксано и безволно. Можда малку и депре, без конкретен разлог зашто. Се растажувам за ситници, емотивна и емпатична, ги преминувам сите граници. И филмовиве шо ги глеам не помагаат. И да, сеа уствари прочитав дека први било, факинг толку ми е небитно неам ком, ни нов почеток, ни нова надеж, Само месец поблиску до пролет. За мене пролет е радост, живот и надеж. А до тогаш..
До кога со тој балкански став дека манџа со запршка и три литри масло в тенџере е најздравото нешто на светов? Онака, во секоја можна споредба и рангирање на храна на скала нездраво-здраво мора да е со манџа, чиниш од боговите допрена е светата течна храна, еликсир на младоста и виталноста.
Некогаш и животот ти прај глупа сопка. Секој ден накај раб и накај дома-иста песна. Не е ни хит ебаго! Трет ден по ред и веќе сфаќаш дека ништо не е случајно. И знаеш... точно што значи тоа.
Вчера доаѓам у собава гледам таа другата спие. Ај викам ќе имам респект ќе бидам тивка. Доаѓа ноќ, ја си ленуем таа на секое чука, треска шушка, па движи ко старцине со влечење. На паузи спиев. Сабајлето ме разбуди. Стана пред мене и пак си легна, е реков така? Добро. Станувам ја преку 20 пати отидов у вц. Прво дуксер сменив у пижама и на цигара у вц. Па се вратив па ко за (беља) среќа неможев четката за заби да си ја најдам. Па шушкам трескам се дерам нешто самата со себе муабет си правев. Па отидов така со вода се измив. И нормално сите патишта вратата трааас. Нит муабет правеше нит ништо. Доаѓа една шиптарка денес, одма здраво, како си што правиш, добро ли си ти треба ли нешто? Кога врши нешто тивко прави. А не ко забегана. Кога одам се пази да не ми се слоши, ме гледа. И ја со нејзе соработувам исто. Доказ дека повише ќе ти помогне (некој од страна) Шиптар него ли наш. По сложни се, добра душа имаат.