Решив сите озборувачки поточно токсичните луѓе да ги избришам од инста бидејќи со рекла казала муабети ми прават проблеми и после имам анкциозност... во нив беше и газдарицата на козметичкото студио. Вчера бев на професионален козметичар само професионално да си завршам работа. Си заминав дома со две различни веѓи една тенка како во 2000 години а др дебела и куса . ОК
Колку власта се понижува сама себе, својата држава и својот народ, страшно. А таа е онаква каков што е и народот кој ја избрал, значи сме народ кој не се цени самиот себе, своите корени, својот идентитет. Жално и прежално е кога ја слушам химната, тие силни стихови веќе не ја опишуваат оваа земја, оваа Македонија што ја имаме сега.
Велики четврток. Ден пред најтажните настани во христијанството, а воедно и ден пред најсреќниот и најрадосен празник, празник на чудата, празник на животот. Велигден, најдобриот показател дека после тагата, страданието, болката, доаѓа слава, радост и секакви чуда. Најголема среќа е да се познава Бог, да сме соединети со Него во срцето свое и во душата.
Седев во дневната соба и дојде време за спиење идам во детската соба.Влегувам во собата, легнувам на креветот, гасам светло и одеднаш слушам звук од птици Моментално лежам и уживам во овој мир и спокој. Ваквите природни богатства се непроценливи! Зошто бе не ги цениме доволно?
Ги обожавам овие ноќни часови во кои не правам ништо и се релаксирам слушајќи музика. Мислам затоа ја сакам толку ноќта, мирна е и времето што го имам тогаш си го посветувам само за себе.
Е такви се овие времиња, кога ќе те намирисаат дека си успеала да се оствариш на повисоко ниво независно дали е тоа кариерно, материјално, духовно, буквално на секое поле што ти било како помлада најголем предизвик еве ги ти се појавуваат. никнуваат како печурки по дожд Па одма кај си ти, па ова па она, а сето тоа обрнато внимание, што тебе лично ти е непожелно, да ти е само изглумен восхит левел максимуН Ама такви се и овие времиња во кои јас сите вакви ги множам со 0 и сори ама нот сори за тоа. Едноставно сте си заслужиле кога требало да ве има ве немало покрај мене, ама сега мириса на комплетно остварена личност од која може да се изгребете за нешто, за некоја макар и најситничка услуга, а ако е покрупна услугата уште подобро за вас ситни душички па ај да си пробате со мене а?
една реплика од европски филм која ми остана во сеќавање, а можеби до некаде се пронајдов, кога чувствувам душевна и физичка болка јас сум најголемиот верник, а кога сум среќна и исполнета тогаш сум најголемиот атеист ….
Кога учев историја уште во основно се прашував зошто Македонскиот народ секогаш губел и имало толку предавници? Како пораснав ми се разјасни дилемата. Никогаш не сме сложни за ништо како народ. Пример се последните случувања. Кога протестираа доктори се плукаше по нив дека не знаеле ништо и не работеле, не заслужувале ништо. Сега кога штрајкуваат професори, пак исто. Никогаш нема поддршка за никого. Постојано се трудиме да угодиме на Грци, Бугари, странци, трчаме по некое ЕУ, НАТО се прифаќаме за другите, но за нашиот народ никогаш не се гледа подобро да му биде. Затоа од нас ништо никогаш нема да бидне, таков народ сме.
Ајде овие што пишуваат статуси ,, осетивте ли земјотрес?’’ ќе ги сфатам. Ама кога ќе прочитам некој статус ,, сега следуваат статуси за земјотрес’’ ми е најглупа ствар. Во покушај да испаднеме паметни дека не пишуваме ние статуси за земјотрес ама сепак пишуваат
Мало корисно објаснување за коректноста на христијанското поздравување, за време на Велигден. Или се вели „Христос воскресе“ и се одговара со „Во(а)истину воскресе“, (црковнословенски) Или се вели „Христос воскресна“ и се одговара со „Навистина воскресна“ (стандарден македонски) На „Христос воскресе“ да се одговори со „ „Вистина воскресе“ е аналогно на „Have a nice day“ да се одговори со „Фала, Have a nice day, и ти“. Да, може и така, но, звучи како подбивање, а претпоставувам повеќето луѓе не сакаат така да звучат, затоа што не се свесни за погорното. Им го честитам празникот на сите што го слават. За многу години!
Како и да е сепак моето аналитичко размислување работи одлично До сега се покажало дека за се што сум мислела дека е вистина. Тоа што на другите не им одговара кога ќе им кажам тоа е нивен проблем. А некои измислуваат работи кои божем мене не ми одговораат. Сепак не можат да претпостават толку добро како мене Како и да е ќе дојде еден ден ,,вистинските докази’’ да бидат црно на бело. Сега се лажеме како сакаме за да не ја кажеме вистината П.с Бајден работи одлично