Цел ден сама и цел ден во глава ми е сонот од синоќа... минута пред да заврне... излетав надвор ко да е вистина... се ежам во истиот момент кога ќе ми текне колку реално беше, а сепак не беше вистина. Беше само сон. Стоев така во темно... за минута подоцна да почне да врне и... не прекина сеуште. Што ли значеше сонов? Што??? Освен што ми докажа што точно чуствувам... може и тоа беше целта... Од друга страна, не догурав до овде сама за некој да ми се дере зашто е во каша. Се сфаќам и се разбирам и секогаш се трудам да помогнам... ама очигледно луѓето го злоупотребуваат тоа. Но јас нема да дозволам никому мирот да ми го расипе. Ни денес, ни утре, ни било кога...
Се прашувам дали воопшто имаат памет маживе што упорно и упорно зјапаат во тебе до степен скроз незгодно да ти стани. Седнавме на кафе со другарка ми денес и испадна мажи да има околу, ние двете сами. И упорно зјапаат иако ги приметуваш. Ко океј, сфаќам дека сме лепотици, но малку посуптилно гледај. Ама не, овие упорно гледаат ко оперирани од срам. Мораше да му се јавиме на другарот да дојди порано со нас, бидејќи дечковците уште не беа стигнати поради друга обврска, а ни беше незгодно така. Кога ќе речам не е лесно да си жена се смеат некои. Ако си излезена без машко лице со тебе а се погодат повеќе мажи на местото се џарат небаре мечка оро игра.
Изгледав неколку видеа со кучиња кои лежат до мртвото тело на газдите во војнава и не знам зошто воопшто ги гледав кога си се знам каква сум и колку се потресувам. Прегрдо ми е што го видов тоа, збунети цели, не се свесни зошто газдата не се буди. Ќе умрат од тага…
Напорен понеделнички ден на работа, ама успешно го завршив месецов и очекувам плата многу поголема од претходната и се радувам што сета едукацијата во која сум вложувала со години ми се исплаќа. Но истовремено овој ми беше и еден од најтажните денови, ден во кој се расплакав како мало дете на видеото од реанимацијата на 6 год. девојченце од Украина и на зборовите и делата на сите здравствени работници што учествуваа во тоа хумано дело. Ама па џабе е да имаш се ако немаш грам осет и емпатија за туѓата мака и болка и затоа ќе запрам тука инаку колку објави видов од таму срце ми се пара Грд е ликот на секоја војна
Си излегов уште рано, рано. Се враќам и среќавам една личност и како што си бев кажала дека наредно ќе ги потфатам по ред "таквите", Господ да ми прости, ама кога си почнав онака отворено да си ја кажувам вистината.. Виде не виде, патот под нозе. Лекот бил петпари, а главата мирна.
Глава не кренав од математички физички и хемиски задачи. Буквално цел ден. Единствено што направив во меѓувреме зедов дете од градинка и продолжив да решавам. Но толку многу сакам да успеам што иако не ги сакам тие предмети, максимум давам за да ги совладам ... А зошто сево ова го почнав . ... Ајде... може ќе излезе нешто друго ..
Платата ми е година и 4месеци константно иста, не е работа со напредок, плус ми е демотивирачко што платата е ниска за моето образование. Се надевам нека наскоро ќе го сменам ова и ќе имам среќа
Ми треба време за себе. Немам никаков character development од којзнае кога. Планирам да си се посветам максимално. Да се стабилизирам после долго време. Ќе паузирам од сите социјални мрежи и од форумов. Се гледаме во подобри времиња .
Она кога ја советуваш другарка ти на дечко да направи small talk во надеж дека ќе добие ons. Aма ons се претвара во 181828x ноќи и дур се освестиш она завршува со прстен на рака и напумпан стомак, а, ти во улога на кума со ружен виолетов фустан кој на тебе изгледа ко да имаш 150 кг.
2-часот по полноќ, нит сум мајка, нит планирам во брзо време а окапав читајќи во темана доење цел саат. Побогу на што трошам време
Сите што крадете туѓи слики, делите броеви и злоупотребувате туѓи работи, на мајка ви, ќерка ви, сестра ви да им се врати, впрочем гледам на вести ќе има санкции за јавна соба и многу сум среќна, мада 5 години не се нешто ама подобро од ништо!
Секогаш човек се зафркнува кога ќе се обиде да искаже нешто, а притоа истото да се протолкува како жалење. До каде се стигнува, излегува дека најдобро е да бидеш никој. И после "аа бе оти не се смееш". Од ова вака, ск****ва и после друг поглед се има.