Зошто ништо во животот не успеав да го добијам на полесен начин? Кога сум се родила и делеле среќа, јас под стреа сум седела. Живот ли е ова
Некако денеска ми дојде too much од се. Од луѓе без осет, што знаат низ што поминав и наместо да ми остават простор малку да се совземам и од операција, и од дијагнозата што уште ја немам сварено, они ме замараат со искрено скроз непотребни и небитни работи. И ајде еднаш, два пати ќе излезеш во пресрет и покрај се, ама смачено ми е веќе. На некои луѓе треба да им се нацрта дека светот не се врти околу нив.
Времево како од хорор филм и полошо, се туку се слуша по некоја грмотевица од далеку, изненадно. Како Ноќ на вештерките да е, а не 1. април.
Знаеш дека си пијан кога на семејниот reunion (кој се случува едвај еднаш годишно јер сте токсично семејство), им речеш дека Мијалков е толку ружен што без разлика каков е во кревет, пожелно е да му се стави paper bag на глава, зошто во спротивно не е возможно да свршиш. #семејнивредности
Што кога надвор се стоплува, убаво е времето, дрвјата расцветани, ластовичките разлетани, жабите раскрекани, сонцето насмеано...кога немам со кој да прошетам.
Сакам да кажам дека како шо немајки не смеат да коментират на теми за деца, немажени на теми за брак оти изгледа здрав разум те напушта во тие две ситуации, предлагам уште нешто. Во темата за филмови и серии да коментираат само компетентни - со драмски завршен. Во темата за серии - само музички талентирани шо свират барем два инструменти и имаат една песна инаку е дволично и не можат да разберат и разликуваат песни. Скокни па кажи оп. Не можи да коментираш за нешто такво без да искусиш. Во темите за психологија без претходно доставена диплома за завршен факултет психологија или специјализација психијатрија - не ни помислувајте. Исто и во темата здравје и за корона. Или доктор и виролог или не се глупирајте. Нема смисла. Во кафе муабет теми - само дур се пие кафе. За ова најмногу ме боли ама ќе почнам да пијам почесто за да смеам да коментирам. Во темите за политика само некој шо има студирано политички науки и е од луѓе шо би ги прашале новинари за да ги користат како "експертите велат...". Редно е секој да си го научи местото. Конечно ко ќе не ви се допаѓа шо пиши некој, о вие професионалци во вашето поле - сега ќе сте сами со себе во сите теми. И ова секако е иронично. Не сум идиот.
Секој втор изневерува. Во краток период дознавам за неколку парови што се пред развод заради изневерување, и тоа сите се од машка страна. Што се случува?? Секоја втора жена разочарана, без внимание, без љубов, изневерена... зар ова е тоа? Зар вака ќе биде? Работиш на врската, работиш ма себе, животот носи предизвици, и во првиот проблем маж ти одма отишол кај друга. Не комуницираме, немаме вредности, немаме љубов, немаме разбирање, што е работата...
Што убаво е да си недоследен, кога ќе те критикуваат ќе нема на што да ти се „фатат“. Што убаво е да си неодговорен, секогаш може да смислиш нешто ново што не мора да го правдаш пред другите. Што убаво е да се чувствуваш како жртва, „светот“ е виновен, никогаш ти. Што убаво е да си правиш глупав, никој не може да е поглупав од тебе, зашто другите не ќе сакаат со тебе да се натпреваруваат. Што убаво е да одиш со главата во ѕид, сите ќе се тргнат зошто не сакаат да удрат во него заедно со тебе, а ти ќе се чувствуваш храбар. Што убаво е да не бидеш разбран, зашто живееш во „свет“ кој не може да се измери. Што убаво е да имаш преголеми барања, зашто секогаш не ќе мора да се трудиш да ги исполниш ти самиот. Што убаво е да го гледаш во другите тоа што не сакаш да го видиш во себе, зашто така секогаш ќе си во право. Што убаво е да не пробаш да подадеш рака, секогаш ќе бидеш убеден дека и другите тоа не би го направиле за тебе. Што убаво, да, ама така си и остануваш несреќен/несреќна!
Никогаш не сфатив зошто викендот ми поминува како да траел само 4 часа, а не 48часа, а работен ден проаѓа споро како да трае 48 часа. Дур трепнеш ете го понеделник.
Одвај чекам да дојде лето, море, плажа, коктелчиња, прекрасен мирис на кожа од кремите за сончање. Обично некаде околу крај на мај ме фаќа оваа огромна желба за летен одмор, ама годинава еве а малку стопли, се запролети мене одма вакви мисли и желби ме обземаат
Глумци, целоживотно, штета е што постоите, а не живеете , не се познавате и сакате себе си ,затоа и целово општество е до тука и дојдено, жално