Она кога ќе си најдеш печатна грешка, а времето за редактирање изминало. Или во веќе испратен mail и тоа до професор.
Пријателка се прави дека не ме познава денес ме бара за помош. Оти бе има вакви луѓе? Прифатив да помогнам
Буквално сум на крстопат во животов... Не знам дали некогаш ќе кажам "Не" без да чувствувам грижа на совест...
Дури вчера дознав дека руколата била моќен афродизијак.А јас не се опаметив и не,купувам глупости оти најбитните работи ги заборавам .Кутија штрудли место грчки јогурт
Језиво е колку можам да истрпам, да се заќутам кога не треба, Да ме води силна желба за да давам вештачко на јасно мртва состојба од пусто шо не можам да се откажам, нејќам да се откажам, ме боли да оставам, свртам и заминам. Ме боли колку товар носам од туѓи грешки, боли, а не заслужувам, Љубам искрено и силно, а за возврат еве ме пак расплакана и скршена. И се е ова вртење во круг, лета време, Веќе немам 19 и не е уопште интересно да се гледа циркусов, уше помалце да се преживува одново, ама проклета да сум, глупава, глупава, најглупава… Пу! Се каам шо сум се родила ваква!
Само што го видов распоредот за летен семестар и пукна анксот на најјако.Оди спиј сеа да те видам. А не е ни почнато. Трите најкне професорки во ист семестар! Таман! Преживеав до сеа и тоа доста солидно, но дали ќе преживеам пак!? Сум почнала да пишувам мислење овде за тоа дека способните жени се добри за машкото его. Уел, оние што се плашат од способни, треба некогаш да се запрашаат ДАЛИ можеби тоа што сме способни е единствениот начин и немаме друга опција па сме научиле така!? Еве типичен пример сама пишав . ... како на способна жена не и треба некој да и причува дете, да и сработи работа или да и заврши нешто. Само и треба помош да се справи со демоните кога ќе надвасаат пред семестар, испит и сл...
Една од работите што ги мразам, е кога некој ќе даде нешто мое, без да ме праша. Сестра ми дала 4 книги на колешка и веќе две недели чекам да ми бидат вратени книгите. Барем се надевам нема да бидат како бурек, од нив зејтин да тече. Оти знам, дека не секој ги чува книгите. Не ги нашла госпоѓицата во градската библиотека. Океј, тогаш купи си ги. Не сум ни јас јавна библиотека. Како очите си ги чувам книгите, ама кај ќе објаснам на некој што не цени книги.. Еднаш дадов книга на другарка, корицата беше лом, а страните превиткувани на врвовите од страните. А си имаше bookmark книгата. Од тогаш кажав, давање книги НЕ! Ама ете.. Се надевам во истата состојба ќе ми бидат вратени, со bookmark-от од самата книга.
Денес , утре ќе го гушнеш и се друго небитно ќе биде...сите помисли кои те напаѓаат и водат таму, каде не припаѓаш, ќе исчезнат. Набрзина ќе ти стане кристално јасно, каде си лутала и спокој ќе те обземе. Молитвите исполнети ќе ти бидат, зошто и покрај сите грди зборови кои те искушуваат, чиста си душа. Се смешкам, бидејќи знам дека за скоро, реалност ќе стане.
Инсталирав фејс после 4ри год. И ништо не се сменило. Уште има прост народ. Му викам на мај бојфренд "не сум ја за фејс кај и да е пак ќе деактивирам". Ми вика "како сакаш". Ма пола луѓе не ги ни познавам, сум ги заборавила човече.
Од секогаш ми било толку глупаво објавување на подароци на социјални мрежи. Ептен, не ја гледам логиката се на фб постирано. Подаркот не сакам да го делам со сите, најмалку на фб, инста.
Се плашев, ама не се откажав и победив. Не ми е гајле за нивните мислења.Ќе ги натерам да си ги проголтаат зборовите.
Знам дека е тоа што го прават е добронамерно, а моево мислење ќе звучи злобно, но ете. Налетувам на прашање во фб група "дајте идеи за сликање за прво запче". Па во коментари бебиња со огромни заби направени од разни работи, па колачиња, па торти. What the actual fuck? Не сум огорчена личност, ама сериозно е глупаво сето тоа. Гоооооолеми јајца, заб му излегло на бебето. Знам дека е кејф, знам дека е радост. Ама пак ми е екстремно идиотско. Исто ко што ми е идиотско ставање слики од бебиња на социјални мрежи. Знам дека е кејф, знам дека е радост. Ама глупо е. Со сета почит, ама глупо е.
Oh lele. Vidi koi im se idoli, kakvi osobi im se dopagjaat, i kje znaesh kolku im tezhi pametot. Za grev. I jas na kogo sum izgubila vreme da objasnam neshto.
Колку само стрес имам добиено, од тимов овој месец, мислам дека до сега требаше косата да ми падне. Абе не се можни, колку лошо играме, еј!
Зошто пишувам симптоми и дијагнози на интернет, посебно во сред ноќ Сега уште тестамент фали да напишам и таман ќе сум Ништо, ќе чекам да самне, или ќе има ало докторе или шпринт до докторката, значи излудевв, сите во овулација на друго мислат јас полудувам
Познаничка цел живот го помина со играње на нечии емоции Пред неној ден ми вика зошто сум ладен кон нејзе Само се насмевнав. Она продолжи да зборува за мене..