Маж пере кола, свекрва ја нема да мрчи, бебе спие, мама пие второ кафе, без ич шеќер, го става на форум, во истите филџани од вчера, сакати членови, проверува инбокс, а само шо дојде пролет, веќе се рачуна ко лето... таму некој порамнува градови (а, другите да не се подобри?), зејтинот пак ќе поскапи.... Живот!
Насадив 7 дрвца, неколку трендафили... земјата ја ронев меѓу прсти.. како да барав нешто во неа. Денес е денот. И не дојдов кај тебе намерно. Бев во саботата, кога изнесувавме. Ете ги дрвјата сите што ги зборевме.. засадени на година од твојата смрт. Само што сега не стоиш до мене... и таа болка не може ниту со збор да се опише, ниту со нешто да се замени. Може само да се проголта и да се надеваме дека како ќе растат, така во нив ќе те гледам тебе...
У комшии има гости. Детево исто така гостинче цело време ја викаше мајка му а оваа го игнорира муабет си прави, и на крај му се развика "ај не се занесувај". И детево замолчи. И сега мака ми е.
Страни шо ги следам, најчесто за вежбање, за храна. Посебно тие за исхрана ми се толку супер, се додека не станат спонзорирани. Е тогаш се паѓа во вода. Почнува само рекламирањето, на овој продукт оној и се губи смисла. Се губи и квалитет и се. Баш штета.
Не се осеќам дека ми пропадна викендов, иако начелно имав скроз други планови. Вчера лежев у дневна зјапајќи го спремниот фустан за искачање едно дваесе минути и на крај заклучив дека е можеби подобро да останам дома. Пуштив музика и си отворив флаша вино, као за почеток. Да, одлучив, ќе сипам у тие убавите чаши шо газдарицата на секое гледање ми потенцира да ги чувам и пазам, скапо ги платила у Италија. Као да ми е мене тоа битно, ама чим ги остаила, тоа е ствар на доверба. А доверба за мене е најбитно нешо у сите односи. Следна сцена, саат време покасно, се фаќам како лечам осаменост со некои празни пораки по инстаграм, апсолутно со луѓе кои не ме занимаат, а ми раскажуваат детали од својот живот, очекувајќи да споделам нешо назад. Епа не. Се фатив на неколку моменти како подлажнувам, од шо тачно ме мрзеше да се објаснувам, како и секој друг ден практично, па ме фати некој инат и едноставно - прекинав да враќам. Два саати покасно, у мене има 5 чаши вино и неопислива желба за да се вратам дома, пошо ми текнува дека оваа недела имам два родендени на најбитните особи у мојот живот. Малку се растажувам шо и оваа година ќе ги пропуштам, ама живот - си викам. Не се сеќавам коа сум заспала, знам само дека скупата чаша ја шутнав сабајле на станување, пошо ја остаив поред кревет. Мал срцев удар, глеам не и е нишо, продужувам со денот. Од утре почињам со турбо работа, летна сезона е скоро на праг, уше од сеа знам дека ќе ми фали сон, ама па нема да иам баш време да мозгам и решавам ситуации шо постојат само кај мене у глава, така да, ок. Битно ми е само со психата да сум на ‘ти’. Следен пост ќе кукам за мојот роденден, уше од сеа да најавам.
Филингот кога објективно знаеш дека нешто не е добро за тебе. Потсвеста зборува, ама по автоматизам ја ставаш на сајлент додека возиш стотка, на полна линија и со главата во облаци. Ама затоа ноќе во десниот агол каде со денови избегнуваш да ја избришеш прашината, те дочекува.
Многу фалење не е на арно.Кога не знаeте сигурно што и како ќе биде, не брзајте со заклучоци. Размислете убаво пред да отворите уста.
Моментот кога открив нешто толку многу крупно што не го собира во мојот начин на размислување... Ни на крај памет не ми падна дека тоа е причината, само се запрашав, каде е мојата грешка?
Ништо поубаво од перена постелнина што мириса на омекшивач, ноќен туш и мачкање со омиленото млеко за тело од кое после мириса цела соба преубаво. Рај.
Ем не им се работи во недела, ем кукаат оти не можеле леб и нешто за грицкање да си купат(иако можеле во сабота да си набават производи и за во недела и некои места работат и во недела).Мрзата им е побитна. Никаде ги нема кога се носат одлуки што нанесуваат штета, а први плукаат по идиот во дрес оти не дал гол и се нервираат оти тој покажал екстремен сељачизам на терен. #ТешкиСеверџанскиМаки
Ми го купиле мантилот што сакав да си го купам и денов ми се расипа најсериозно. Одамна се немам така заљубено во парче облека. Срцето ми се скрши ко да ми раскинал дечкото.
Еднаш еден лик, небитен во мојот живот, рече-Нема што јас да го "бркам" или да трчам по нешто за да е мое. Тоа што ТРЕБА да е мое или веќе е тука, или е на пат накај мене... Среќа, па слушам и памтам што зборуваат луѓево, без разлика што ете, тој лик го имам еднаш видено во животот. Сега сфаќам дека таа теорија е сосема точна.
Мразам глупави фори и шеги Шегачија сум да, и за себе знам да си направам мајтап, и за сметка на други, ама ме иритираат глупави фори, каде што никој не се смее, освен тој што ги кажува и мисли дека е најјак.
И пишав на другарка од основно , средно и факс со која седев заедно во клупа ... сплет на околности ете судбина ли паднавме заедно во клас и во средно и на факс. И пишав дека веќе не можам да чекам сакам да ја видам времево премногу брзо поминува иако веќе 7 месеци се договараме и никако да се исполни тоа ... поминаа 6 години како се немаме видено без врска со детски умови се раздвоивме сега имаме 27 години да си кажеме се и да пиеме кафе , дека навистина ми е криво што испаднало така дека сум носталгична многу за се и дека секогаш сакам да си ја имам дека ми е другарка со која буквално пораснав и ни колешка ни сосетка не може да го заземе нејзиното место. Добив срција и одговор дека е full зафатена дека нема време најискрено . Некој викенд можда , иако секој викенд со фамилијата сака да си го помине. Некогаш обавезно... Пола ден глумам дека сум ОК . И сега моментално со туширање и со пишење овде се изнаплакав . Уште глумам пред други дека сум ОК ама се распаѓам. Работам , пешачам , одам по гости и пак само тоа ми се врти во ум зошто , ниту еден одговор што ми го кажуваат не ми се верува за реален и тоа да е причината. А планирав да им спремам подарок од срце . Веќе 2 години замислувам . И колку ќе бев среќна барем 30 мин да ми беа посветени со takе and go кафе со неа и нејзините девојки .
Кога некој изневерува нели сфаќа дека пред сѐ се изневерува сам себе?! Потоа семејството како заедница?! Па партнерот кој сам доброволно го избрал?! Нели се осеќа мизерно кога ќе се погледне наутро во огледало додека смислува нова лага?! Да создадеш семејство, дете за кое велиш дека е најчистото нешто на светов, да минуваш секакви заврзлами шо ги носи животов и еден ден да се посериш на сето тоа ради 2ипол минутно “задоволство”?! Не знам…