На ова манијачиштава, изглеа само доколку ги пуштат да веслаат галии ќе им дојде памет. Машка популација, особено на овој дел од Балкан, е тотално испуштена од раце. Неопходно е превоспитување и принудна работа.
Ona koga prstot po greshka kje ti klikne unlike, a sram ti e povtorno da lajknesh... znachi deka e moment da si najdesh popametna rabota od skrolanje niz stari sodrzhini.
21 век сме кога на луѓето им одговара да ги прифаќаат само нивните идеи останатите иначе живееме во камено време
Цел ден се натегав да пратам три важни мејлови, и дури сега си се убедив. Во 22 часот Иде живот идем ја
Денес , после долго време, прв пат се изнасмеав, онака искрено, од срце, без вештачка (ради реда) насмевка. Се качив на мотор, и се возев без крајна цел, додека не го потрошив речиси целиот резервоар. Си купив нова кошула и патики. Се јавив кај неколку луѓе, исподоговорив кафиња и дружења. Доизбришав се што остана неизбришано. Поставив нови цели, нови задачи, смислив предизвици што ќе ме туркаат напред. Доста беше, време е да излезам од сивилото, од токсичните работи што ме убиваат. И точно знам како, а и умеам да го направам тоа... и веќе го правам. А на се ова ме потикна една мала, безначајна ситница... ете, толку фалело... И за крај на денот, малку пред полноќ, си го земав најубавиот бурек и се правам како прасе, јадејќи на хауба... и дури уживам и во тоа
Она кога утрински ќе си го потрошиш омилениот парфем, па се мачиш и тоа ептен малку што го има останато да го доискористиш зошто ти е омилен парфем и место на себе, на крај во воздух ќе го испрскаш парфемот.
Интересно е како размислуваат некои луѓе. Кога ќе им ги предочиш нивните с*ања мислат дека се извлекуваш од сопствените. А не ја сфаќаат твојата намера. Дека не сме нешто поразлични едни од други. Горе-доле еднакви сме сите во некои постапки. Освен тоа е cool кога ќе го изненадиш некој со твојата реакција. Како што очекува он да изреагираш ти. а ти го направиш обратното. Тоа чуство не се објаснува туку се доживува само
СДК дека правењето салата навечер и тоа седење дур ја јадам ми пружа едно такво задоволство што ич не ми е битно дали денот ми бил лош.
Постојано кажуваат изговори, а решение никаде на повидок. А, за други ќе го најдат во рок од 5 минути. #БалканскиЕкспертизам
Се ежам од „језа“, „кринџ ми е“, „нејсе“, „неможам“ и „незнам“, „високо на агендата“, „превзема“, „на крајот на денот“, „зема у предвид“, „чим“, „ради тоа е“., „прибидејќи“ „морално е“, „ќе ве молам“, „упаљач“, „посекако“, „пеер“ и „брат“ (по секоја реченица), „иам“ и „неам“, „тоа ме дирнува“, „можда“, „епа, сеа“, „дешавка“, „на факс“, „тачно“, „данке„ и„ бите“, „у право си“, „сваќам“, „све“, „ти текиња?“,, „некад“ и „секад“, „зашо?“ и „пошто“, „иначе“, „те поштувам“, „пич си ми“, „имај убав ден“!
Чудно како луѓето си се сметаат себеси за најпаметни за сите работи и како те убедуваат дека не смееш да си во право ако не размислуваш како нив и не смееш да имаш различно мислење кое не е одобрено од ни користејќи методи на она што сметаат дека е омаловажување и понижување, иако тоа зборува за нив дека се несигурни во она што го мислат, однесувајќи се како силеџии и мали деца. Да ми беше грижа што мислат и зборуваат за мене, немаше да скокнам во река. Ќе ги фрлев нив.
Онлајн шопинг е измислен од рајот. Да не мора да губиш саати барајќи нешто по продавница, со еден клик и слика си одбираш шо ти се свиѓа. Колку време само заштедувам вака.
Не можам да опишам која језа ме фаќа од сабајле, као некој камен на срце да имам. Иам некоја тежина и не знам од шо е. Уствари знам. И кринџ ме јади ко ќе ми текни. Ама тое. Симам еден симпатија, ме симпа, ама треба да зема во предвид дека сум со комитмент ијшуз пошто никако немом да се опуштам. Па од ко ми рече "маче идам", евенезнам како ќе имам убав ден пак. Прибидејќи сакам флерт ама ко ќе некој стани сериозен ме плаши. Ми иди да му речам "брат олабај, лажи ме малку побрзо ќе стигниш". Бааѓи ме дирнува ситуацијата ама тое. Доста баблам. Имајте убав ден. Тудлс.
Излагам надвор и што да се очекува во сред двор, скари цела населба мора да мириса на мртви заклани животни, затоа што е 1 мај, усвет, страшно! Идам да се селам со мечките во планина