Живот да му се згади на човек од некои женишта по тие групите домаќински. Сликаат секакви рани и бараат совети. Докторите не се школувале за џабе
And again Monday. И пак не си легнав на време... Од сега си замислувам како се враќам дома кога ќе завршам со обврските и ќе си легнам да спијам.
Од разочарување на денов издвојувам тоа што дома купиле лиснато што изгледа превкусно, а кога го пробав внатре празно и невкусно. Изгледот лаже - food edition.
Го гледав видеото од убиството на Тот и се згрозив каков народ сме. Замислата ми беше дека е случено на темно место само двајца-тројца се на се, па девојката од клубот звонала на брза помош. Тоа да ти биле цела армија луѓе и сите СТОЈАТ МИРНО И ГЛЕДААТ. ГЛЕДААТ НИКОЈ НЕ СЕ МРДА Буквално неми посматрачи Еднаш-двапати некој отргна Другите само си седат како ништо да не е. А таа женската мава како да важи стопати удри еднаш број. Колку нечовечност треба да имаш во тебе да продолжиш со насилство врз човек кој беспомошно лежи на земја? На крај барем проверија изгледа имаше пулс (претпоставувам) и лежерно в такси си заминаа. Како ништо да е. СРАМОТА Се згрозив, да умираш на улица, да гледаат и никој да не ти помага Како спиете мирно? Спојлер: Ако сака некој да види што зборувам https://twitter.com/Realniot21/status/1513506181603639300
Толку научив да кријам дека сум под стрес и да се понашам опуштено пред другите што некогаш и сама заборавам. Fake it till you make it се покажа успешен метод.
Oној филинг кога почнува неделата и треба да излегуваш да се гледаш со луѓе, ама ти имаш добиено и се осеќаш ко подуена жаба пред пораѓај. Климакс чиче, се слушаме? Доаѓај побрзо, бркај Црвенава. Спремна сум, собери ме, а на подарок за вожња ќе ти ја дадам п*тката цела.
Јас не знам како е возможно да сонувам три сона и сите три да бидат толку страшни, до степен да не можам да се разбудам. Затоа,сега главоболка имам.
Мразам од дното на душата кога некој ме прави будала на здрав памет! Страшно е колку нелуѓе постојат на денешницава, да не знаеш кој следен ќе ти забоди нож во грб.
Колку е тажно кога си осамен и немаш со кого да прошеташ. Доаѓа и лето, немам со кого да одам на одмор. Проклета самотија, до кога ќе ме пратиш?
Не ја разбирам потребата да бидете толку дрски . Особено па и овде на форум. Што толку ви дава сатисфакција да навредите некој , да му се обратите дрско , да му го расипете денот на некого ?! И да, анонимен форум , не треба да не погодува мислењето од овде. Епа guess what ?! Сите сме од крв и месо,некои поотсетливи па им влијае туѓото мислење. Исто и со луѓето околу нас . Ама искрени биле и затоа се плескале во фаца. Не, не сте искрени туку сте невоспитани. Животот е толку суров . Бидете среќни ако на некој му го направите убав денот макар и со еден обичен гест, еден убав збор. Нема да ве убие тоа...
Ама ми е чудно одењето во маркет без маска. Цело време се осеќам како нешто да сум заборавила со мене. Или како да правам прекршок и во секој момент некој од некаде ќе ми викне "девојче, кај си влегла без маска, излегувај". Долго време ќе ни треба да го заборавиме "новото нормално" и да се вратиме на старо.
Пробувам да го слушам разумот, додека чувства ме обземаат. Како дојде до ова наеднаш, како гром од ведро небо? Дали сум ова јас? Соземи се, не се губи себеси, ќе помине, ќе биде океј, само диши.. Ќе биде...би сакала да си верувам на сопствените зборови..
Постојат вечери кои ги памтиш до крајот на животот, до 101 и назад, а минатата беше баш таква. Ај добро утро.
Ќе ги напуштам разговорите со сите овде освен со една членка, да не се чудите разговорот со мене ако ви го снема *ако ги снемува.Рутинско чистење на сандачето. Да не се деси нешто не дај Боже па да си чита некој.Да не мисли некој нешто, јас да си кажам.