-Македончето на интернет: -Проклети да се Грците! Ни го сменија името, а допрва и химната и грбот. Не не сметаат за народ туку за стока...Цркнете Грци! Никогаш Северна, секогаш Македонија! Алеееее! *Доаѓа најголемиот христијански празник. -Also, Македончето: -Утре сите да сте спремни во 5 сабајле. Одиме за Грција па да фатиме ред на граница. Држи се Јужна, доаѓа Северна! Замисли некој човек постојано да ти вика дека си обичен измет, дека крадеш, лажеш, не те смета за живо суштество, па дури физички да те напаѓа, а ти за најголем празник се дотеруваш и му одиш дома кај него на гости Тој со стап те брка, ти ја крши колата, а ти пак и пак и пак му одиш...Е тоа е љубов И после зошто никој не ве цени како народ...Не знам...Стварно, зошто?
Најголемо зло кај една личност е ЕГОТО и ГОРДОСТА ,тие што се фалат со овие две зла бегајте од нив што подалеку.
Е почнаа празниците, вишокот време и кавгите низ форумов. Како не ви се здосади јас не знам... Злоба ти таква е.
Она кога ќе заглавиш со саати правејќи длабоки и научни муабети со некој што е опенмајндед и полн со знаење. Го слушаш како зборува и се фасцинираш едноставно од неговата интелигенција. Сфаќаш колку исти погледи и сфаќања имате и не ти се верува дека постојат вакви луѓе уште. Цел живот од друштвото слушам само трачарења, завист, мрчење, глупави муабети, види го оној, види ја онаа бла бла бла. И конечно среќаваш некој што не е ограничен и си правите преубав муабет притоа губејќи осет за времето. После тоа се чувствуваш надоградено, како да си научила нешто, споредуваш со какви личности си се дружела и... сфаќаш некои работи. Колку многу е подобро кога си со "свој човек". Човек кој го вади подоброто во тебе, кој те тера и те мотивира да си подобра личност, човек на кој почнуваш да се огледуваш. Посакувам секогаш вака да можевме за се дружиме. Ама затоа ги ценам многу оние моменти кога можеме. Бидејќи никогаш не би ми здосадило и секогаш ќе има работи за кажување и дискутирање.
Мирот и спокојот не се купуваат со пари. Една обична прошетка, поздрави од одамна невидени мили луѓе, пар насмевки, убаво време и пријателите до тебе прават денот да е многу поубав и секако кога има љубов и радост во вишок насекаде се шират и тоа се осеќа и гледа.
„Културата“ на нашиов народ можиш да ја видиш на вакви денови, празници. Денеска одам в црква и внатре пред да влезеш се палеа свеќи. Си стојам в ред, влезе една се турка, трга се,се испокапав, изгорев со свеќата. Влегов в црква внатре и во редот застанав за кај што поминува, истава доаѓа и се пика едно-два реда напред. Се тргаат, викаат... Ај тоа, туку кога ми текна се кој бакнува тоа иконата и крстот. Не сакам да звучам „неверник“ или не знам што, ама луѓево се прави хиени. В бутик една од раце ми ја зема блузата и ја купи, нејќев да се расправам и да правам кавги. Арно викаат не чини менталитетов на луѓево, не чини. Доста мрчам.
Каде се искрените и добрите луге? Ги барам ги нема никаде.... Покрај толку луге јас се чуствувам празно... Све е лицемерие , тие глумат -јас глумам....но се уморив !!! Сакам нов живот и нови луге покрај мене ! Доста беше!
Се разбудив цела укочена. Го гледам времево, па ова не е нормално Не дека не сакам дожд туку одамна немав слушнато силни грмотевици. А планирав порано да слезам до град. Јајцата се спремни, време е да ја наредам трпезата. И денес сум на работа и после чил Ни споиле со први мај, па тек плата. Мене најубаво ми е кога одам на гости и си бирам јајце и гледам колку биле креативни.
Ќе помине едно запросување без невестата после некое време да објави дека е трудна као се вериле па после затруднела? Не пиеме нафта.
Океј де, разбравме дека за продолжениот викенд многу народ отиде у Грчка. И сеа што? Они пијуцкаат узо и јадат гиро, а вие? Вие што правите?
Ние еве арни, добри, шеткаме лево десно, прославуваме родендени, празници...А вие? Вие што правите? Како сте?
Со причина постои опција Игнорирај на форумов и мислам дека треба почесто да се употребува ако некој смета некому. Или потребата да се подбуцне и да се врати со провокација е посилна? Дури и да те цитира некој апсолутно не мора да се врати на цитирањето. Тешко е да се прескокне? „Мојот збор последен“ работава. Малку детинесто.
Не губете си го времето да освоите нечии очи, трудете се да освоите нечие срце. Христос Воскресе, честит празник на сите кои го слават Велигден.
Честит Велигден на сите православни христијани, здрави и живи со мир во душите уште долго да славиме. Христос Воскресе!