Го гледам авионов во темницава од балкон, светла само се распознаваат високо на ноќново небо и си мислам ниско лета, ај да проверам кој е, каде лета и гледам за 10 тина мин. треба да слета на нашиов аеродром, Виз од Милано. И ми стана јасно зошто ниско лета, намалува, сепак блазе им на патниците од каде идат и што спомени носат во душите. Убаво да слетаат и пак наскоро да полетаат и прошетаат по светов. Ми иде уште утре да си го фатам авиончето, ама ајде има време лето иде наскоро
Кога странци кои те следат од другиот крај на светот те поддржуваат повеќе од тие што ги нарекуваш другари.. Ми се затоплува душава кога гледам дека луѓе кои ме следеле со години сеуште се импресионирани како првиот ден.
СДК дека е срамота во 21-век да се качуваат цените на влошките. Ние од женски пол не сме предмети, бе.И ние сме луѓе. При овие кризи не сме во состојба да фрламе куп пари. Ни отежнуваат наместо да ни олеснат.
Се прашувам каква ќе ни беше младината да не минуваше низ транзиција? Дали ќе имаше повеќе емпатија, желба, жар, како и потенцијал за пријателство меѓу нас? Дали ќе бевме посреќни, позрели, помалку разгалени луѓе? Седам до прозорецот, го гледам небото и сфаќам дека го исцицавме и последниот атом енергија од јадрото. Во нас и околу нас. Како да е толку и нема веќе каде. Како да е буквално се` изгубено во неповрат.
Зошто никогаш не си легнувам на време кога треба рано да станам и после сум утепана цел ден зошто многу малку сум спиена? Добро е што сепак е петок, сепак некако се истурка и оваа недела.
За ништо немам волја, а многу работи за средување. Повеќето од нив што не го сакам или неможам сам да се натерам да ги сакам. Ех кога си бев мал...11,12,13...години
Првпат јадев сладолед годинава и се потсетив зашто уствари топлото време ми е омилено. Одмор, сладолед, секакви убави овошја, ладни пијалоци, коктели... Се е поубаво кога е топло времето.
Оној момент кога сфаќаш дека никој околу тебе не е суштински исполнет и среќен, а најверојатно не си ни ти, ама сеуште си стабилен и се држиш зошто во животот така треба. И затоа што знаеш дека си војник, и што нема да те скрши ќе те направи дупло појак, колку и во моментот да звучи како глупава семе синапово фраза.
Оној што ве оставил, не ве сакал вистински, а оној што не ве сакал вистински, не е вреден да жалите за него.
Омаловажување на сопствената нација од типот „брат, ние Македонците сме племе, сеа да бевме у Германија ова уште утре ќе се средеше!“ е ништо повеќе освен изговор да бидеш дел од тоа замислено „племе“, да си ја оправдаш сопствената недоблесност и да оставиш да функционира истото тоа „племе“, по принцип на self-accomplishing prophecy. Биди храбар и истерај го „племето“ од себеси, зашто кога ќе бидеш „у Германија“, пак ќе останеш „племе“, наместо да го гледаш светот како одење од една точка на земјината топка на друга, и комуникација меѓу луѓе, култури, материјални придобивки и идеи.
Никој и никако да се прифати дека сите имаме различни погледи на нештата. Не може сите да сакаме исти нешта ниту пак да сакаме ист простор. Ама никако ама баш никако да се прифати тоа.
Минатиот викенд бев слободна и излегов. Времето крш, дуваше ненормално, тмурно, заникаде, ич не ми се погоди. Овој викенд имам за учење и времето преубаво. Сонце, пријатно за шетање, а јас седам цел ден дома и учам. Ама ако поминам убаво на колоквиумите нема да ми е криво. Ова е непишано правило, кога имаш обврски и не може да шеташ, тогаш времето ќе се погоди преубаво.
Многу сакам кога машко ме моли пошто се прават фраери и курац ипол сите.А жена кога е у прашање, се витка кичма.Денов од грд погрд Некако смуртено ми е, ама во душата преубаво се осеќам.Мислам нешто добро ќе се деси