Децата се гушат уште под маски, ама сите се бунат само на фб. Никој не излегува, не се буни. За ништо не можи да се организира, ај да не зборувам за се друго. Ама за партиски собири, протести, тогаш први се сите. Пу бре!
Го знаете она чувство, баш кога ви треба љубов не ја наоѓате? Престанувате да ја барате, се помирувате со фактот дека е непостоечка и одите понатаму. Поминува една година, поминуваат две, поминуваат три, и оп, одеднаш се појавува некој со ентузијазам и желба за нова приказна со вас. Но, тогаш сфаќате дека не ви ни треба такво нешто, зошто сте веќе трансформирани во железна машина, потполно дереализирани од резонанцата наречена 'љубов'. Едноставно некогаш животот е полн контрасти.
Значи мразам кога некој ме напиња и напиња и пошто ќе се осетам загушливо ќе почнам да трескам глупости и нормално ќе си добијам блок. Ама па тогаш ми е многу полесно и ќе се издишам на раат.
Никогаш нема да ми текне да излезам од дома без капа додека е ладно. Главоболка не знаев што е, синусите убаво ми покажаа што е Едвај чекам да осамне, оти пукнав, ништо за болка не помага
Западот бил демократски, имало слобода на говор, на изразување, сѐ што ќе посакаш, сите се сакаат и се прифатени, perfect world.... Но додека ним им одговара. Инаку ќе те блокираат, ќе шират пропаганда против тебе, дискриминација, омраза, булинг. Слобода? Да, слобода да ги прават овие работи, да се изживуваат врз другите. Ни другиве не се многу поарни, ама првиве се некст левел. Во смисла со нас си дури играш како свириме. Поголеми лицемери не постоеле ни ќе постојат. Да ви се плукнам во таквата демократија. Демократија само на збор. Уште потажно што многу паѓаат на тоа.
Кога ги тргнав џемперите на повисоките полици и ги наместив при рака маиците со кратки ракави и се што ми е пролетно и летно, почна да паѓа снег и времево како да се врати во јануари. Животе, свадба без пирошка си. Сакам сонце и пролет, што е ова...
Таа од сабајле до доцно попладне се растрчала на 300 места заради 32875 обврски од кои голем дел требало тој да ги исполни.Тој со часови полулегнат на каучот ја прашува зошто не направила ручек.Наместо „ти благодарам“ ѝ упатува замерка. Аман од вакви... Жената не е слугинка, бе.Стани и сам зготви си јадење. Не е тешко!
Чувајте си го семејството ако е добро со вас. Некои ги имаат живи ама без причина ги отпишале, па се крепат сами во животот долги години, иако никогаш не ви кажале за тоа.
Читам моментално книга, позната книга од 1859та. Наидов на нешто интересно, а притоа се сетив дека тоа и во други, стари класици, го имам прочитано. Љубовта во тие времиња била: Те сакам, омажи/ожени се за мене. Кога имале чувства кон некој, му предлагале веднаш брак. И тука е 2022 година, врските кога девојките се: Излегуваме, се гледаме ама не знам на што сме. Не знам дали ме сака. Кои му се намерите?! Ех.
Цело сабајле сум без интернет, во контакт центар викаат дека сте од групен проблем, ве молиме за разбирање. Огромни сметки се плаќаат, за телефони, за интернет, за тв, за на крај пак да снемува постојано и да има некакви прекини. Ќе имаме разбирање, што друго да се прави ама за тие вртоглави суми што се плаќаат треба и подобра услуга од ова што се нуди. Имам тон онлајн meetings на кои треба да сум присутна, да не ми беше интернетов на мобилниот денеска се ќе пропуштев и тоа не по моја вина.
Добро е, спласна еуфоријата со цвеќиња за празникот на жената, мајката и бабата Голема и тешка е пораката која ја носи 8 март, ни најмалку не е дека требаше за на стори да сликате 3647 добиени цвеќиња, и пораки дека сте најнај мајка Цвеќиња се купуваат и подаруваат секој ден, а и плус, 8 март НЕ е ден на мајката како што се доживува во Северна Маќедонија
Само го гледам времето надвор и никаде не ми се оди. Ги гледам и овие внатре и си велам седи, не се давај.
Како не ме лаже интуицијата тоа е чудо. А мислев претерувам. Со време купив франци. Франкот рипна. Наточив гориво уште пред недела дена фул. И уште една работа што ја предвидов и ете ја, се потврди и таа. Никогаш повеќе не би си рекла дека претерувам. Баш напротив. Може викендот да почне раат.
Внук ми пред малку ми вика;тета кога ќе најдеш дечко да се бакнеш и да имаш бебе душаа бе а баш пред тоа читавме од тетратка кај што пишувале на училиште дека некое дете сонувало кај што штркот му донесол брат или сестра Ми фалат времињата кога и јас верував дека штркот ги носи бебињата