Онака многу ми е ќеф кога некој глуми дека за рандом луѓе не го боли таквото и не се занимава што прави, а после слушаш оговарања за тебе од истата личност оти очигледно нема друга работа во животот. Ми се полни срце просто кога гледам дека некој од уста ме ме вади ама битно "не му е гајле што правиш"
Кое дно од новинарство постои Толку инспирација да се немало Цел фејсбук преплавен ми е со Даниела, Грашо и Хана, што правеше Даниела за свадбата од Грашо, што изјави за бебето што го чекаат, Еве со кој Мустафа Сандал ја замени Емина, Богдан со нова девојка, со кој ја замени Цеца Добро има на некој што му се интересни насловите и текстовите? Оставете ги луѓето да си живеат, имале минато претходно, сега не, секој продолжува со животот
Никогаш не ги разбирав војните зошто настануваат, ни како мала а ни сега возрасна,освен што донесуваат глад, болести, смрт и сиромаштија.
Денес ми стигна известување дека сум станала форумски идол. Во мое време тоа ќе беше љиљаково цветче, ептен ми беше убаво цветчето. Да се покрене некаква петиција за да се вратат цветчињата!
Од секогаш највише сум мрзела луѓе шо се умислени и дрски без причина кон луѓе шо не ги познаваат, а денес се фатив како реагирам одвратно на непознат чоек шо само сакаше да ми помогне. Превртев со очи и ја затворив вратата од кола како да сум некоја преважна особа, а он да нема право да ми се обраќа. Цел ден мислам на ситуацијава и ми иде џигерот да си го изедам. Од кога стресот и нервозите шо ги иам у животов дозволив вака да ми се рефлектираат на односите со другите луѓе?! Апсолутно нема оправдание. Да го сретнам пак, би се извинила и би го почастила кафе. И тоа извинување со глава укопана у земја, зашо ми е пресрам од сопствената реакција и постапка. Не сакам да станам ладен чоек, фрустрациите да ги истурам на недужни луѓе, не сакам да оставам погрешна слика за себе, не сакам да бидам нешо шо го мрзам! Си легнувам со огромна грижа на совест и со едно ветување, Ова просто не смее да ми се повтори. Чиче, ти се извинувам од дното на душава
Ми фалиш бе... Како ни се зезна планот ради изолацијата.... Дел од мене си, не само од мојот живот...
Таман се опуштивме вирусот дека заминува, војна почнува! Одамна ваква паника не ме е фркнала, сабајле у кола паничен напад добив од страв. Гледам во очињата на син ми, и си велам Боже мили зарем деца да страдаат и да слушаат пукотници Каде беше старото време, кога немаше ни војни ни вируси. Мислам дека повеќе ништо нема исто да биде. Избегнувам уште толку да читам, страв ми е од паниката на луѓето. Не ми се верува дека ова го има во 21 век. Поради 2,3 будали цел свет да страда и деца меѓу нив за глупи пари
Секогаш гледам да сум добар човек, да најдам позитивно во секоја можна ситуација, да разберам, ама нешто што најмногу ме нервира на овој свет е не културни луѓе! Ау, тоа од такт ме вади. Сабајле ми се случи таква случка, каде што бев искритикувана дека не сум го видела на време телефон, и тоа од небитен човек што ни очи му знам. Ми се идеше да го изнарендам убаво, ама ајде, да не си го расипувам денот, преќутив. Ама тоа ми е некогаш многу голема грешка! Пред да кажете нешто, имајте на ум дека на никој не му ја знаете ситуацијата, па да одма морате со такви грди коментари. Треба да знаете дека некој работи и трета смена, кога ти си спиел, јас сум работела, и не смееш да кажиш такви коментари и плус кога некој ти се извинил, срамота!
Денот кога требаше да ја донесам можеби најважната животна одлука (вчера), започна војна... Денеска, кога требаше да одам и да разговарам, да кажам конечен одговор, излегоа толку фрки на работа, и ситни здраствени проблеми, што немав ни две минути слободно време за тоа. Не дека сум суеверен, ама мислам дека тоа е некаков знак...
Културата и воспитаноста на човек се гледа најмногу кога зборува со некој кој не мисли како него. Особено ако е драстично контра мислење. Па навреди, па клетви… А иначе не биле тие такви, само сега во афект… Да не знаеш дали да плачеш или да се смееш.
Кога е ладно и треба да учам си викам само да се стопли, поубаво ќе биде на сонце и подолг ден да се учи, повеќе енергија ќе имам. Кога ќе се стопли и треба да учам си викам какво убаво сончево време за шетање, подобро да е ладно, па да не ми е криво што цел ден седам и учам, наместо на сонцево да си пијам кафе некаде.
Гоце Делчев грешел што го разбирал светот ко поле за културен натпревар меѓу народите ние сме се, само не културна цивилизација, нека не акне некој метеор и нека ни ги скрати маките, аман поарно тоа, отколку да страдаме од политиките на бесни, алчни лудаци кои осиромашуваат, угнетуваат живо население, и во најлош случај убиваат за само да се богатат уште повеќе, алооо лудаци, нема да ги однесете богатствата во гроб, запрете веќе еднаш
Леле бе "брат" колку ми се иде да ти кажам така у фаца, дека на времето пред да пиеш и мезиш гага у локалчево кај шо работиш последниве 2 години (а си 35) во 21ч си легнуваше со женска ти, или па филм глеавте и тоа сабота за викенд со лимонада и чоколадо. Не знаеше за ни еден бенд, не знаеше вотка и шток колку се у диско, а за мезалаците в меана не праам муабед, кафана во друг град ти беше а и остана непознат поим. И дај не ми се прскај секој ден, зошто да си фаца треба да си скроен, сакам да речам така треба да се родиш, одпосле тоа не бидува
Јас сум многу против тие изреки - Животот им ги дава најголемите битки на најголемите борци и онаа дека Господ ти дава онолку колку што можеш да поднесеш.. Ноуп.. Туку те фрли животот во оган, а ти со сета сила се мачиш да се спасиш. Кога ќе излезе човекот од битките, не е ниту најголем борец ниту најсилен.. Само е човек..слаб, истоштен, изморен од сите битки кои реално не ни морал да ги води.. ама животецов решил дека ќе те измачува.. Не е дека можел или не можел да поднесе.. Туку ќе те исцеди животот како лимон, ќе те истреска од земја, ќе те уништи до крај и после ќе се мачиш како феникс повторно да се родиш.. И ќе се родиш.. за да дојде пак таков период да те тресне од земја и да треба пак се одново.. После многу децении веќе човекот ја губи желбата за да ги победи битките.. Јас се осеќам како многу децении да биле..многу битки.. скап данок, висока цена..
Сакам да кажам дека ми е фани ко ќе некој си кажи како прај и друг не верва оти тој друг поинаку праел. Sure honey, сите ко тебе се и ко тебе само прат. Друга реалност нема.
Не сакам напаст луѓе,кога гледаш дека не ти враќам на пораки едноставно повлечи се. Упорноста се исплаќа да, во вакви случаеви не.