Случајно наидов на сликава некаде во галерија и се потсетив на времето кога солзи ронев на овој текст. Река од солзи знаев да исплачам затоа што проклето се пронаоѓав. А, и не беше толку оддамна. Само пред една година. А сега? Сега слушам латино додека го пишувам оваа. Повторно сум старата јас. Дали заборавив низ што поминав? Не. Веројатно никогаш нема. Знам да се сетам и знае да боли повторно и знам дека ќе ми остане лузна. Ама не се жалам. Лузните се само доказ дека сме биле доволно силни да се избориме. Благодарна сум на тој период затоа што научив многу. Ме научи да продолжам да се борам колку и да е тешко. Ме научи да живеам во секој момент. Подеми и падежи. Тоа е животот.
Откако почнаа со овие реклами по инстаграм и со тој никаков алгоритам на покажување објави се подосаден ми стана инстаграм. А, што убава апликација беше на времето, немаше реклами шо искачаат на секои 5минути, по време на поставување се прикажуваа објави, немаше шанса да пропуштиш објава на некого. Многу пати ми се случува да промашам објава на луѓе со кои секој ден зборам, зашто алгоритмот за покажување објави во feed им е катастрофа.
Време е да се престане со онаа ,,...абе не се нервирај, од едно уво влегува од друго излегува...,, затоа што тоа е одлика на коза.
Сакам да кажам дека, никаде не одам ако некој не ме покани и ќе ми рече едно млитаво ' иди и ти' или само да 'направам лице', од атер или сл. Имав ситуација каде што колеги, се договориле, и испадна да мене ми беше кажано, дојди и ти. И тоа откако заврши смена. Не да се инатам, ама ако веќе имало некој договор претходно или се договориле во текот на смената, можеа да пишат на чат дека, денес во толку и толку, после работа ќе идеме на кафе. Ок, идеализирам. Чао
Јас стварно не разбирам како некои не се уморивте од постирање исти слики на темите, не ја разбирам поентата, ај еднаш да постирам ист тањир (прљав), ама иста манџа, иста слика секој ден бе? Исти кафиња? Влошки? Не е офтопик де, ама нема смисла.
Она за кое мислиш дека никогаш нема да те снајде, баш на крај тоа те снаоѓа. Ни на крај памет не ми било дека јас каква што се познавам, би се нашла во ваква ситуација.
Не сакам да бидам парти брејкер, ама во ред победа. Супер. Гордии сме. Се знае дека нема мн да дотуркаме. Не очекувам да бидеме шампиони, пошто се знае кој и како ќе биде првак. Ама ајде..
Како лабаво се рашетав, сега само уште настинка фали. Не знам што ми бидна, дома не можам да се приберам последниве недели. Пролетта ме удри во глава изгледа.
Многу луѓе сакаат да се другари, им недостасуваат другари, сакаат да бидат сакани и разбрани, ама да биде тоа како што тие сакаат, на начин којшто тие го сакаат, и под нивни услови, без да излезат од сопствената школка. Тоа е исто како да сакаш да лижеш сладолед, уживаш во вкусот, ама не сакаш да влезеш во продавницата, затоа што ти пречи излогот. Е, па не оди тоа така другари. Другарството е повеќе станување-другар, смислување нова „приказна“, преосмислување на себеси и другиот, другарство не се двајца луѓе, што се гледаат преку огради, граници и чување од безбедно растојание, без никаков напор. Граници, да, ама со опипкување и себепредизвикување. Повеќе е проширување на хоризонтите и границите, правење „заеднички“ граници и постојано внимание, без тоа внимание да ти е напорно, туку да сакаш да го дадеш.
Дојде време и пивото да ми го поскапите и тоа за 16ден плус. Браво, нема никаде како вас, капа ви симнувам
Оној филинг кога имате Војна во главата, тотална конфузија. Знаете дека наскоро ќе засвети светол ден и се` ќе се искристализира, ама дур трае е тотално лудило.