Никогаш не ми било и нема да ми биде јасно зошто на ваков убав празник мора да има некој тврдокорен сељак што се пијанчи до бесвест, јаде трици за туѓи животи, ни едно божјо правило не знае а камо ли да почитува, ама умислен дека е вистински православен верник. Барем денес со чисти мисли и срце славете го Христовото Воскресение.
СДК Јас кога лажам не сум добра психички. Друг кога лаже тоа е сосем нормално и природно. А уште полошо е што кога се сомневаш тогаш си шизофреничар. АМА кога ќе фатиш некој во лага тогаш си дух и излегуваш кога другите спијат. И најлошото е кога други ти лепат некои дијагнози што си сигурен дека ги немаш или сепак те местат дека ги имаш тогаш тие се сметаат за интелегентни, за жал. Додека пак кога кажуваш некое ,, полесно’’ психичко боледување дека го имаш во кое се сомневаш најмногу тогаш другите се сомневаат дека лажеш. А тогаш тие што се сомневаат не се шизофреничари туку паметни луѓе кои не се наивни и не веруваат во сите ,,приказни’’. Заклучок: Бајден е одличен толкувач на стварите. Тоа што на вас ви пречи искреноста понекад е ваш проблем. А барате искреност од мене а ВИЕ не сте искрени.
Цела држава се жали дека нема пари, а сите се отидени некаде во странство, сите сликаат скапи јадења, постојано се излезени. Битно сме биле сиромашен народ. На инстаграм не изгледа баш така.
Да живее љубовта. Денот во кој гушкам, бакнувам и љубам е ден убав. Денот кога ја славам љубовта кон саканиот, кон уметноста, кон литературата, кон поезијата, кон луѓето што ме инспирираат, кон семејството кое набожно го сакам, кон Господ, кон пријателите, кон животот е ден за кој вреди да биде жив нарекувајќи се човек.
Многу ми е тешко после неколку дена одмор да се вратам во нормала после. Како утепана се осеќам првиот ден со нормални обврски.
Коа Гр пред сто год ни стави вето реков-да не се они, ќе беа бг што ќе ставеа вето. гр се реши. сеа циганиве ли бе? па уше без разлика на ванчо/иван дали ќе се отвори, тие уште имале услови и ново вето у јуни од нив сериозно од циганска рака си патиме ја да сум ќе речам, не фала ЕУ, на циганелава кејф да и праам нема шанси. кој се бре бг аљооо? Треба да си луд да свиткаш кичма пред нив
Камо да се родев во некое од оние општества каде луѓето се резервирани и ладни, токму како што ми се допаѓа. Раат живот ќе си имав од почеток, уживанција.
Колку и да се колнеш дека си искрен, најлошо е некој кога не ти верува. После ти стануваа сеедно и си играш мајтап зашто и онака не ти верува кога си бил искрен.
Панталони и сукњи што лани не можев над колено да ги протнам сега ги закопчувам. Самодовербата расте и тек ќе расте .
На внука ми и ветив пред неколку месеци дека ова лето ќе шетаме двете облечени по блузи со гол стомак, ама јас не би била јас, да не го прекршев ветувањето, на своја штета нели, и да не доцнев со слабеењето, јер како да се покаже гол стомак со салце и да, и ова лето нема да се носат блузи со гол стомак, ај ваљда ќе бидне наредно лето... Ама пак, од друга страна ми олесна, душата теткина ми вика:тета нема да носиме блузи со гол стомак, зборував со другарките, ќе настиниме и нема да имаме деца и така си најдов изговор за моето неуспешно 17789 слабеење по ред
После празников и гледање со разни луѓе и слушање разни муабети . Се чувствувам како некоја баба а не како да имам 27 години. Толку чудни погледи , чудни постапки... Чувствувам како да ми се потрошени батериите. Одморам но како да ми треба уште одмор.
Да имаше еден психички здрав психолог во државата, народот не би осеќал толкава стигма да ги сподели своите проблеми. Какви особи одбраа факултет по психологија, куче не би однела таму а не дете или возрасен човек.
Немам појма зашто и како ме снајде оваа експериментална фаза во животов ама уште сега сакам да прекине .
Никогаш нема да разберам зошто некој мисли дека другиот може да се мотивира преку навредување и омаловажување: ти си ваков и таков, ти не си доволно способен, ти не заслужуваш тоа и тоа, а очекуваат, во истовреме, тој да е способен, да заслужи или да не биде таков каков што замислиле. Како ќе има поинаква матрица на однесување тој што треба да се мотивира, ако не знае ништо друго освен тоа за што го обвинувате, и претпоставувате дека е таков како што не сакате, а не сте се ни обидела да го запознаете? Натурањето на ваквиот „систем на мотивирање“ не можам никако поинаку да го толкувам, освен како разочараност од самиот себе на тој што „мотивира“, неможност да го реализира тоа што самиот не успеал да го постигне во светот што нему му е познат, па, потоа го „проектира“ неуспехот на другиот и мисли дека преку неговото „мотивирање“ некако ќе компензира, и згора на тоа, не го проблематизира системот на вредности во кој тој самиот не успеал. Ова, особено, многу пати сум го видел, во односот меѓу родителите на децата. За некого да мотивирате потинцирајте ги неговите силни страни, разберете го неговиот „свет“, учете заедно со него, дајте пример како може да биде поинаку со внимание и љубов, насочете го таму каде што тој сака, откако ќе дознаете што го мотивира и кон што цели, направете да се почувствува дека е доволно способен тоа да го направи, без да го проблематизирате неговиот „свет“, и без да го натурате „вашиот“. Во случајот со вашите деца, ако тие ви се деца не значи дека тие вам ви припаѓаат, нужно мислат како вас, или пак дури дека „живеат во истиот свет“.
Интересно е да гледаш како им е криво на тие што сакале да те повредат, а не успеале Тоа уште повеќе ги повредува нив, а тоа е успех твој од тие што сакале штета да ти нанесат