Кој на жените им рече дека се создадени да бидат пожртвувани? Да плачат, да се жалат, да живеат несреќно..и се’ заради некоја туѓа среќа. Жената е создадена да живее добро, а не да толерира нечии глупости.
Омиленото чоколадо шо секогаш го купувам, денеска со нова цена +10ден, тоалетната шо ја земам редовно +6ден. Најнови цени од неделава. Секоја недела повисоки цени за нешто и тоа не денар, два, оп 10ден. Кафето дојде 100ден да го купуваш, а и сигурно пак ќе го кренат. Пелените за внука ми +100ден поскапени. Добро бе како ги креваат цените на своја рака секоја недела како сакаат. Најголема инфлација имаме. Ама не, не можело 300е минимална плата не. И 500е да биди, па ќе е малку. Не заслужуваме држава одамна.
Најдобар начин да се победи човек кој со своето иреверентно однесување ти троши време дур се трудиш да му објасниш нешто важно е да го ставиш на игнор. Не вреди да се кинат нерви заради идиот.
Сабајле за паркинг место за влакно ќе бев прегазена од квази стокетина која немаше ни грам почит ни срам,а културно и кажав дека не може да паркира бидејќи татко ми ќе паркира. Г-ѓата ризикуваше да ме прегази,па уште и ќути на моја реакција. Може требаше да викнам полиција и да пријавам за обид за прегазување па може ќе и дојдеше паметот. Пошто од многу вакви несреќи не им дојде паметот. Може и е член на форумов,па ако ме чита нека си ја скине возачката или нека ми ја даде ќе и ја скинам. Заслужуваш да гниеш во самица во затвор!!!
Каква багра, се препотресов и изнервирав https://a1on.mk/macedonia/video-ins...91Zwpqog6Jo2tcFhk0Gb26G1gd-wef5GDbRwXIPBKGTJ0 Уште мали дечиња, две девојчиња гледаат се додека овие снимаат и се изживуваат на кутрото врзано јагне, ама не па и во скут малата да гледа ја ставија, важно флашите пива у рака и уста, а државната служба што ја обавува на што го учи, маломозочни до бескрај. Еј земјо какви те раководат и какви ставаат на раководни места ејјјј страшна работа
Изгледа почна да ми смета туѓа среќа ради тоа што ми е беден животов и никад нема да проживеам нешто убаво. Незнам како да кажам. Ми смета туѓа среќа ради моја несреќа - е така.
Се прашувам што ли толку многу му згрешив на господ па што ме казнува вака.. Судбино проклета те мразамммм!
Зошто мораше да дознаам? Не сакам да знам. Клапнав скроз. Сета енергија ми ја испи. Свесна сум дека кој шо сака (а очигледно и може) си прај ама воопшто не ми е пријатно и искрено ми се згади. Мачнина имам во желудник до степен на нагон за повраќање. Му пишав и он е у хаос. Ама бар има време за мене. Ќе ме оправи. Ќе ми помине.
Од утре вртам нова страница во животов! Се надевам ќе бидам истрајна, и ќе успеам во тоа! Прво јас, после сите други!
Уште една вечер си легнувам со солзи, тајно посакувајќи утрешниот ден да ме изненади пријатно.. Но уште ништо не се променува. Што ли толку згрешив се прашувам.. На никого лошо не сум посакала и сторила, ама затоа лошо и те како ми се вратило. Доволен ќе ми е само еден разговор за да ми падни каменов од душата, а ни тоа не можам да го добијам. И цело време ми се врти само: "Зошто?"
Кога ќе ти каже татко ти дека ќе дојдат некои важни луѓе дома и ти ќе го исчистиш убаво целиот кат, а тие ќе влезат на другиот кат
Кога ќе ми тргне убаво денот цел ми е убав до крај, ама кога не иде од старт абе стој на раце да направам пак не се оправа, да скратам денес беше од тие првите, цел ден, од почеток до крај
Замисли да не смеј дечко ти да се кара оти ќотек ќе јади и ти да се фалиш дека ви е мед и млеко лмаоооо за некои вакви сум велела си се заслужват и криво ми беше ко раскинаа ама за овие ... Honey ... He deserves better.