Не знам зошто ама многу ме радуваат и ми го разубавуваат денот ситници како миризливи свеќи, маски за лице, топол туш пред спиење... Толку се изрелаксирав и опуштив денеска со се ова, што ме фати дремка уште сега.
Знаеш дека некоја гангла ти е сјебана во мозокот кога за партнер цев те боли дали е болен или здрав, ама затоа другар кога ќе ти се јави во 3:00 сабајле јер имал криза на идентитет викаш такси и го тешиш со совети до 10 сабајле. Бравос Акрониа, фацо. Затоа си 4ever сингл, дај си рука. Не се вклопив у модерниов свет и не се вклопив. Пу!
Има едни моменти кога посакувам да престанам да постојам бидејќи сѐ ми е преку глава, и други кога посакувам да живеам само во сегашниот момент. Како да нема утре, не мислејќи на ништо, кршејќи правила само ради сопствен мерак. Епа сега ми се оние вторите. Но моментално нереални, неостварливи. Барем да сонуваме можеме, ако ништо повеќе..
Никогаш не сфатив зошто во јсп толку се плашат луѓето од "промаја" и отворени прозори, па веднаш викаат прозорите да се затворат ако некој отворил прозор до него. Зошто од "промаја" толку на Балкан се плашиме, место од тоа што во толкава гужва во бусеви тон луѓе дишат во затворен простор кога корона уште хара лево десно? Па и да не е корона, кога е сезона на настинки секогаш истово се дешава. Поштетно е што нема провев и воздух во таква гужва него "промаја" ама добро...
После скоро 10 год. од зачленување на форумов, можам да кажам дека овде веќе не ми е местото дури ни за повремено навраќање. Немам посебна лична причина, ниту барам било каква реакција од некого, наједноставно just wanna put this out here. Секое добро <3
Нема љубов во токсична средина. Не ти се мрда од таму оти си себична кукавица, ама друг не е должен да го трпи твојот пекол.
Сакам во моментите кога сум ранлива да дојде некој да ме гушне. Само проблемот е што дури и да постои таков човек, јас веројатно ќе го оттурнам од себе зошто нели јас сум доволно јака да ги хендлам своите емоции.
Сакам се за се заврши добро. Морам да донесам одлуки потешки а за другото, како ќе се нареди само - така (само да биди како што треба). Не дека нема да се трудам, напротив. Ама не се надевам за да не се разочарам.
Тимот на фб донело ново правило да не се поставуваат мислења и слики со насилни содржини,содржини кои што можат да ти наштетат. Браво, браво.
Многу ми се „забавни“ луѓе што за да си направат поента прво ќе го видат кај соговорникот тоа што сакаат да го видат како противаргумент, без да разглобат, дури ни да имаат намера, што тој навистина мисли за темата, и потоа ќе „се истакнуваат“ со нивната „аргументација“ и „знаење“... Како оној вицот со студентот што научил само за црвот и кога професорот го прашува да одговара за слонот, тој вели: „Па, слонот е голем, ама има едно мало опавче, како црвче, е сега црвот е итн, итн, итн, итн.“ (изложување од два часа)